Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Види Владе, законот пропагира заштита на сите од пасивно пушење и дим од цигари. Дури и пушачите додатно страдаат од пасивното пушење (покрај активното). Некои пушат неколку цигари некои, неколку пакла. Вака надвор, секој си наштетува сразмерно колку што пуши.
Ова не ти го објаснувам дека јас лично сум многу загрижен за здравјето на пушачите туку само сакам да ти го појаснам делот од законот што јас лично мислам дека не го разбираш.
Ти (односно пушачите генерално) си раскрстил со однос на тоа што е штетно за здравјето во корист на задоволството. Таа одлука може да се однесува само на твоето здравје, со барање да пушиш во затворен јавен објект веќе не влијаеш само на твоето туку и на здравјето на сите присутни.
Со другите фактори (еколошките) не можеш да правиш директна аналогија, едно е загадување во затворен а друго на отворен простор. Или ако веќе инсистираш на директна споредба тогаш треба оџаците од спомнатите фабрики да ги спроведеш во локалот и да постигнеш иста концентрација на димот. (?!?!?)
Другите загадувачи треба да се одстранат исто така ама тоа не го оправдува загадувањето со дим од цигари во затворен простор.
Приметуваш како не го спомнувам загадувањето со дим од цигари во отворен простор... пушењето таму не е забрането.

Значи не е дека на никој не му е гајле за другите загадувања, се надевам дека и тоа ќе се реши некогаш. Од твоја страна е лицемерно (а и себично) што се обидуваш тоа да искористиш како оправдување.

Како што и сам кажа „балкански„ е „да си признаеш“ дека не е лицемерно да бараш да им наштетуваш на сите а лицемерен е законот што ги штити сите од таквите како тебе...
Во однос на ваквата „балканска„ Македонија... јас дефинитивно ја одбирам ЕУ и покрај сите нејзини „забрани„.

А па види колку лицемерно од твоја или на секој друг непушач (колку глупава поделба) е да кажуваш колку се штетни цигарите, а истовремено да пиеш алкохол кој исто толку е штетен колку и цигарите.
Колку лицемерно што сите возат коли, гледат шпански серии.
Ем физички ме трујат, ем ментално.

И ај сега, оти мене ме труе некој нека престани да гледа, да вози..

Не можи бе некој да ми се прај паметен дека му го трујам здравјето и дека пасивното пушење било исто толку опасно колку активното.

Оној непушач кој води здрав живот, ама без ниедно забегување, нека ми продава пуфки..

И уште една работа.

Кафичите, кафаните, дискотеките не се простории каде што треба да има чист воздух. Ене ви чист воздух, на Пелистер, на Водно.
 
G

Gray Foxx

Гостин

Колку ретардиран пост човече.
Кој кур фактор си ти да кажуваш дали дискотеките се простории кај шо не треба да се пуши, шо ние непушачите ретардирани сме, нејкеме да се забавуваме нели?
По стоти пат да ви повторат нема да сфатите, ја ако јадам нездрава храна и ако пијам алкохол НЕ ТИ ПРЕЧАМ ТЕБЕ... Значи не те печат очите, не ти смрди на алкохол, не инхалираш алкохол и нездрава храна...
За да си ги задоволите зависностите најдобро е да се подели кафичот на реони, ама видовме тоа колку беше успешно. Така да купете си монтки пошто надвор е факинг колд... :)
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Колку ретардиран пост човече.
Кој кур фактор си ти да кажуваш дали дискотеките се простории кај шо не треба да се пуши, шо ние непушачите ретардирани сме, нејкеме да се забавуваме нели?
По стоти пат да ви повторат нема да сфатите, ја ако јадам нездрава храна и ако пијам алкохол НЕ ТИ ПРЕЧАМ ТЕБЕ... Значи не те печат очите, не ти смрди на алкохол, не инхалираш алкохол и нездрава храна...
За да си ги задоволите зависностите најдобро е да се подели кафичот на реони, ама видовме тоа колку беше успешно. Така да купете си монтки пошто надвор е факинг колд... :)

Да ама на пример сега, ментално ме труеш и ми штети на здравјето твоето труење.

Кој ќе преземи нешто со тоа?

И сега, како се чувствуваш кога мирисаш пот и мишки и манџи во кафичите?
Кажи колку чист воздух, м?

И не ми беше финтата на муабетот дека ако пиеш алкохол ми сметаш, туку ми се прајш толку загрижен за твоето здравје демек од цигарите, а пиеш, и ред други нездрави работи прајш.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
А па види колку лицемерно од твоја или на секој друг непушач (колку глупава поделба) е да кажуваш колку се штетни цигарите, а истовремено да пиеш алкохол кој исто толку е штетен колку и цигарите.
Колку лицемерно што сите возат коли, гледат шпански серии.
Ем физички ме трујат, ем ментално.

И ај сега, оти мене ме труе некој нека престани да гледа, да вози..

Не можи бе некој да ми се прај паметен дека му го трујам здравјето и дека пасивното пушење било исто толку опасно колку активното.

Оној непушач кој води здрав живот, ама без ниедно забегување, нека ми продава пуфки..

И уште една работа.

Кафичите, кафаните, дискотеките не се простории каде што треба да има чист воздух. Ене ви чист воздух, на Пелистер, на Водно.
Прво односот ти е за никаде.
Второ пак се прават глупави и сосема нерелевантни аналогии. Јас не те терам да гледаш шпански серии (скраја да е) ниту ако пијам алкохол ти наштетувам тебе (а ако возам пијам ме третира соодветен закон). Ништо од ова што го кажа не ти дава ама баш никакво морално право да им наштетуваш на другите. Димот од цигарите им го прави на другите баш тоа, им наштетува.

А иначе што е по-опасно пасивно или активно пушење... тоа е сосема непотребна дискусија. Штетни се и двете. Пак се сведува на тоа дека ти можеш да одбереш за себе и дека не можеш да обереш за друг.
 
G

Gray Foxx

Гостин
Да ама на пример сега, ментално ме труеш и ми штети на здравјето твоето труење.

Кој ќе преземи нешто со тоа?

И сега, како се чувствуваш кога мирисаш пот и мишки и манџи во кафичите?
Кажи колку чист воздух, м?

И не ми беше финтата на муабетот дека ако пиеш алкохол ми сметаш, туку ми се прајш толку загрижен за твоето здравје демек од цигарите, а пиеш, и ред други нездрави работи прајш.
Епа еве и ти ментално ме труеш мене со претходниов пост, и шо да напраиме? Да се истепаме, исколеме? Не оди тоа... Ментално ме труе мене и срањето фејсбук и Геј-Геј и други икс грди фаци, али шо да праам. Ментално ме труе и што има тежок брејн демеџ кај Македонците општо, ментално ме труе што секоја ебана телевизија дава српски и бугарски шоуа, ментално ме труе што ти се разнежнуеш на српски песни, на српски балади, ментално ме труе тоа што државава наша е асимилирана од српски и бугарски срања итн итн итн... Али кој ме праша мене...
Сега засега не сум намирисал пот и мишки(не дека нема да намирисам) али спот д диференсе, јас од тие мишки нема рак да добијам на 30 години, нема да ме печат очите, нема алиштата да ми смрдат...
А за алкохолот пак ке кажам, ја може се трујам, али и ти се труеш и секој шо пие. АМА РАЗЛИКАТА Е: ЈАС НЕ ПРИДОНЕСУВАМ ТВОЕТО ЗДРАВЈЕ ДА СЕ НАРУШИ, ТУКУ САМО МОЕТО...
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Не знаев дека долгогодишното конзумирање на цигари оштетува и мозочни клетки.
За информација, не сум пушач ;)

Сум запалила да, ама не сум пушач што купува пакети.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Никој не те тера да учестуваш на форумов и да ги читаш постовите на другите.
Па и тебе никој не те тера да седниш до пушач и никој не те тера да одиш по кафичи кај што се пуши, а сепак одиш.[/quote]
Тука си во заблуда нема „кафичи кај што се пуши„, забрането е со закон.

Впрочем никој не оди иде во кафичи за да „седне до пушач„, туку оди за да се социјализира односно дружи. Науката тврди дека димот од цигари има штетно влијание по здравјето, и затоа истиот во затворени простори е забранет од законот. А тебе полемизирање на форуми може „ментално„ да ти штети само ако веќе имаш одредени „ошетувања„.
Без намера да те навредам, само сакам да укажам дека споредбата што ја правиш ти е... благо речено, глупава.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ај убаво размислете на што ви личат постовите пред да ги постирате. Ве молам пазете на јазикот. Во спротивно темава нема да ви биде достапна.

едит: Прочитајте го постов за да видите за што следен пат покрај црвен картон ќе се добие и бан од тема.
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Тука си во заблуда нема „кафичи кај што се пуши„, забрането е со закон.

Впрочем никој не оди иде во кафичи за да „седне до пушач„, туку оди за да се социјализира односно дружи. Науката тврди дека димот од цигари има штетно влијание по здравјето, и затоа истиот во затворени простори е забранет од законот. А тебе полемизирање на форуми може „ментално„ да ти штети само ако веќе имаш одредени „ошетувања„.
Без намера да те навредам, само сакам да укажам дека споредбата што ја правиш ти е... благо речено, глупава.

Па и јас на форумот одам да се социјализирам а воедно и да се дружам, ама ете, некој ќе се најде, па ментално ќе ми го загрози здравјето.

Штета што никој не ми ја сфаќа поентата на муабетот, па затоа цело време се вртиме во круг.

Финтата е тоа што, ако на секој му смета по една работа што другиот ја прави, а воедно таа работа биде забранета со закон, доаѓа до дискриминации и нарушување на човекови права.

Бев сериозна кога реков дека мене искрено ми го нарушуваат здравјето оние кои гледаат шпански серии. Едноставно ме трујат.

Ме труе и потта и мишките во кафичите, ме тераат да се онесвестам.

И земи малку повеќе изгуглај за пасивното пушење, за да видиш колкава фама е крената околу тоа.

И, да напоменам дека не сум пушач, ама дека некогаш сакам да поуживам и да си дозволам да запалам една цигара.

Исто така ме нервираат апсурдностите и баналностите на законот. До пред некое време законот гласеше, онаму каде во зима е дозволено пушење (надвор пред кафичи), во лето ќе биде забрането.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Па и јас на форумот одам да се социјализирам а воедно и да се дружам, ама ете, некој ќе се најде, па ментално ќе ми го загрози здравјето.

Штета што никој не ми ја сфаќа поентата на муабетот, па затоа цело време се вртиме во круг.

Финтата е тоа што, ако на секој му смета по една работа што другиот ја прави, а воедно таа работа биде забранета со закон, доаѓа до дискриминации и нарушување на човекови права...
Ајде бе Тамара, те молам... за каква поента зборуваш?
За дискусија на форум тврдиш дека „ментално ќе ти го загрози здравјето„??? И тоа ти е изговор зошти ти сметаш дека имаш право да им наштетуваш на другите преку твојот дим од цигари??
Ако макар 1% од материјалите на Google што се достапни на тема пасивно пушење на вистина си ги прочитала... не знам со какво лице поставуваш вакви мислења!

Оценката на Deno^ за твоиве последни постови си е сосема на место ама ајде да не го спуштаме нивото на дискусијава и подоле одколку што веќе е...
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Ајде бе Тамара, те молам... за каква поента зборуваш?
За дискусија на форум тврдиш дека „ментално ќе ти го загрози здравјето„??? И тоа ти е изговор зошти ти сметаш дека имаш право да им наштетуваш на другите преку твојот дим од цигари??
Ако макар 1% од материјалите на Google што се достапни на тема пасивно пушење на вистина си ги прочитала... не знам со какво лице поставуваш вакви мислења!

Оценката на Deno^ за твоиве последни постови си е сосема на место ама ајде да не го спуштаме нивото на дискусијава и подоле одколку што веќе е...
Иронија. Побарај во речник, ќе дознајш ;)

И ете ми ја целта на постот. Целта не ми беше дека ми штетите мене со пиењето или со чепкањето на нос, или со прдењето, или ждригањето..

Ќе цитирам мало делче од една колумна на Венко Андоновски, паметен е човекот, прочитајте:

„Некои цинично велат: еве, не пушиме во кафеанава, ама кога и да отвориме прозорец, ни влегува еколошки чист воздух од ОКТА. Алузијата е јасна: смешно е човек да се грижи за чисти нокти, ако рацете му се валкани до лактите.“
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Иронија. Побарај во речник, ќе дознајш ;)
Во тоа и е поентата. Немаш никакви аргументи во дискусијава па све што ти преостанува се патетични обиди за иронија... Патем споредбата што ја одбра ти звучеше премногу глупаво ако веќе сакаше тоа да постигнеш.

Заштитата од пасивното пушење е една од главните цели на законот кој што се дискутира. Никакви иронично-комични (и нерелевантни) споредби не ти одат во прилог на ставот што се обидуваш да го одбраниш...
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Ете, на кој не му е мака, нека посвети малку внимание на ова истражување и нека го прочита, па нека му се тргни превезот од очите.

...дури и на тешките пушачи им се потребни неколку децении за да добијат рак на бели дробови. Еден непушач, дури и да е постојано изложен на чад, би требало да живее 300 години за да му се случи истото. И како би можеле да знаеме дека токму чадот е оној кој убива, а не на пример, густиот смог над Л.А.?

Во половината век колку што сум на оваа планета, не сум видел полош пример на безнадежна заплетканост отколку во случајот со дебатата - или недостатокот од дебата - во врска со пушењето. Пушењето отсекогаш било нешто што многумина го сакаат а другите едноставно не го сфаќаат. Што се однесува до вториве, пушењето буквално смрди. Оттаму тие имаат тенденција да веруваат во каква било хорор приказна која ќе ја чујат. Отсекогаш постоеле и луѓе кои сакале да го запрат нашето пушење. Ептен мала група, од турскиот султан Мурат IV (кој наредувал пушачите да се кастрираат) до Адолф Хитлер. Но какви и да се вашите лични чувства во врска со тутунот, вреди да се земе предвид дека антипушачите често ги ’пумпале’ опасностите од него. Така и морало да биде, бидејќи не е доволно да им кажете на луѓето - особено на младите луѓе - дека нешто во што тие уживаат може да ги разболе во следните, да речеме, 40 години. Но да се обидеме да бидеме поконкретни.

Ракот на белите дробови е болест која е најсилно поврзувана со пушењето, иако дури и ова е статистичка, а не толку причинско-последична врска. Со други зборови, статистички е покажано дека за пушачите е поверојатно да заболат од рак на бели дробови, но не е научно докажано дека ракот е специфична последица на пушењето.

Голем дел од аргументите на антипушачите се базираат на статистика, а статистиката не е наука. Има смисла - се’ додека не ви пречи идејата насилно да им ги ускратувате задоволствата на луѓето - да се обидете да ја смалите стапката на рак на бели дробови преку убедување на луѓето да престанат да пушат. Но доказот кој го поврзува пушењето со ракот на бели дробови е многу понеубедлив отколку што не’ тераат да мислиме. Најпрвин, има големо несогласување околу тоа кој е вистинскиот фактор на ризик. Генералниот консензус изгледа ги отсликува пионерските истражувања на проф. сер Ричард Дол во 1950-тите и 60-тите, кои се уште се сметаат за ’репери’. Дол дошол до резултат дека околу 160 пушачи од 100,000 развиваат рак на бели дробови наспроти 7 на 100,000 непушачи; така што излегува дека имате околу 24 пати поголем ризик доколку пушите. Ова може да биде изразено и како ’2,400%’. Но пазете се од проценки на ’зголемен ризик’, особено кога тие се изразени во проценти; тие се добар знак дека некој повеќе сака да исплаши отколку да информира.

