Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Пошто во Холандија е легална марихуаната дали тоа значи дека по дифолт во сите локали се пуши или има посебни места?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Прво, кој МИТ за пасивно пушење? Докажано е дека во чадот на цигарите има 4 пати повеќе канцерогени и отровни супстанци отколку во чадот кој го вдишуваат директно пушачите. Исто така, загаденоста на воздух во затворени зачадени простории е поголема отколку да дишеш покрај преполн автопат. Докажано. Измерено. Потврдено со факти. Не е мит.
Себично е кога имаш можност да искочиш и да "упражњаваш" самоубиствена активност, ти тоа да го правиш внатре и да гушиш и убиваш уште n други луѓе кои несреќно избрале да седат со тебе во иста просторија.
Значи, за себе правете си што сакате, запалете 20 цигари одеднаш, ама на само, не кај што гушите други луѓе.
Ако се воведе закон со кој треба локалот да се одреди дали ќе биде за пушачи, сите локали со желба да заработат одма ќе се префрлат заради бројот на пушачи во нашево "развиено" општество и вака-така пак непушачите ќе бидат оставени без избор.
А, за загадувањето што упорно се коментира - дали кога веќе е така загадено мислите дека е соодветно дополнително сами да си го зголемувате ризикот? Као, куќава и онака веќе гори, чекај да истурам уште една канта бензин? Не ја гледам логиката, ајде тогаш да земеме коцка ураниум со кафето, уште побрзо да се утепаме! :coffee:
Мит е.
Сакаш да кажеш дека ако лично го вовлекуваш чадот е 4 пати помалку ризично отколку некој кој седи во близина?

Нема никакви докази.

The truth is that the dozens of studies conducted around the world over the past 25 years fail spectacularly to yield any reliably stable, uniform or statistically significant link between lifetime exposure to environmental tobacco smoke and lung cancer in non-smokers.

"We must keep constantly in mind that the 'evidence' on passive smoking is based on nothing more substantial than estimates, guesswork, subjective recollections and even gossip."
http://news.bbc.co.uk/2/hi/health/4489463.stm

In March 1998 the World Health Organisation was forced to admit that the results of a seven-year study (the largest of its kind) into the link between passive smoking and lung cancer were not “statistically significant”. This is because the risk of a non-smoker getting lung cancer had been estimated at 0.01%. According to WHO, non-smokers are subjecting themselves to an increased risk of 16-17% if they consistently breathe other people’s tobacco smoke. This may sound alarming, but an increase of 16-17% on 0.01 is so small that, in most people’s eyes, it is no risk at all.
http://www.forestonline.org/output/Passive-Smoking.aspx

Ги фатија на дело дека лажат и штелуваат инфо, исто како и со човечкото глобалното затоплување, тотално ненаучни лични интерпретации далеку од дадените експериментални резултати.Готово е.Фатени се во лага,џабе да дискутираме.

Нема апсолутно никаков научно валиден, надвор од интересни групи и лобирања доказ околу “пасивното“ пушење.
Твоето тврдење не е потркепено со ништо,кој тоа докажал,каде,кои студии...

Самоубиствена активност?
Се читаш што пишуваш?
На места на кои се лока алкохол?

Дали гледаш или не логика,тоа не го менува фактот дека одењето на места на кои се пие не е задолжителна туку доборовлна активност.
Никој не те тера да одиш на такви места.
Ако си за здрав живот нема ни да одиш по такви места,да висиш до 1 по полноќ или по клубови до 4-5 колку и да им е работното време и да пиеш алкохол,туку ќе си легнеш кај 22.00,ќе си станеш рано, сокќето од моркофче, витаминчињата, трчкарање наоколу и слично...хелти лајфстајл...
Забрана за пушење да, но не и за места на кои се пие алкохол бидејќи е ефтино лицемерие и ја руши традицијата на социјализација на места перцепирани “за забава“ која е стара со генерации и генерации.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575

Ти кога пиеш алкохол не ме присилуваш мене да пијам алкохол, туку сам си го пиеш. Кога пушиш цигара гнасниот чад се шири насекаде и не може да се избегне.
Малоумноста на секојдневно пијанчење нема да ја коментирам, друга тема е и има здравствени предупредувања и за тоа.
Ако јас водам здрав живот зошто да не излезам и да се напијам една чаша алкохол (која нема штетно влијание врз моето здравје) еднаш неделно и да се задржам до 1 саат, или 4-5, без разлика, без да дишам чад?
И, да, пушењето цигари Е самоубиствена активност.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Како така? Речиси сите пушачи умираат од природна смрт, а има доста непушачи самоубијци :(
Свесно си предизвикуваш смртоносни болести. 7/10 пушачи добиваат рак предизвикан од генетските мутации кои ги предизвикуваат цигарите или подеднакво смртоносни и неизлечиви болести. Ако тоа е природна смрт, тогаш да речеме дека не е самоубиствена активност пушењето :smir:
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Митот за пасивно пушење...

Не знам каде гледаш себичност.
Клиент е клиент.
Тој влегува на местата кои општо се перцепираат како места за забава за да се - забавува (без да навлегуваме во валидноста на понуденото, друга тема е..:) ) со што автоматски има право на легални производи, алкохол и цигари.
Не е во здравјето туку во “сметањето“...
Е сега и алкохолот смета.Некому смета шо некој по 3-4 пива почнува со муабет “не ме знаеш кој сум јас бе“, друг ти јади џигери со некое срање шо му дошло во умот во пијана состојба, некој ти базди на ракија или пиво, некој се обидува да е смешен, друг бара наоколу кој го погледнал накриво,трет бара тел.број на келнерката по седми пат и слично.
На една маса,социјализирањето бара пиење алкохол од сите или скоро сите.
Праиме муабет за кафана,паб,клуб,дискотека,пивница на кои тоа им е основата.
Сето тоа смета.
Но свесното и доброволно одење на такви места ги носи тие ризици, како и ризикот да му смета чадот од цигари.
Никој не е принуден да оди на такви места.

Со сегашните закони пушачот на цигари е диксриминиран во однос на пијачот на алкохол, две дејности кои се нездрави сами по себе, но едната нашла место во легислативата како посебна, иако митот за пасивно пушење е сличен со оној за глобалното затоплување како последица на човечки фактор.
И пијачот на алкохол не треба да е себичен ако ја следиме таа логика туку да си пие надвор,да не ги замара присутните со своето пијанство или поднапиеност,баздење или заглавување пола саат во вц каде повраќа.

Зошто пијачот на алкохол да не направи 10 чекори?

Едниствено решение е сегрегација и секој со своето.
Сарказмот ти го разбирам јас, ама смешна е споредбата. Јасно е ко ден дека не ги носат алкохолот и цигарите истите индирекни последици т.е. пијачот не создава таков дискомфорт и не наштетува на здравјето на тие околу него како шо то го прај пушачот. Е сеа можи да реторизираме ние до утре, ама за мали деца муабет ќе прајме, ти ќе ме убедваш дека секој алкохолизиран чоек е психички растроен и џабе ќе вергламе до утре.

Шо се однесува до политичката реторика на чичко Lurtz проѕирна и досадна и максимално надвор од темата. И милион други работи да загадуваат, секое од нив има различно решение. Разбираш сега ти РАЗЛИЧНО!! Без разлика на интензитетот, ако кое и да било загадување може да се реши со неколку направени дополнителни чекори ДАЛИ ТОА ЌЕ ТИ СМЕТА? Или за пуфки си да продаваш тука со АБЦ другар ти од штабот.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.939
Поени од реакции
12.525
Свесно си предизвикуваш смртоносни болести. 7/10 пушачи добиваат рак предизвикан од генетските мутации кои ги предизвикуваат цигарите или подеднакво смртоносни и неизлечиви болести. Ако тоа е природна смрт, тогаш да речеме дека не е самоубиствена активност пушењето :smir:
Да, иначе замисли ќе живеевме со орлите...
 
Не создава дискомфорт алкохолот?
Абе остај тие работи, во група од 5-6 души еден двајца мора да ти јадат џигери со некое срање...
Таква супстанца е ја менува перцепцијата...

Не е смешна туку валидна, никаде не викам дека сите шо пијат биле психички растроени ниту има некаква основа нешто такво да се каже.Но не може да се негираат напишаните работи бидејќи се реалност која се случува насекаде каде што се оди ради алкохол поради социјализација,забава или чисто да се напие некој пошто така му дошло,мотивацијата е небитна.
Митот за пасивно пушење настрана како и другите митови, реалноста ако сме искрени е во тоа што чадот и мирисот некому сметаат.Некому е сеедно, некому воопшто не му смета.Исто како и со наведените ситуации кои произлегуваат од алкохолот на истите места.
До перцепцијата е.
А и која е смислата на биртија, култни места како „Јагода„ на пример, без карирани чаршафи изгорени од цигари, флеки од зејтин и инвентар од времето на другарот Кардељ...:pos2: без чадот тутунски...некако стерилно делува...
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Прво, кој МИТ за пасивно пушење? Докажано е дека во чадот на цигарите има 4 пати повеќе канцерогени и отровни супстанци отколку во чадот кој го вдишуваат директно пушачите. Исто така, загаденоста на воздух во затворени зачадени простории е поголема отколку да дишеш покрај преполн автопат. Докажано. Измерено. Потврдено со факти. Не е мит.
Ако добро те разбрав, димот од цигарата што го ВДИШУВАМ има 4 ПАТИ ПОМАЛКУ канцерогени и отровни супстанци од димот што го ИЗДИШУВАМ.
Пошто пасивното пушење значи дишење на димот што сум го обработил тогаш значи разликата јас ја произведувам при издишување.
Значи ли тоа дека и НЕШУШАЧ произведува канцерогени и отровни супстанци, ама во помал процент.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Свесно си предизвикуваш смртоносни болести. 7/10 пушачи добиваат рак предизвикан од генетските мутации кои ги предизвикуваат цигарите или подеднакво смртоносни и неизлечиви болести. Ако тоа е природна смрт, тогаш да речеме дека не е самоубиствена активност пушењето :smir:
Пишав две - три страни поназад. И ти свесно предизвикуваш кај себе смртоносна болест со тоа што живееш во урбана средина а не некаде на планина поради фактот дека издувните гасови се многу поопасни од цигарите.
И, превземаш нешто за да го смениш тоа?
Надвор шеташ со гас - маска на лице? Не излагаш од дома?
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Не е смешна туку валидна, никаде не викам дека сите шо пијат биле психички растроени ниту има некаква основа нешто такво да се каже.Но не може да се негираат напишаните работи бидејќи се реалност која се случува насекаде каде што се оди ради алкохол поради социјализација,забава или чисто да се напие некој пошто така му дошло,мотивацијата е небитна.
Митот за пасивно пушење настрана како и другите митови, реалноста ако сме искрени е во тоа што чадот и мирисот некому сметаат.Некому е сеедно, некому воопшто не му смета.Исто како и со наведените ситуации кои произлегуваат од алкохолот на истите места.
До перцепцијата е.
А и која е смислата на биртија, култни места како „Јагода„ на пример, без карирани чаршафи изгорени од цигари, флеки од зејтин и инвентар од времето на другарот Кардељ...:pos2: без чадот тутунски...некако стерилно делува...
За реалната штета која ја причинува пасивното пушење не разговарам, зошто според мене влијанијата се горе долу занемарливи. Не сум хипохондрик и не ми смета чадот поради некој канцерогени хистерии, едноставно ме иритира, исто ко на пример некој да ти прди пред тебе во автобус континуирано.

И мене ми недостига пушење со кафе седнат културно на маса кај шо реално и не смета баш многу, ама во ноќен клуб беше неподносливо, значи немам зборој да опишам колку е сега попријатно. А социјализацијата не се промени воопшто, без или со цигара, рестораните, кафичите, дискотеките пак се полни. А колку е голема жртвата шо ја прат моментално пушачите е дискутабилно, мене лично не ми смета да излезам на цигара, ем муабетче надвор се разбива монотонија, ем убавина внатре не ми солзат очите од чад.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Свесно си предизвикуваш смртоносни болести. 7/10 пушачи добиваат рак предизвикан од генетските мутации кои ги предизвикуваат цигарите или подеднакво смртоносни и неизлечиви болести.
Според кои информации? Каде го прочита ова? :)

Ова ме потсеќа на она со атеистите - секогаш знаат повеќе за Господ од верниците : )))
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Значи лани воа време, Vanlok тупеше во одбрана на законот, ваа година читам 2-3 од кои еден тврде дека е пушач, али му смета димот!!!. Ако се прошета по темите на форумов, а и на грото други форуми, секогаш има по некој што тупи до даска од чист инат. Ај и јас повторно да потупам.
Тезата дека ако се даде право локалот сам да одлучи дали ќе биде за пушачи или непушачи, сите ќе станеле пушачки, се решава на повеќе начини по мое:
Ако сака да биде локалот пушачки да располага со соодветна машинерија за прочистување на воздухот, па пошто таа инвестиција ќе биде плус трошок некои локали ќе станат непушачки.
Ако се замрзне ситуација во градот, во смисла колку места има во локалите и ако проценката е дека кај нас на пример се пушачи:непушачи - 60:40 нека се дават лиценци со тој сооднос на локалите, значи 60:40. На пример ако у Неготино има 10 кафиќи со капацитет 500 гости (секој по 50) 6 од нив би добиле право да бидат пушачки. Ако не можат сами да се договорат може и лотарија да се организира.
Реалноста барем кај мене е следна: кафиќите се уплашени или помалку финансиски моќни па не дават да се пуши во нив. Соодветно на тоа дополнително им е паднат прометот што го гледав во живо летово кога терасите пеа полни, и до последното шо можеше да се поднесе седевме надвор. Внатре не помислувам да влезам. Ресторантите каде што одат големците на репрезентации и не помислуват да бранат оти отидоа гостите. Прошлава година беше смешно на свадбите, пола гости на оро, пола надвор со пијачките, масите празни.
 
Е тебе инат сите ти тераме. Не разбирам како можи да е толку чудно на некој да му смета претерано зачадена просторија, единствено шо има логика да е чудно да не ти смета истата. Прашањето е дали како пушач сум спремен да го инхалирам сечиј чад за да уживам во цигара, не фала другарче јас ќе си одлучам кога и колку цигари ќе испушам. Немам зошто да се инаетам со никој, едноставно мене ми одговара законот, според мои стандарди е исправен. Универзална вистина шо се однесува до ова прашање нема, така да до утре можи да се брчи.

А и секаде по светот е тренд да се забранува пушењето во затворен простор, во Италија бев скоро е забрането, во САД скоро во сите соединети држави е забрането, ретко каде е дозволено и прашање а време е кога ќе се забрани насекаде, освен Невада каде развратот е заштитен знак.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Пишав две - три страни поназад. И ти свесно предизвикуваш кај себе смртоносна болест со тоа што живееш во урбана средина а не некаде на планина поради фактот дека издувните гасови се многу поопасни од цигарите.
И, превземаш нешто за да го смениш тоа?
Надвор шеташ со гас - маска на лице? Не излагаш од дома?
Епа и јас пишав претходно, ако веќе живееме во загадена средина зошто дополнително да се труеме?
Тоа е моментот што не можам да ви го сфатам на сите што упорно се држите до таа теза.
Повеќето од пушачите се убедени дека сите статистики се невалидни и дека нив ништо не може да им се случи се' до моментот кога ќе ги стрефи нешто.
Ама ај нека ви биде, натнете си цигара и продолжете си, во моментов непушачите, за среќа, се заштитени од туѓата глупост.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom