Тамарче
Ако одам во Битола..
- Член од
- 11 јули 2007
- Мислења
- 3.239
- Поени од реакции
- 223
Види Владе, законот пропагира заштита на сите од пасивно пушење и дим од цигари. Дури и пушачите додатно страдаат од пасивното пушење (покрај активното). Некои пушат неколку цигари некои, неколку пакла. Вака надвор, секој си наштетува сразмерно колку што пуши.
Ова не ти го објаснувам дека јас лично сум многу загрижен за здравјето на пушачите туку само сакам да ти го појаснам делот од законот што јас лично мислам дека не го разбираш.
Ти (односно пушачите генерално) си раскрстил со однос на тоа што е штетно за здравјето во корист на задоволството. Таа одлука може да се однесува само на твоето здравје, со барање да пушиш во затворен јавен објект веќе не влијаеш само на твоето туку и на здравјето на сите присутни.
Со другите фактори (еколошките) не можеш да правиш директна аналогија, едно е загадување во затворен а друго на отворен простор. Или ако веќе инсистираш на директна споредба тогаш треба оџаците од спомнатите фабрики да ги спроведеш во локалот и да постигнеш иста концентрација на димот. (?!?!?)
Другите загадувачи треба да се одстранат исто така ама тоа не го оправдува загадувањето со дим од цигари во затворен простор.
Приметуваш како не го спомнувам загадувањето со дим од цигари во отворен простор... пушењето таму не е забрането.
Значи не е дека на никој не му е гајле за другите загадувања, се надевам дека и тоа ќе се реши некогаш. Од твоја страна е лицемерно (а и себично) што се обидуваш тоа да искористиш како оправдување.
Како што и сам кажа „балкански„ е „да си признаеш“ дека не е лицемерно да бараш да им наштетуваш на сите а лицемерен е законот што ги штити сите од таквите како тебе...
Во однос на ваквата „балканска„ Македонија... јас дефинитивно ја одбирам ЕУ и покрај сите нејзини „забрани„.
А па види колку лицемерно од твоја или на секој друг непушач (колку глупава поделба) е да кажуваш колку се штетни цигарите, а истовремено да пиеш алкохол кој исто толку е штетен колку и цигарите.
Колку лицемерно што сите возат коли, гледат шпански серии.
Ем физички ме трујат, ем ментално.
И ај сега, оти мене ме труе некој нека престани да гледа, да вози..
Не можи бе некој да ми се прај паметен дека му го трујам здравјето и дека пасивното пушење било исто толку опасно колку активното.
Оној непушач кој води здрав живот, ама без ниедно забегување, нека ми продава пуфки..
И уште една работа.
Кафичите, кафаните, дискотеките не се простории каде што треба да има чист воздух. Ене ви чист воздух, на Пелистер, на Водно.