Ако купите 25 лото ливчиња наместо едно, вашите шанси да добиете одат до 2,500%. Но иако бројката изгледа импресивно, вашите реални шанси за добивка се се уште минимални. На сличен начин, доколку проф. Дол бил во право, вие се уште имате 99.8% шанси да не добиете рак на бели дробови. Тоа не е ништо повеќе од ре-презентација или ре-пакување, на истите податоци. Но веднаш звучи многу помалку страшно. Особено ако пушењето е нешто што го сакате.

БРОЈКИ ШТО ПОМАЛКУ ОДГОВАРААТ

Статистиката секогаш презентира една верзија на реалноста, истовремено изоставувајќи голем број други. На пример: антипушачките проценки за зголемен ризик го изоставуваат фактот дека мнозинството случаи на рак на бели дробови се случуваат во рамки, или над нормалната граница на смртност. Со дрги зборови, доколку добиете рак на бели дробови тоа веројатно ќе се случи во време кога нешто ќе ве стрефи, без оглед дали пушите или не. За оние кои се подготвени да ги видат, постојат и голем број контрадикторни статистики. Домородните Американци имаат половина стапка на рак на бели дробови помалку во споредба со белите Американци, иако пушат многу повеќе. Многу малку Кинескињи пушат а сепак имаат една од највисоките стапки на рак на бели дробови во светот. Стапките на рак на бели дробови од 1930 практично насекаде се во пораст, и во некои случаи (на пример кај Американките) се уште не го достигнале врвот, и покрај фактот што стапките на пушење постојано паѓаат. Јапонија, една од најпушачките нации во светот, е меѓу првите две или три земји според должината на животниот век. Јапонските стапки на рак на бели дробови и срцеви болести сепак се во пораст во последните три децении - истовремено со опаѓањето на нивната стапка на пушење. Ова веројатно се должи на фактот што нивниот начин на исхрана и нивниот животен стил станал во голема мерка американизиран. Навистина не знам. Она што го велам е дека ’несоодветните’ факти треба да бидат истражени, а не туркани под тепихот.
Антипушачите сметаат дека пушењето е одговорно за околу 90% од смртните случаи заради рак на бели дробови. Но Алијансата за рак на бели дробови, лоби група во САД, тврди дека половина од жртвите на рак на бели дробови никогаш не пушеле.
Подоцна ќе постирам и нешто друго.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Ќе цитирам мало делче од една колумна на Венко Андоновски, паметен е човекот, прочитајте:

„Некои цинично велат: еве, не пушиме во кафеанава, ама кога и да отвориме прозорец, ни влегува еколошки чист воздух од ОКТА. Алузијата е јасна: смешно е човек да се грижи за чисти нокти, ако рацете му се валкани до лактите.“
Секоја чест на Венко Андоновски, ама за да ја направиш фер споредбата на воздухот надвор со воздухот во преполна кафеана со пушачи, треба во истата кафеана да го спроведеш оџакот од ОКТА...

Се надевам дека и мојата алузија ти беше доволно јасна.

Ете, на кој не му е мака, нека посвети малку внимание на ова истражување и нека го прочита, па нека му се тргни превезот од очите.

..................Ѕид од текст.....................

Подоцна ќе постирам и нешто друго.
Ова што го постираш е нечиј личен став.
Јас можам со задоволство да ти постирам/цитирам 100 пати повеќе научни тези во прилог на општо прифатената научна вистина дека пасивното е штетно по здравјето.

Само пред да постирам цитати би сакал да видам што мислат модераторите за постирање огромни текстови...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom