Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Секоја чест на Венко Андоновски, ама за да ја направиш фер споредбата на воздухот надвор со воздухот во преполна кафеана со пушачи, треба во истата кафеана да го спроведеш оџакот од ОКТА...

Се надевам дека и мојата алузија ти беше доволно јасна.


Ова што го постираш е нечиј личен став.
Јас можам со задоволство да ти постирам/цитирам 100 пати повеќе научни тези во прилог на општо прифатената научна вистина дека пасивното е штетно по здравјето.

Само пред да постирам цитати би сакал да видам што мислат модераторите за постирање огромни текстови...
Ставот е поткрепен со истражувања, интервјуа со доктори, научници, статисти.
Сигурно човекот не си има извадено од памет.
Нема врска, пушењето е штетно, сите ќе умриме и готово.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Види Владе, законот пропагира заштита на сите од пасивно пушење и дим од цигари. Дури и пушачите додатно страдаат од пасивното пушење (покрај активното). Некои пушат неколку цигари некои, неколку пакла. Вака надвор, секој си наштетува сразмерно колку што пуши.
Ова не ти го објаснувам дека јас лично сум многу загрижен за здравјето на пушачите туку само сакам да ти го појаснам делот од законот што јас лично мислам дека не го разбираш.
Ти (односно пушачите генерално) си раскрстил со однос на тоа што е штетно за здравјето во корист на задоволството. Таа одлука може да се однесува само на твоето здравје, со барање да пушиш во затворен јавен објект веќе не влијаеш само на твоето туку и на здравјето на сите присутни.
Со другите фактори (еколошките) не можеш да правиш директна аналогија, едно е загадување во затворен а друго на отворен простор. Или ако веќе инсистираш на директна споредба тогаш треба оџаците од спомнатите фабрики да ги спроведеш во локалот и да постигнеш иста концентрација на димот. (?!?!?)
Другите загадувачи треба да се одстранат исто така ама тоа не го оправдува загадувањето со дим од цигари во затворен простор.
Приметуваш како не го спомнувам загадувањето со дим од цигари во отворен простор... пушењето таму не е забрането.

Значи не е дека на никој не му е гајле за другите загадувања, се надевам дека и тоа ќе се реши некогаш. Од твоја страна е лицемерно (а и себично) што се обидуваш тоа да искористиш како оправдување.

Како што и сам кажа „балкански„ е „да си признаеш“ дека не е лицемерно да бараш да им наштетуваш на сите а лицемерен е законот што ги штити сите од таквите како тебе...
Во однос на ваквата „балканска„ Македонија... јас дефинитивно ја одбирам ЕУ и покрај сите нејзини „забрани„.
Некој пуши и други работи освен цигари...на пример се пуши митот за “пасивното пушење“ за кој нема никави докази се работи за обична измислица.
Ако сакаш да се заштитиш од сите штетни влијанија...во планина некаде и во пештера...вака хммм...знаеш шо ставаат во обичната кујнска сол? Ај да не ти правам паранои...или оди во некоја пекара да видиш како се пече леб...

Кога власта ќе ти каже дека се грижи за твоето здрвавје фаќај се за новчаник и не врти грб во никој случај...:vozbud:
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Може како компромис да се укинат сите кафулиња, па нека си се дружат луѓето по дома или на отворено на скара.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Тука си во заблуда нема „кафичи кај што се пуши„, забрането е со закон.

Впрочем никој не оди иде во кафичи за да „седне до пушач„, туку оди за да се социјализира односно дружи. Науката тврди дека димот од цигари има штетно влијание по здравјето, и затоа истиот во затворени простори е забранет од законот. А тебе полемизирање на форуми може „ментално„ да ти штети само ако веќе имаш одредени „ошетувања„.
Без намера да те навредам, само сакам да укажам дека споредбата што ја правиш ти е... благо речено, глупава.

Се, се, ама науката не ја мешате во овие муабети. Науката е корумпирана 100 %. За секој што ќе плати се вадат соодветни статистики и ЗА и ПРОТИВ. На пример, Америчката агенција за храни и алкохол го прогласи некој минерел, не ми текнува сега точно како се викаше, за смрдоносен во одредена доза. На некој му прднало на газот. Тој минерал во таа доза го има во 4 банани (ЧЕТИРИ). Значи лапни четири банани и вечита ловишта.
Ја ценам дискусијата се додека е во рангот на, на пример, неќу да ми смрдат алиштата, нежен сум на очите ми солзат, ме кашла. Се додека се расфрлате со тешки РАКови и остала срања не сте ми валидни.

Туку тоа не ми беше муабетот. Во кафиќи не излевам а ресторан еднаш годишно така да не ми смета законо. За места кај се јаде и ја сум за. Ја имам друга мака. Сега сум на 40 години, пушам 20, реално да не се лажеме за секое откажување, цигари, храна, дрога, алкохол, сака јака воља. Јака воља може да има човек на кој му се горе доле решени некои животни работи. Он може да си играае со јаката воља. Ја на пример ценам дека на овие години, а младоста ми помина во транзицијава, од физички задоволства ми останаа малку работи, измеѓу другите и пушењето на цигара. Не одам по кафани, во ресторан една годишно, ако се жене/маже некој роднина, одмор е мислена именка, по луксузни работи исто така. Значи само цигарата ми остана. И сега некој глупак вели јас ќе те заштитам тебе од самиот себе и ти не смееиш во сопствгената канцеларија во која си сам да пушиш. Директорот вика, пошто казните се астрономски, односно право затвори ја фирмата, излевај надвор да пушиш. Нема проблем, ама повеќе време треба да сум надвор него внатре, па сега ме бодрат на „намалам„ од кутија и пол у работно време на десетина, па после да сум излевал надвор. И сега место раат да работам и печалам за фамилијата, треба на сето одозгора да мислам и колку цигари ќе сум испушел и нормално паѓа продуктивноста. У секој случај глупо, да поглупо не може да биде, а децава се расправат у КАФИЌОТ да не му смрдело на некој пезевенк, оти види богати РАК-от само на него чека да го фате.
Ништо од овие работи немат врска со ничие здравје, потрошувачка на детергент и др. Се е само за наметнување на контрола.
П.С. Слушнате за новиот закон против пирсинг. До 18 години само обетка за женските.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Може секој да има свој став. Е ама тоа не го менува фактот дека едно е општоприфатен научен став а друго сопствен став. Законите се донесуваат врз основ на општоприфатени научени ставови а не врз основа на лични ставови.
Општоприфатен научен став е дека пасивното пушење е штетно по здравјето.

Јас можам лично да сочуствувам со проблемот на sanysoft ама тоа сепак не смее да влијае врз фактот дека законот мора да ги заштити луѓето од пасивното пушење.
Се, се, ама науката не ја мешате во овие муабети. Науката е корумпирана 100 %...
Сега сум на 40 години, пушам 20...
Ја на пример ценам дека на овие години, а младоста ми помина во транзицијава, од физички задоволства ми останаа малку работи, измеѓу другите и пушењето на цигара. Не одам по кафани, во ресторан една годишно, ако се жене/маже некој роднина, одмор е мислена именка, по луксузни работи исто така. Значи само цигарата ми остана.
Sanysoft, не знам колку пушиш дневно ама би можел да се опкладам дека со годишниот фонд за цигари можеш да истераш барем пристоен одмор ако ништо друго. Се разбира твое е како ќе си ги поставиш приоритетите. Иначе цигарите се баш тоа... луксуз. Вода, храна, воздух на пример... тоа се потреби.

Некој пуши и други работи освен цигари...на пример се пуши митот за “пасивното пушење“ за кој нема никави докази се работи за обична измислица.
Ако сакаш да се заштитиш од сите штетни влијанија...во планина некаде и во пештера...вака хммм...знаеш шо ставаат во обичната кујнска сол? Ај да не ти правам паранои...или оди во некоја пекара да видиш како се пече леб...

Кога власта ќе ти каже дека се грижи за твоето здрвавје фаќај се за новчаник и не врти грб во никој случај...:vozbud:
Вакви и со слични ставови мислења има многу постирани на темава.
Никој не тврди дека покрај пасивното пушење има многу други работи што штетно влијаат на здравјето. Една многу важна работа што ја забораваат сите е дека овој закон има конкретна намена да ги заштити луѓето од пасивно пушење. Сите други работи што ги спомнувате треба да бидат третирани со други закони кои не ги дискутираме на темава.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Братучед ми кој што е пушач денеска ми го објасни бенефитот од овај закон, имено претходно кога седнувавме на кафе пушел по 6-7 цигари, а сега за истиот тој временски период станува еднаш и пуши една цигара. Помалку се труе и поздраво живее и од финансиски план со помалку кутии на цигари месечно ќе помине.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Вакви и со слични ставови мислења има многу постирани на темава.
Никој не тврди дека покрај пасивното пушење има многу други работи што штетно влијаат на здравјето. Една многу важна работа што ја забораваат сите е дека овој закон има конкретна намена да ги заштити луѓето од пасивно пушење. Сите други работи што ги спомнувате треба да бидат третирани со други закони кои не ги дискутираме на темава.
Освен ако не си тргнат во крстоносна војна против пушачите, што тебе ти смета ако има место каде и ја можам да испијам кафе УЗ цигара, ако има место каде ТИ ќе испиеш кафе БЕЗ цигара. Јас не го бранам ставот сека СИТЕ кафани треба да се за пушачи, а се ми изгледа дека ти навиваш СИТЕ кафани да се за непушачи.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Еден аспект од имплементацијата на законот што не е многу дискутирана овде е пушењето на работно место.
Ме подсети sanysoft со неговиот пост. Не знам каков е описот на неговото работно место ама јас со мојава работа една од обврските што ги имам е и одржување на PC-ијата во компанијата што бара често одење во канцеларите на други колеги. Така од лично искуство знам дека пушењето во „сопствената„ канцеларија не го засега само корисникот на таа канцеларија. Можеби морален исклучок од ова би била канцеларија во која ама баш никој не влегува освен пушачот-работник, ама тоа во „нормални„ фирми со повеќе вработени никогаш не е случај. Можеби во сопствена фирма, во струка во која нема физичко присуство на клиентите? Сликарско атеље, канцеларија на некој што работи за outsourcing компанија... Идејата е ако не му сметаш на никој (па никој и нема да те пријави) тогаш зошто да не...

А иначе во последниве десетина години сум бил во компании во неколку европски земји на обука. Буквално секаде пушачите излагаа надвор уште тогаш.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
Не си пушач, ок, ама нешто правиш, може лижиш 10 лижалки денеска, може пиеш 20 кафиња, може преметкаш чачкалица у устата цел ден. Како би ти било да ти се скрате твојата занимација со закон. И молим те доста со тие здравствени пресеравања, ионака ако премааниме 5-60 на коњот сме.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Не си пушач, ок, ама нешто правиш, може лижиш 10 лижалки денеска, може пиеш 20 кафиња, може преметкаш чачкалица у устата цел ден. Како би ти било да ти се скрате твојата занимација со закон. И молим те доста со тие здравствени пресеравања, ионака ако премааниме 5-60 на коњот сме.

Знајш на ова шо ќе вратат?
Дека со тоа на никој не им наштетуваат за разлика од пушачите.
И пак нема да ја сфатат поентата на муабетот.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Хаха... абе пријателе... не знаеме што ни носи животов утре ама те молам немој проблемите со пасивното пушење да ги нарекуваш „здравствени пресеравања„... мора да сфатиш дека твојата „занимација„ е штетна по сите што (по службена должност) мораат да постојано или одвреме навреме престојуваат во твојата канцеларија.

И да, како што и Tамарче напомна (и пак самата не ја сфати вистинската поента на муабетов) :wink: ... лижалки, кафиња па и чачкалици (освен ако не бодеш луѓе со нив) ама баш никако не влијаат на било чие здравје на присутните.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
И да, како што и Tамарче напомна (и пак самата не ја сфати вистинската поента на муабетов) :wink: ... лижалки, кафиња па и чачкалици (освен ако не бодеш луѓе со нив) ама баш никако не влијаат на било чие здравје на присутните.
Немаш никакви аргументи во дискусијава па све што ти преостанува се патетични обиди за иронија...
Само те потсетувам што рече за моето користење на иронијата.
Исто е и моево во однос на твојот обид за иронија.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.771
Поени од реакции
34.028
Фундаменталната разлика помеѓу твоето „иронично„ тврдење дека „ментално те оштетувам„ :wink: и мојот предходен пост, е тоа што мојот пост (покрај не претерано успешниот обид за хумор) содржи факти и аргументи... нешто што е целосно одсутно од наведените твои постови.

П.С. Да останеме on topic на темата за законот, обиди се да дискутираш за релевантни работи.
 

Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Ако ги чита човек постовите ќе заборави на која тема се дискутира, се ќе прочита само не за законот за пушењето.

Добро да направиме еден пример. Кога започнувате бизнис, да речеме супермаркет, дали го започнувате бидејќи сакате на народот подобри услуги да понудете или да остварите што поголем профит? Истото е и со законот, владата потроши неконтролирано многу пари, сега мора од некаде да ги поврати во касата на државата, од каде ако не од даноците и од казните? Зар не гледате дека се воведоа многу закони во кои ништо друго не се прави освен што се казнува? На пример законот за јавна чистота со кои за една плукната плунка ти земаат 50 евра, еве го и законот за пушењето. Ако беше намерата за да го заштитат здравјето на човекот овој закон можеа да го напишат на многу по друг начин кој немаше да биде волку ригорозен, а и сите страни ќе беа задоволени. Маската на законот е заштитата на здравјето на човекот, ако се грижат веќе затоа ќе забранеа и многу други работи освен цигарите.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ванлок колку жестоко го брани законов,некој ќе помисли дека и добива плата за тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom