Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
непушач сум веќе 4 месеци па не ми пречи да седнам со пријателите на по некоја чашка...
 
Еден тон, ама тоа била новата генерација квалификувани работници. Тие од старата генерација кои не успеале да се преквалификуваат си останале на улица со прстот в уста.
Што ќе се случи со производството на тутун? Очигледно е дека ќе се намали поради и намаленото купување на готовиот производ. Знаеш колку тутунари ќе изгубат од тоа?

Сакам да кажам дека ме боли за угостителите. Ко демек воздух и вода произведуваат? Или нека се прилагодат или нека се преквалификуваат.
И мене ме боли за тие шо останале тогаш без работа.
Проблемот е економијата. Тогаш имала подем технолошката индсутрија, а губела во подем работната рака. Сега нема никаков подем во друга област, туку само се намалува заработувачката на угоститетлските објекти. Нема баланс или зголемување на буџетот, туку само намалување.
 
Епа тогаш со кое лице зборуваат дека е ова добро за граѓаните и нивното здравје? Сакаш стоп на цигари,бујрум стопирај,имаат власт имаат се,аман од популизам.
Значи неможе да забраниш пушење а да дозволиш цигари од 40 денари.А како ќе се преорентираат граѓаните од цигари на друго нешто,тоа сите го знаеме,можност од нус појави :)
Факт-заштита на здравје и овој закон немаат апсолутна никаква допирна точка...
Со кое лице Ти велиш дека отсуството на димот од чигари во јавни простории не е здраво? Баш тоа отсуство на дим е во директна врска со заштитата на здравјето и ја прави твојата последна цитирана реченица смешна.

Ова е дури и поопасно. Гледам луѓе како искачаат од зграда и пушат по 2-3 одеднаш. Кога пушат вовлекуваат длабоко (надевајќи се дека ќе ги држи повеќе....
Многу деца кои не запалиле, многу народ има отидено од овие болести кои се препишуваат најмногу на тутунот. Доста и мои познати, кои немаат дома ниту една запалено се имаат разболувано или умирано од канцер, срцеви болести...но горе кровот ни е азбестен, јадеме храна непроверена, користиме се и сешто без никакви контроли од соодветните органи...јбг.

Маја почина, она другото дете почина...ај бе со тоа штети цигарата, ние се грижиме за здравјето, објаснете им го тоа на овие деца (кои сеуште се живи)...

Исто лошо као и апстиненција од цигара. Имаше скоро податоци за големината на штетата кога пушачот оди неголи кога стои...пак е до капацитетот на инхалација (повеќе вдишува кога се движи) и внесот на оние опасни материи.
Кога зборуваш за пушачи, зборуваш за оние што сами ја прифатиле штетата по сопственото здравје.
Според тоа како јас го гледам законот, негова примарна цел е заштита од пасивно пушење.

Сето тоа што го наведуваш погоре од аспект на двојните аршини, лицемерноста и лошите еколошки (или општи) услови за живот се помалку или повеќе точни. Проблемот е што сето тоа го наведуваш во служба на одбрана на право директно да им се наштетува на други, што целиот пост ти го прави лицемерен.
Велиш „објаснете им го тоа на децата...„? Пробај објасни им Ти како тоа димот што инсистираш да им го дуваш во лице е добар за нив?

А дали законот го бранеле сдсм или на сдсм брат му мене ме заб*ле.Едните вртат,другите вртат,земјата и народот ни е во г*мна.
Тука се согласуваме. Исти се и едните и другите (од аспект на фактот дека политика и етика се често дијаметрално спротивни). И да беа на обратни позиции сега пак истите работи ќе ги слушавме, само од други говорници.

Тутунот (и пасивното пушење) одсекогаш биле штетни но пушењето е од дамнешен датум и се уште се широко прифатени старите (игнорантски) сфаќања. Сега кога конечно светот ги согледува и обзнанува штетите, потребни се промени. Промени кои на некои сега се болни ама промени кои се неопходни.
 
Што ќе се случи со производството на тутун? Очигледно е дека ќе се намали поради и намаленото купување на готовиот производ. Знаеш колку тутунари ќе изгубат од тоа?
кажав неколку постови погоре брат дека тутунот може да има и други намени кога веќе толку е тоа проблем а е затоа што многу фамилии и живеат од производство на тутун тутунот може да се користи за добивање на лекови(место за отров) за добивање на електрична енергија и алтернативни горива така да ако државата е паметна ќе го зголеми произвотството и ќе го употребува за тоа што го напоменав погоре.
 
А дали е државата паметна?
Прво нека го пренасочи производството на тутун па после се последователно. Додека се развие таа индустрија, шо ќе праат тутунарите со тутунот?
 
Со кое лице Ти велиш дека отсуството на димот од чигари во јавни простории не е здраво? Баш тоа отсуство на дим е во директна врска со заштитата на здравјето и ја прави твојата последна цитирана реченица смешна.

Пробај разбери ме те молам.Неможе законот да го кажуваш за заштита на здравје а да продаваш цигари по 40денари и се она што набројав погоре.Значи можеш да кажеш дека ова е закон кој спречува дим во затворени простории и ништо повеќе,бидејќи законот не не штити со ништо друго.Пример:Јас смеам да те тепам било каде освен дома,те штити ли законов?:))
Помпезното најавување „Ние за вашето здравје не спиеме 24 часа“ е чист,гол и преку таквото популизам.

едит:Нешто како бесплатното здравство кое го воведоа :))))
 
А дали е државата паметна?
Прво нека го пренасочи производството на тутун па после се последователно. Додека се развие таа индустрија, шо ќе праат тутунарите со тутунот?

Што ќе прават тутунарите со тутунот не знам, знам само дека во таков случај ќе се зголеми увозот и шверцот на цигари, значи уште еден фактор за пораст на девизниот одлив во странство.:toe:
 
А дали е државата паметна?
Прво нека го пренасочи производството на тутун па после се последователно. Додека се развие таа индустрија, шо ќе праат тутунарите со тутунот?
Ќе го извезуваат. И дел ќе го користат домашните конзументи

Производството на тутун е неопходно за нашата (кревка) економија. Додека во светски рамки не се забрани тутунот нема зошто да си ја уназадуваме сопствената економија. Никој не го прави тоа.
 
Ахам, фино. Да видам на дело па ќе верувам.
 
Помпезното најавување „Ние за вашето здравје не спиеме 24 часа“............

во продолжение..

...спремни сме 24 часа на ден да ве возикаме низ Македонија во болничко комбе.....се додека не испуштите ду...
 
Пробај разбери ме те молам.Неможе законот да го кажуваш за заштита на здравје а да продаваш цигари по 40денари и се она што набројав погоре.Значи можеш да кажеш дека ова е закон кој спречува дим во затворени простории и ништо повеќе,бидејќи законот не не штити со ништо друго.Пример:Јас смеам да те тепам било каде освен дома,те штити ли законов?:))
Помпезното најавување „Ние за вашето здравје не спиеме 24 часа“ е чист,гол и преку таквото популизам.
Те разбирам сосема добро.
И се согласувам за комичните слогани, „доборонамерноста„ и популизмот на власта.

И да, баш со тоа што „ова е закон кој спречува дим во затворени простории„ ... баш со тоа не штити од пасивно пушење.
И тука те разбирам одлично.
Ќе одречеш ли дека немаше друг закон да ти биде многу попогоден за критика на власта доколку не беше пушач?
 
Велиш „објаснете им го тоа на децата...„? Пробај објасни им Ти како тоа димот што инсистираш да им го дуваш во лице е добар за нив?
Бате, ти си имаш визија дека си влада или дека си го донел законот?

Од оваа реченица подолу
Маја почина, она другото дете почина...ај бе со тоа штети цигарата, ние се грижиме за здравјето, објаснете им го тоа на овие деца (кои сеуште се живи)...мостови, палати, цигари...се удира на погрешно место.
Ја нема што да објаснувам, ти се осеќаш повикан ко адвокат на влада да си, а што се најде у постот...тој е упатен кон душебрижниците од владата кои ги раководат институциите и кои носат закони, не кон тебе.
Зошто се наоѓаш во него само ти си знаеш.
 
Те разбирам сосема добро.
И се согласувам за комичните слогани, „доборонамерноста„ и популизмот на власта.

И да, баш со тоа што „ова е закон кој спречува дим во затворени простории„ ... баш со тоа не штити од пасивно пушење.
И тука те разбирам одлично.
Ќе одречеш ли дека немаше друг закон да ти биде многу попогоден за критика на власта доколку не беше пушач?

Се согласивме има напредок во разговорите :)
Во последниве 19 години незнам ни дали се воведе некој закон за наше добро,а постојаната критика е знак на освестување на народот,мислам дека доста ни беше од приказни.Вака како луѓе ќе се разбереме.
Пушам веќе 13 години,сум заборавила како е да си непушач.Но верувам да бев како вас ќе ми одговараше решение каде нема да се дими онаму каде што седам по свој избор.Но со една разлика што секогаш би оставила простор за сите групи во општеството.Ние како пушачи и вие како непушачи мора да се согласиме за да бидеме задоволни.Таков компромис би бил решение.Навивање за една страна никому добро не му носи.
 
Те разбирам сосема добро.
И се согласувам за комичните слогани, „доборонамерноста„ и популизмот на власта.

И да, баш со тоа што „ова е закон кој спречува дим во затворени простории„ ... баш со тоа не штити од пасивно пушење.
И тука те разбирам одлично.
Ќе одречеш ли дека немаше друг закон да ти биде многу попогоден за критика на власта доколку не беше пушач?
Се надевам дека со доза на иронија и сарказам го кажа ова. Ако не е кажано со иронија и сарказам ќе те потсетам да го прочиташ постот на Lurtz каде наведува пример дека
за да се задоволат пушачите тегнат по 2-3 цигари наеднаш
што во никој случај не не штити од пасивно пушење.Целата замисла на законов е да се исперат што е можно повеќе пари. А за тоа дека се грижат за здравјето наше е некој вид на "замачкување очи".
 
Која е целта на овој закон?
Што пишува во самиот закон?

со овој закон се уредува заштитата од штетните дејствија на пушењето тутун и други производи од тутун врз граѓаните, зачувувањето на здрава животна средина, забрана на пушењето во одредени јавни простории и забрана за рекламирање на цигарите
Ова во член 1 е зошто служи законот.
Не за непушачите туку за сите, здрава животна средина...значи дел од серија закони за зачувување на здравјето на граѓаните и закони за животна средина.

За целта да му се оствари не е само да се забрани во кафеани, не е само да се забрани во фирма туку да се почитуваат сите тие закони на кои некои фрлаат тули дека не се предмет на разговор.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom