Тука си во заблуда нема „кафичи кај што се пуши„, забрането е со закон.
Впрочем никој не оди иде во кафичи за да „седне до пушач„, туку оди за да се социјализира односно дружи. Науката тврди дека димот од цигари има штетно влијание по здравјето, и затоа истиот во затворени простори е забранет од законот. А тебе полемизирање на форуми може „ментално„ да ти штети само ако веќе имаш одредени „ошетувања„.
Без намера да те навредам, само сакам да укажам дека споредбата што ја правиш ти е... благо речено, глупава.
Се, се, ама науката не ја мешате во овие муабети. Науката е корумпирана 100 %. За секој што ќе плати се вадат соодветни статистики и ЗА и ПРОТИВ. На пример, Америчката агенција за храни и алкохол го прогласи некој минерел, не ми текнува сега точно како се викаше, за смрдоносен во одредена доза. На некој му прднало на газот. Тој минерал во таа доза го има во 4 банани (ЧЕТИРИ). Значи лапни четири банани и вечита ловишта.
Ја ценам дискусијата се додека е во рангот на, на пример, неќу да ми смрдат алиштата, нежен сум на очите ми солзат, ме кашла. Се додека се расфрлате со тешки РАКови и остала срања не сте ми валидни.
Туку тоа не ми беше муабетот. Во кафиќи не излевам а ресторан еднаш годишно така да не ми смета законо. За места кај се јаде и ја сум за. Ја имам друга мака. Сега сум на 40 години, пушам 20, реално да не се лажеме за секое откажување, цигари, храна, дрога, алкохол, сака јака воља. Јака воља може да има човек на кој му се горе доле решени некои животни работи. Он може да си играае со јаката воља. Ја на пример ценам дека на овие години, а младоста ми помина во транзицијава, од физички задоволства ми останаа малку работи, измеѓу другите и пушењето на цигара. Не одам по кафани, во ресторан една годишно, ако се жене/маже некој роднина, одмор е мислена именка, по луксузни работи исто така. Значи само цигарата ми остана. И сега некој глупак вели јас ќе те заштитам тебе од самиот себе и ти не смееиш во сопствгената канцеларија во која си сам да пушиш. Директорот вика, пошто казните се астрономски, односно право затвори ја фирмата, излевај надвор да пушиш. Нема проблем, ама повеќе време треба да сум надвор него внатре, па сега ме бодрат на „намалам„ од кутија и пол у работно време на десетина, па после да сум излевал надвор. И сега место раат да работам и печалам за фамилијата, треба на сето одозгора да мислам и колку цигари ќе сум испушел и нормално паѓа продуктивноста. У секој случај глупо, да поглупо не може да биде, а децава се расправат у КАФИЌОТ да не му смрдело на некој пезевенк, оти види богати РАК-от само на него чека да го фате.
Ништо од овие работи немат врска со ничие здравје, потрошувачка на детергент и др. Се е само за наметнување на контрола.
П.С. Слушнате за новиот закон против пирсинг. До 18 години само обетка за женските.