Мит е.Прво, кој МИТ за пасивно пушење? Докажано е дека во чадот на цигарите има 4 пати повеќе канцерогени и отровни супстанци отколку во чадот кој го вдишуваат директно пушачите. Исто така, загаденоста на воздух во затворени зачадени простории е поголема отколку да дишеш покрај преполн автопат. Докажано. Измерено. Потврдено со факти. Не е мит.
Себично е кога имаш можност да искочиш и да "упражњаваш" самоубиствена активност, ти тоа да го правиш внатре и да гушиш и убиваш уште n други луѓе кои несреќно избрале да седат со тебе во иста просторија.
Значи, за себе правете си што сакате, запалете 20 цигари одеднаш, ама на само, не кај што гушите други луѓе.
Ако се воведе закон со кој треба локалот да се одреди дали ќе биде за пушачи, сите локали со желба да заработат одма ќе се префрлат заради бројот на пушачи во нашево "развиено" општество и вака-така пак непушачите ќе бидат оставени без избор.
А, за загадувањето што упорно се коментира - дали кога веќе е така загадено мислите дека е соодветно дополнително сами да си го зголемувате ризикот? Као, куќава и онака веќе гори, чекај да истурам уште една канта бензин? Не ја гледам логиката, ајде тогаш да земеме коцка ураниум со кафето, уште побрзо да се утепаме!
http://news.bbc.co.uk/2/hi/health/4489463.stmThe truth is that the dozens of studies conducted around the world over the past 25 years fail spectacularly to yield any reliably stable, uniform or statistically significant link between lifetime exposure to environmental tobacco smoke and lung cancer in non-smokers.
"We must keep constantly in mind that the 'evidence' on passive smoking is based on nothing more substantial than estimates, guesswork, subjective recollections and even gossip."
http://www.forestonline.org/output/Passive-Smoking.aspxIn March 1998 the World Health Organisation was forced to admit that the results of a seven-year study (the largest of its kind) into the link between passive smoking and lung cancer were not “statistically significant”. This is because the risk of a non-smoker getting lung cancer had been estimated at 0.01%. According to WHO, non-smokers are subjecting themselves to an increased risk of 16-17% if they consistently breathe other people’s tobacco smoke. This may sound alarming, but an increase of 16-17% on 0.01 is so small that, in most people’s eyes, it is no risk at all.
Ти кога пиеш алкохол не ме присилуваш мене да пијам алкохол, туку сам си го пиеш. Кога пушиш цигара гнасниот чад се шири насекаде и не може да се избегне.Самоубиствена активност?
Се читаш што пишуваш?
На места на кои се лока алкохол?
Дали гледаш или не логика,тоа не го менува фактот дека одењето на места на кои се пие не е задолжителна туку доборовлна активност.
Никој не те тера да одиш на такви места.
Ако си за здрав живот нема ни да одиш по такви места,да висиш до 1 по полноќ или по клубови до 4-5 колку и да им е работното време и да пиеш алкохол,туку ќе си легнеш кај 22.00,ќе си станеш рано, сокќето од моркофче, витаминчињата, трчкарање наоколу и слично...хелти лајфстајл...
Забрана за пушење да, но не и за места на кои се пие алкохол бидејќи е ефтино лицемерие и ја руши традицијата на социјализација на места перцепирани “за забава“ која е стара со генерации и генерации.
Како така? Речиси сите пушачи умираат од природна смрт, а има доста непушачи самоубијциИ, да, пушењето цигари Е самоубиствена активност.
Свесно си предизвикуваш смртоносни болести. 7/10 пушачи добиваат рак предизвикан од генетските мутации кои ги предизвикуваат цигарите или подеднакво смртоносни и неизлечиви болести. Ако тоа е природна смрт, тогаш да речеме дека не е самоубиствена активност пушењето :smir:Како така? Речиси сите пушачи умираат од природна смрт, а има доста непушачи самоубијци
Сарказмот ти го разбирам јас, ама смешна е споредбата. Јасно е ко ден дека не ги носат алкохолот и цигарите истите индирекни последици т.е. пијачот не создава таков дискомфорт и не наштетува на здравјето на тие околу него како шо то го прај пушачот. Е сеа можи да реторизираме ние до утре, ама за мали деца муабет ќе прајме, ти ќе ме убедваш дека секој алкохолизиран чоек е психички растроен и џабе ќе вергламе до утре.Митот за пасивно пушење...
Не знам каде гледаш себичност.
Клиент е клиент.
Тој влегува на местата кои општо се перцепираат како места за забава за да се - забавува (без да навлегуваме во валидноста на понуденото, друга тема е.. ) со што автоматски има право на легални производи, алкохол и цигари.
Не е во здравјето туку во “сметањето“...
Е сега и алкохолот смета.Некому смета шо некој по 3-4 пива почнува со муабет “не ме знаеш кој сум јас бе“, друг ти јади џигери со некое срање шо му дошло во умот во пијана состојба, некој ти базди на ракија или пиво, некој се обидува да е смешен, друг бара наоколу кој го погледнал накриво,трет бара тел.број на келнерката по седми пат и слично.
На една маса,социјализирањето бара пиење алкохол од сите или скоро сите.
Праиме муабет за кафана,паб,клуб,дискотека,пивница на кои тоа им е основата.
Сето тоа смета.
Но свесното и доброволно одење на такви места ги носи тие ризици, како и ризикот да му смета чадот од цигари.
Никој не е принуден да оди на такви места.
Со сегашните закони пушачот на цигари е диксриминиран во однос на пијачот на алкохол, две дејности кои се нездрави сами по себе, но едната нашла место во легислативата како посебна, иако митот за пасивно пушење е сличен со оној за глобалното затоплување како последица на човечки фактор.
И пијачот на алкохол не треба да е себичен ако ја следиме таа логика туку да си пие надвор,да не ги замара присутните со своето пијанство или поднапиеност,баздење или заглавување пола саат во вц каде повраќа.
Зошто пијачот на алкохол да не направи 10 чекори?
Едниствено решение е сегрегација и секој со своето.
Да, иначе замисли ќе живеевме со орлите...Свесно си предизвикуваш смртоносни болести. 7/10 пушачи добиваат рак предизвикан од генетските мутации кои ги предизвикуваат цигарите или подеднакво смртоносни и неизлечиви болести. Ако тоа е природна смрт, тогаш да речеме дека не е самоубиствена активност пушењето :smir:
Не создава дискомфорт алкохолот?Сарказмот ти го разбирам јас, ама смешна е споредбата. Јасно е ко ден дека не ги носат алкохолот и цигарите истите индирекни последици т.е. пијачот не создава таков дискомфорт и не наштетува на здравјето на тие околу него како шо то го прај пушачот. Е сеа можи да реторизираме ние до утре, ама за мали деца муабет ќе прајме, ти ќе ме убедваш дека секој алкохолизиран чоек е психички растроен и џабе ќе вергламе до утре.
Шо се однесува до политичката реторика на чичко Lurtz проѕирна и досадна и максимално надвор од темата. И милион други работи да загадуваат, секое од нив има различно решение. Разбираш сега ти РАЗЛИЧНО!! Без разлика на интензитетот, ако кое и да било загадување може да се реши со неколку направени дополнителни чекори ДАЛИ ТОА ЌЕ ТИ СМЕТА? Или за пуфки си да продаваш тука со АБЦ другар ти од штабот.
Ако добро те разбрав, димот од цигарата што го ВДИШУВАМ има 4 ПАТИ ПОМАЛКУ канцерогени и отровни супстанци од димот што го ИЗДИШУВАМ.Прво, кој МИТ за пасивно пушење? Докажано е дека во чадот на цигарите има 4 пати повеќе канцерогени и отровни супстанци отколку во чадот кој го вдишуваат директно пушачите. Исто така, загаденоста на воздух во затворени зачадени простории е поголема отколку да дишеш покрај преполн автопат. Докажано. Измерено. Потврдено со факти. Не е мит.
Пишав две - три страни поназад. И ти свесно предизвикуваш кај себе смртоносна болест со тоа што живееш во урбана средина а не некаде на планина поради фактот дека издувните гасови се многу поопасни од цигарите.Свесно си предизвикуваш смртоносни болести. 7/10 пушачи добиваат рак предизвикан од генетските мутации кои ги предизвикуваат цигарите или подеднакво смртоносни и неизлечиви болести. Ако тоа е природна смрт, тогаш да речеме дека не е самоубиствена активност пушењето :smir:
За реалната штета која ја причинува пасивното пушење не разговарам, зошто според мене влијанијата се горе долу занемарливи. Не сум хипохондрик и не ми смета чадот поради некој канцерогени хистерии, едноставно ме иритира, исто ко на пример некој да ти прди пред тебе во автобус континуирано.Не е смешна туку валидна, никаде не викам дека сите шо пијат биле психички растроени ниту има некаква основа нешто такво да се каже.Но не може да се негираат напишаните работи бидејќи се реалност која се случува насекаде каде што се оди ради алкохол поради социјализација,забава или чисто да се напие некој пошто така му дошло,мотивацијата е небитна.
Митот за пасивно пушење настрана како и другите митови, реалноста ако сме искрени е во тоа што чадот и мирисот некому сметаат.Некому е сеедно, некому воопшто не му смета.Исто како и со наведените ситуации кои произлегуваат од алкохолот на истите места.
До перцепцијата е.
А и која е смислата на биртија, култни места како „Јагода„ на пример, без карирани чаршафи изгорени од цигари, флеки од зејтин и инвентар од времето на другарот Кардељ...:pos2: без чадот тутунски...некако стерилно делува...
Според кои информации? Каде го прочита ова?Свесно си предизвикуваш смртоносни болести. 7/10 пушачи добиваат рак предизвикан од генетските мутации кои ги предизвикуваат цигарите или подеднакво смртоносни и неизлечиви болести.
Е тебе инат сите ти тераме. Не разбирам како можи да е толку чудно на некој да му смета претерано зачадена просторија, единствено шо има логика да е чудно да не ти смета истата. Прашањето е дали како пушач сум спремен да го инхалирам сечиј чад за да уживам во цигара, не фала другарче јас ќе си одлучам кога и колку цигари ќе испушам. Немам зошто да се инаетам со никој, едноставно мене ми одговара законот, според мои стандарди е исправен. Универзална вистина шо се однесува до ова прашање нема, така да до утре можи да се брчи.Значи лани воа време, Vanlok тупеше во одбрана на законот, ваа година читам 2-3 од кои еден тврде дека е пушач, али му смета димот!!!. Ако се прошета по темите на форумов, а и на грото други форуми, секогаш има по некој што тупи до даска од чист инат. Ај и јас повторно да потупам.
Тезата дека ако се даде право локалот сам да одлучи дали ќе биде за пушачи или непушачи, сите ќе станеле пушачки, се решава на повеќе начини по мое:
Ако сака да биде локалот пушачки да располага со соодветна машинерија за прочистување на воздухот, па пошто таа инвестиција ќе биде плус трошок некои локали ќе станат непушачки.
Ако се замрзне ситуација во градот, во смисла колку места има во локалите и ако проценката е дека кај нас на пример се пушачи:непушачи - 60:40 нека се дават лиценци со тој сооднос на локалите, значи 60:40. На пример ако у Неготино има 10 кафиќи со капацитет 500 гости (секој по 50) 6 од нив би добиле право да бидат пушачки. Ако не можат сами да се договорат може и лотарија да се организира.
Реалноста барем кај мене е следна: кафиќите се уплашени или помалку финансиски моќни па не дават да се пуши во нив. Соодветно на тоа дополнително им е паднат прометот што го гледав во живо летово кога терасите пеа полни, и до последното шо можеше да се поднесе седевме надвор. Внатре не помислувам да влезам. Ресторантите каде што одат големците на репрезентации и не помислуват да бранат оти отидоа гостите. Прошлава година беше смешно на свадбите, пола гости на оро, пола надвор со пијачките, масите празни.
Епа и јас пишав претходно, ако веќе живееме во загадена средина зошто дополнително да се труеме?Пишав две - три страни поназад. И ти свесно предизвикуваш кај себе смртоносна болест со тоа што живееш во урбана средина а не некаде на планина поради фактот дека издувните гасови се многу поопасни од цигарите.
И, превземаш нешто за да го смениш тоа?
Надвор шеташ со гас - маска на лице? Не излагаш од дома?