Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Член од
18 јануари 2008
Мислења
131
Поени од реакции
14
Awesome. За 5 минути што ќе излезете надвор да испушите од тој отровот правите проблеми. Себичен народ еј у пм. Ми пречи мене на очите, ми солзат. И што сега? Треба јас да излезам оти некој не може да си контролира нагони?


Епа ај триесет души ке излезат надвор затоа што на еден му солзат очите...... :nesvest: И мене уште не ми е јасно еве се воведе законот зашто кафичиве се празни само келнерите се внатре и максимум уште двајца тројца :toe: . Кај се непушачите сега да уживаат во свежиот воздух и на раат да си седат во кафич или кафана... Тоа мене некако не ми е јасно :kesa:


П.С Носи си капки за очи во џеб и немаш гајле :wink:
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Пусто МАКЕДОНЧЕ, може да преџвака менување на име на држава, а притоа да седи и ќути како п*ченце во ќоше, а за цигариве ако треба и бунт ќе се дигне... :toe:
:cuc: Како си само у право
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Не сум толку проблеатичен непушач, колку што ме нервираат кафанџиските бизнисмени и медиумските дупелизци што се најгласни, не оти ги боли за вас, туку ги боли за нивниот џеб да не се испразни. Така што и вие сте манипулирани... и повторна ситуација симни ја топката пониско и гледај си сеир... и то
Види, затоа отвараат такви објекти за да им се наполни џебот за дадената услуга која ние неможеме без нив да си ја дозволиме (пр. нема ДЈ Гоце од САФ секој четврток да иде кај мене и да ми пушта музика и нема да има добри жени кај мене туку ќе бидат во хавана).

Затоа е угостителството. Ако мислиш дека само ние сме изманипулирани си згрешил :)

Не е поентата во тоа, туку дека сите дремат дома и не ги боли таквото, а овде за цигариве кренавте галама како да ви рекол некој да бирате помеѓу ќерка и син...
Не си пушач и незнаеш како е! Тоа е исто како да ти забранат да јадеш леб !!!

Пази да не затворат во сабота сите локали + сега е многу подобро отколку кога беше дозволено пушењето, а тоа дека на некого му опаднал прометот поради законов е приказна за мали деца...

Се гледаме на Глен Морисон во сабота (ако работи Колосеум :kesa:)
Ако не затворат, ако не протестираат ќе пропаднат (помалите локали а поголемите ќе останат)
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Интересно е што во кола може да се пуши. Јас попрво тоа би забранил (но само на шоферот сопатниците нека пушат) откјолку во кафичи. По опасно е да се пуши додека се вози отколку да си во кафич со добра вентилација каде е дозволено пушење.



Абе и мене ми солзеле од чад но во просторија (најчесто домашна) каде нема вентилација. Доколку има добра вентилација не е толку трагично како што го преставуваат тоа. Дури и да нема ако има високи плафони не е страшно до толку да солзат очи.
Во кафана се пие и се пуши, ако не сакаш да ти лути оди во библиотека. :helou:
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Пусто МАКЕДОНЧЕ, може да преџвака менување на име на држава, а притоа да седи и ќути како п*ченце во ќоше, а за цигариве ако треба и бунт ќе се дигне... :toe:
епа на сите им е многу важно да пушат нешто..некои цигари,некои да им го "пуши" на ЕУ итн....но по се изгледа првите излегоа вистински "патриоти" во пушачка смисла на зборот:pos2:
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Yeah right, немаш контра-аргумент, ајде со навреди. За посебно мислам дека имаше ама колку функционираше незнам. Не сум против пушачите и нивните слабости што не можат да одолеат на цигара, ама мора да се најде начин да се регулира тоа. Нека стават посебно нека заградат што и да е, важно нејќам чад у фаца.
ти имаш сигурно некоја алергија,мораш по итно кај доктор,а до тогаш само маската и капките му е мајката...:pos2::tapp:
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Епа друже ти си пушач и не знаеш на мене како ми смета димот од цигарите... :smir:
Знам дека на некој им смета ама има и доста други заеднички работи кои ни сметаат повеќе, а ова што се случува сега е само уште една делба помеѓу нас.

Твојата госпоџа ако пуши ќе ти смета (а да кажеме дека јас сакаш)?

Значи почнавме да правиме делби за нај моронските работи во животот... не е на рано тоа...
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Епа друже ти си пушач и не знаеш на мене како ми смета димот од цигарите... :smir:
немој да влегуваш во такви простори каде што се пуши и си го решил проблемот со чадот...планина бате планина е за тебе закон..:wink:таму нема никакви чадови...
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
А димот од колите не ти смета.
Летна тераса на кафич покрај улица, на некои ке им смета чадот од цигарите. Прајслес се овие непушачиве. Да не беше законов мутав, никој немаше да се буни.
 
П

Паспарту

Гостин
немој да влегуваш во такви простори каде што се пуши и си го решил проблемот со чадот...планина бате планина е за тебе закон..:wink:
Друже ова болдираново важи и за вас, само пред пуши стави НЕ СЕ... :)
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Види, затоа отвараат такви објекти за да им се наполни џебот за дадената услуга која ние неможеме без нив да си ја дозволиме (пр. нема ДЈ Гоце од САФ секој четврток да иде кај мене и да ми пушта музика и нема да има добри жени кај мене туку ќе бидат во хавана).

Затоа е угостителството. Ако мислиш дека само ние сме изманипулирани си згрешил :)
Ти рече ние, јас реков вие сте изманипулирани и пата- пата сме :)

Инаку попатно, јас бев пушач и тоа страствен. Две кутии не ми беа доволни на ден...пробам да ве разберам... решението можеби би било во високите такси за отворање на угостителски објект во кој би се пушело, па кој може нека отвори таков, нека настане гетоизација по основ на пушачи и непушачи... така ДЈ Гоце ќе заработи дупла дневница и кај пушачите и кај непушачите...и друго кој непушач сака нека оди во такви објекти, а на пушач да му се забрани да доаѓа во непушачки објект... исто како двојазичност, тројазичност и повеќе јазичност...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom