Тотално погрешна перцепција имаш.
Во кафиќ се иде за кафе, демек. Тоа на запад, во "развиените" земји. Кај нас кафиќите се за дење и ноќе, ама дење за кафе, навечер за турбо-фолк и остали упциз-дупциз чкарт музичиња, придружени со коктели и пиво. Овие локалчиња вешто ги избегаваат младиќи кои земаат 3литра вино за 120-че (може и поскапело, одамна немам купувано такво) од локална продавница и седење у парк по групи.
Овде, поради густината на застапеност на лица по метар квадратен и со оглед на нашите локали и нивната вентилација која никаде не е по прописи, како и други неправилности (поради кои треба да се затворат едно 80% од нив) не оправдувам чадење на малолетници кои би се затекнале по некоја несреќна околност внатре.