Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714

PowerBoY14

Јас Сум Тој и Тој Роден Тогаш и Тогаш
Член од
13 април 2007
Мислења
256
Поени од реакции
4
сум за законот против пушење на јавни места. Пошто ми студи. :pusk:
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.410
Поени од реакции
16.664
Пушачи, не можем да ве сватим најискрено. Толкава фама се дигна за овој ебан закон небаре од дома ве брка некој. Да стануеше збор за некој закон кој далеку повеќе ќе не засегаше како народ во целина ќе ви беше сеедно отколку овој кој индивидуално ви "ускратува" некакво задоволство.
Чудно богами, ко да ви забранил некој леб да јадете :)

Големи плачковци сме имале, можда сега ќе им опадне прометот на кафулињава и кафаниве, ама дефинитивно ќе се зголеми прометот на трафикиве, на продажбата на паломи де :)
 
PowerBoY14

Јас Сум Тој и Тој Роден Тогаш и Тогаш
Член од
13 април 2007
Мислења
256
Поени од реакции
4
Искрено,
за пушачите,

ко чодите в кафич, или в кафана сеедно, мислите на ебената цигара дека че ја запалите, или на то дека че се видите со некој, че ручате, че пијате кафе, че читате весник и сл?

Добар е законот.
Паметните не пушат, а за останатите е забрането.
 
Г

Господ

Гостин
Иако сум непушач морам да признаам вака при здрав памет мислам дека законов е дебилен во најмала рака.
На рамниште на оној кога во една просторија требаше да сместиш и пушачи и непушачи а чадот на не ви избега од просторот на пушачите.
Добро мајку му стара зошто има реклами и билборди за цигари и зошто владата стимулира производство на тутун ако го забранува пушењето.
Факт е дека кафеаните и дискотеките ги полнат пушачи,не може ти да затвориш цела гранка од економијата на државата онака од чиста мира.
Законот сакале нејкеле е глупост:toe:
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Зошто мислам дека и сега не е дозволено на возач да пуши, дека тој закон сакаа да го протнат со оној за мобилните? Или грешам?
Не грешиш. Ако те застанат со цигара во рака, е потполно истата глоба како да те застанат со мобилен. И точно, тоа е дел од законот за безбедност во возењето, и нема врска со овој новиов, велелепен закон.

А нека затворат. Ионака од кога го донесоа законов, тешко им е на сите на кафе да излезат.

И еј, непушачи, пазете со коментарите од типот дека ние само сме се жалеле. Има друштва во кои има и пушачи и непушачи. Ако моето друштво има 5 члена, од кои тројца пушачи, што прават останатите двајца? Ќе се делиме, ради законов? Па едни ќе идат во кафич, а другите по дома? Не, туку сите ќе се соберат негде по дома, и пак ќе се пуши. И пак непушачите ќе се во потполно иста положба. И пак, уште еднаш, нелогичен е законот. Заш нејќум да употребам потешки зборој.
 
Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
Епа ајде сега да се собереме непушачиве и да им речеме Петок навечер да затворат како протест!!! :tapp::tapp:
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Пушачи, не можем да ве сватим најискрено. Толкава фама се дигна за овој ебан закон небаре од дома ве брка некој. Да стануеше збор за некој закон кој далеку повеќе ќе не засегаше како народ во целина ќе ви беше сеедно отколку овој кој индивидуално ви "ускратува" некакво задоволство.
Чудно богами, ко да ви забранил некој леб да јадете :)

Големи плачковци сме имале, можда сега ќе им опадне прометот на кафулињава и кафаниве, ама дефинитивно ќе се зголеми прометот на трафикиве, на продажбата на паломи де :)
Колку само излитени коментари...
Ќе се дигне фама и тоа голема затоа што ДА како што кажа ебаната држава и влада ни ускратуваат задоволство што од дома не ни го забраниле. Кој е Грујо мене у случајов да ми забранува цигар со кафе во кафуле како нормален човек?
Ме засега законов да! И револтирана сум и се осеќам дискриминирано.
Не се секирај ти за прометот на трафиките.Секако си имаат далеку поголема заработувачка од продажбата на цигари.Една кутија цигари зборам за мене е 50 денари а паломата 5 денари. :pipi:
Порадувајте се уште малку...Зачувајте си ги белите дробови додека можете.Првата шанса што ќе ми се укаже ќе ви се смејам на сите на форум додека ќе плачете дека не е фер што законот се укинал.
 
Читај боље, не реков дека ебана ни е државата туку реков дека е законот, знаеш има разлика. И знаеш има една народна која вика ќејф у ќенеф, така да таму слободно ќејфнуј си колку сакаш.

Викаш кафе со цигаре ко секој нормален човек, а мие шо пиеме само кафе без цигаре сме ненормални, ни фали нешто у главата ли?
Инаку ја конкретно не се секирам нити за прометот на трафиките нити пак за профитот на кафулињата, ама баш ич око не ми трепнуе. Газдете нека си се секираа за тоа, не за џабе отвориле кафуле, за да привлечат клиенти, за пред се нели, да остварат профит.

Ја нити се радуем нити тугуем за законов (ко што праа повеќето), мене ми е ама баш сеисто, ама кој ќе прочитам нешто ко ти што си напишала со радуењево, искрено кажано ми е мило што ви го опнаја законов, грицкај нокти сега!
А мене ми е свеисто дали ти сакаш да пушиш или не сакаш. Само сега ви брцнаја малце у кутиете со цигариња па барате дежурни виновници а сега тоа по дифлот ви се непушачите. Они се криви што непушат.

И за крај чоек (непушач) да не пише по темеве, одма ко хиене се нафрлате дискриминација, дискриминација, дискриминација... :star:
 
MiloBilderce

Bukake anyone ?
Член од
7 ноември 2009
Мислења
1.238
Поени од реакции
70
da be diskriminacija , diskriminacija .. A koga se pusese , nepusacite treba da si kutea ? Koj bese togas diskriminiran ?
 
Трај не спомињај, сега ќе ти реча кој те терал да седиш со пушачи. Си можел да станеш и да заминеш ако ти сметало. :pipi:
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Шо го дрвите со глупи логики бе ....

Порано и да ми сметала цигарата , и да сум се бунел , ке ми речеле "Не е против законот" или *Не умарај , смеам да пушам*

Епа сеа не смеат , и зашто не е во ред законот ?

АКо сакаш да пушиш , искочи надвор , чао пријатно ...
 
Д

ДаркхарТ

Гостин
Читај боље, не реков дека ебана ни е државата туку реков дека е законот, знаеш има разлика. И знаеш има една народна која вика ќејф у ќенеф, така да таму слободно ќејфнуј си колку сакаш.

Викаш кафе со цигаре ко секој нормален човек, а мие шо пиеме само кафе без цигаре сме ненормални, ни фали нешто у главата ли?
Инаку ја конкретно не се секирам нити за прометот на трафиките нити пак за профитот на кафулињата, ама баш ич око не ми трепнуе. Газдете нека си се секираа за тоа, не за џабе отвориле кафуле, за да привлечат клиенти, за пред се нели, да остварат профит.

Ја нити се радуем нити тугуем за законов (ко што праа повеќето), мене ми е ама баш сеисто, ама кој ќе прочитам нешто ко ти што си напишала со радуењево, искрено кажано ми е мило што ви го опнаја законов, грицкај нокти сега!
А мене ми е свеисто дали ти сакаш да пушиш или не сакаш. Само сега ви брцнаја малце у кутиете со цигариња па барате дежурни виновници а сега тоа по дифлот ви се непушачите. Они се криви што непушат.

И за крај чоек (непушач) да не пише по темеве, одма ко хиене се нафрлате дискриминација, дискриминација, дискриминација... :star:
Прва работа.Не генерализирав јас никаде во мојот пост дека непушачите се ненормални.Само спомнав дека јас сакам нормално да си излезам на кафе и со кафето да си запалам цигара.Нешто нејасно?
Ок јас мислев се засекира кога спомна за паломите и трафиките.
Не грицкам нокти драги.Си седам пред компјутер на кајгана и си пушам цигара со кафе.
И за крај.Дискриминација е да! Затоа што додека не постоеше мизерниов закон никаде ве немаше да се побуните за било што како што напоменав во предходни постови.Сега се ви смета.Дали пред да се донесе овој закон некој вас непушачите ве дискриминираше како што е случајов сега?
Излегувавте и вие по кафулиња и слично заедно со пушачи и никогаш ама никогаш за моиве 19 години не сум слушнала дека на некој тоа му пречи.
Значи вие никогаш не сте биле дискриминирани како што сме ние во случајов.
 
Case closed ..:nesvest:
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
235
Поени од реакции
18
da be diskriminacija , diskriminacija .. A koga se pusese , nepusacite treba da si kutea ? Koj bese togas diskriminiran ?

Па ова ти што го збориш нема врска многу со законов, освен ако сите луѓе со кои се дружиш се непушачи, па сега можете сите да уживате во предностите на ретардираниов закон.
А доколку имаш и другари/ки пушачи, тогаш пак ќе ти смета чадот од цигарите, на пример коа седите дома...Овој закон не ве заштитува многу вас непушачите. Вие на овој или оној начин ќе бидете опколени со нас, пушачите.
поздрав
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Ако нека бидат, шо е воа си седнал у кафич цигара да не можеш да запалиш, па боље дома ке пијам кафе за шо да ги давам парите кога ке стојам покрај зидчето надвор со шољата кафе:tapp:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom