Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
И сум излегувала, па нигде не продефилирав со траспарент дека сум напраила отстапка и сум била фер кон непушачи. И ќе излегувам секогаш кога во моја близина има бебе/дете, трудница или човек на кого сериозно по здравјето му штети мојот дим. Ама онаму каде што ми е удобно да пијам кафе и да пушам и каде што не сум врзала никого да седи до мене и знам дека не предизвикувам штета-не правам отстапка.

Не го земаш во предвид вработениот кој неспорно го компромитира своето здравје поради твојот комфорт. Без разлика дали е пушач или човек спремен да си наштети за парите кои ги зема, неговото здравје да се заштити со закон е сосема оправдано. Ако одиме веќе во крајности, зошто изборот на еден човек да излезе да се забавува во “загадена“ просторија е избор со една тежина, а изборот да работиш во “загадена“ просторија е со сосема друга тежина.

Е сега прашање на субјективна одлука е чие “право“ да се штити, правото на себично задоволство или правото на чист воздух на вработениот (кој по принцип на некој начин е приморан да присуствува). Ајде од овај аспект да разговараме за нечија “дискриминација“ како шо милувате да ја наречите.
 
Грижата, а воедно и безбедноста и здравјето на вработените е обврска на работодавачот, не моја. Друго, ризиците и штетностите на моето работно место си ги знам, и кога сум се нафатила да работам на тоа работно место подготвена сум на истите. Значи, добра волја и здрав разум, а не примораност. Во спротивно, локалот ќе го гледам од другата страна на вратата.
 
Не сметаш дека вработениот зема плата за тоа ? Ама чекај тој го троши здравјето.. Во споредба со милиони луге што работат во нуклеарни реактори, рудници, и милјарда други хазарди работи келнерот е најмалку оштетен.

Впрочем слободно општество фукционира така да ако навистина има некои позначајни штети по здравјето тогаш самите луѓе не би се нафаќале да работат како келнери поради тоа. И тоа следствено ќе ги покачи платите на келнерите, и тогаш сигурно ќе се најде некој кој е спремен за таа сума да ризикува дел од здравјето..

Човекот секогаш калкулирано превзема ризици по здравјето, во случајов каклукацијата на келнерите е дека пушењето не му штети.

Ако мора да се заштити келнерот оти тој е "приморан" да работи како келнер тогаш сакам да слушнам кој е твојот предлог како да ги заштитииме сите останати хазардни професси кои се "приморани" тоа да го работат ???

Тоа е она што ти го кажав, тие не мора да го работат тоа. Тие си ценат колку здравје губат колку плата добиват и така одлучуваат. Ако не беше така тогаш требаше закон сите војници да останат во касарни оти тие немаат друг избор освем да го ризикуваат животот ако излезат од касарна!

Целото човештво денес се движи на таа основа: за правата цена луѓе го ризикуваат здравјето и животот.
 
Да се обидеше да ги прочиташ барем дел од предходните постови ќе видеше дека проблемот со цигарите е многу повеќе од „исправување криви дрини„ Зголемена концентрација од тутунски чад во релативно мала просторија и на пократко време никако не е работа за потценување ни за здрави луѓе. А каде се оние со хронични заболувања, нека не излегуваат од дома, а?

Јас сето то го знам. Знам колку се штетни цигарите, ама исто така знам дека штом ќе излезам надвор или штом ќе отворам прозорец за да излуфтирам некој шо пушел, надвор има поголемо загадување отколку цигарите.

Единствено што се сложувам е да не се пуши во места каде што се јади, оти стварно, и пушач некој да е, ќе му смета цигарата додека јади.

Законот ти е „преглуп„ затоа што ти забранува да ги труеш луѓето? Или сите работи што ги наброи погоре не се доволни па уште цигарите ни фалат?

И јас нејќам да ме труе некој со мишките, па ме труе.
Ок, не е то муабетот. Муабетот ми е дека кога веќе почнуваат од работи што штетат на човековото здравје, нека почнат од големите, на пример, ете, од воздухот што го дишиме. Пример, оџаците во Рек. Свесни сте колкава штета и колкави гасови испушта Рек?..
Значи муабетот е мора од негде да се почни, па ај нека бидат цигарите, шојма врска дека дишиме веќе загаден воздух. Ај ти се молам.

И ај доста со тој буџет, абе сватете дека не сакаме да не труете... ако при тоа го поднаполните истиот учејќи совесност, дотолку подобро.

Учејќи совесност?
Па за мене ти не си совесен оти не ги оставаш тие шо сакат да пушат.
Ај не ми продавај морал те молам.
 
Законот не само што е дискриминирачки за пушачите , туку е и потполно идиотски напишан...како е можно овој закон башка што важи за објекти од затворен тип , да важи и за објекти од отворен тип ( као што се летни бавчи ) ?? Ако веќе сакаа да спроведат ваков закон , тоа не се прави вака...требаше да се стави некоја ставка со која што самите угостителски објекти ќе бираат дали сакаат да биде дозволено пушење или не , и аналогно на тоа да си платат лиценца или слично...во сите европски држави каде што е донесен ваков или сличен закон , има оставено самиот сопственик да си одлучи дали сака во објектот да биде дозволено пушењето или не...ме радува само една работа од цела оваа глупост , а тоа е дека нема шанси овој закон да трае повеќе од 2 до 3 месеци .... или ќе го укинат или ќе го променат ... иначе за глупавите коментари на дел од форуџиите немам коментар ... со тоа само докажуваат колкаво им е нивото на култура.
 
ZeroStyle околу дискриминацијата ја би реплицирал... ми се нафрли на мене за таа дискриминација ко да сум ти убил некој од фамилија... запрашај го прво тој шо ја отворил темава тоест акнетава зашо смета дека е дискриминација после запрашај ги весниците и медиумите пошо и они го тупат со дискриминација...
и да не сум оф топик

по 6ти пат кажувам решение шо е можно за законов.
одделени простории. посебно за пушачи посебно за непушачи.
а законов ке г оставиме да биде каков што е и ако го спроведуваат како што треба ке искочи на виделина угостителите колку КРАТКОРОЧНО ке осетат загуба или пад на прометот... па.. да видиме што ке се дешава... пред 2 дена поминав покрај кеј ги гледам кафичине празни. не дека од инат зборам ама гледам внатре 2ца тројца само.. другото се надвор пушат цигара...
 
Грижата, а воедно и безбедноста и здравјето на вработените е обврска на работодавачот, не моја. Друго, ризиците и штетностите на моето работно место си ги знам, и кога сум се нафатила да работам на тоа работно место подготвена сум на истите. Значи, добра волја и здрав разум, а не примораност. Во спротивно, локалот ќе го гледам од другата страна на вратата.

Јас те разбирам, ти сметаш дека е во ред да се компромитира нечие здравје поради твојот комфорт. Значи ти оправдуваш колатерална штета да биде здравјето на угостителскиот работник, зато шо за тебе е преголем дискомфорт да излезеш на 5 минути за да ја испушиш цигарата.

Е сега ти можи својата егоцентрична и крајно себична вистина да ја сметаш за ултимативна, ама прашање на одлука е сепак. Објективноста крај краева е склоп од договорен број субјективности.

Според мене то шо секој пушач од чиста култура требаше да го прај, сега е приморан. На само без да компромитира ничиј комфорт и здравје да си ужива во цигарата.

Само човечност треба за да го разбериш ова, џабе ќе се надвикваме.
 
Е да бе сегде има одделени простории за пушачи и непушачи, зашо да нема и кај нас?
 
Фин закон. Нека трепка. Барем додека трае ладното.
Доста трпев гушење додека јадам во локалната или школската сендвичара. Payback time!!
Карма, баланс во универзумот, eвропски правила и норми, што и да е - ми одговара.
 
Е да бе сегде има одделени простории за пушачи и непушачи, зашо да нема и кај нас?

Мислам дека тоа е крајната цел од се ова. Јасно е дека ваква забрана не може до крај да се истера, доволно ќе биде да се влее малце страв како што беше за шлајмовите и пикавците, од кои откако се изгореа пар јадници сите се упристоија на крајот.
Ќе се најде НЗС што на сите ни одговара, поделба на локалите или лиценци.
Тоа со пари за буџет пунење од казни(доколку им била намера) нема да им успее, бидејќи се почитува ова секаде кај што се провртев деновиве, ама затоа на лиценци ќе лапнат по нешто ваљда.
На крај сите задовлни ќе сме си, ние ќе пушиме со некакви ограничуцања, хипохондриците ќе го тераат трипот во кој пишува дека ќе живеат бескрајно ако никој не ги труе, а само угостителите го изедоа немиен. Уствари и они ќе се снајдат, кафето плус 10 денара кебапите такоџе и баш сите среќни на крај :)
 
Мене ми е супер:smir: ни мирисам на цигари кога ке си одам сега можам и на раат да си сеам без да му пребацувам на некој дека димот оди во мене и ред други работи
 
Мислам дека тоа е крајната цел од се ова. Јасно е дека ваква забрана не може до крај да се истера, доволно ќе биде да се влее малце страв како што беше за шлајмовите и пикавците, од кои откако се изгореа пар јадници сите се упристоија на крајот.
Ќе се најде НЗС што на сите ни одговара, поделба на локалите или лиценци.
Тоа со пари за буџет пунење од казни(доколку им била намера) нема да им успее, бидејќи се почитува ова секаде кај што се провртев деновиве, ама затоа на лиценци ќе лапнат по нешто ваљда.
На крај сите задовлни ќе сме си, ние ќе пушиме со некакви ограничуцања, хипохондриците ќе го тераат трипот во кој пишува дека ќе живеат бескрајно ако никој не ги труе, а само угостителите го изедоа немиен. Уствари и они ќе се снајдат, кафето плус 10 денара кебапите такоџе и баш сите среќни на крај :)
Нема доколку тоа им е намерата, не знам дали се праат или глупи или слепи или ретардирани али насекаде има можност да кажат дали локалите се за пушачи или непушачи.
Финтата е сеа што ќе воведат лиценци кои или ќе ги претворат сите локали за пушачки каде наместо да се натераат угостителите да стават вентилација ќе го полнат буџетот .Така да на крај ќе се сведе до зголемување на цената на пијачките како краен резултат во тие кафичи кои ќе го преживеат ова премреже и затворање на останатите кафичи кои ќе немаат доволно пари да платат лиценци или пак ќе се окарактеризираат како непушачи што евентуално пак би довело до нивно затворање,бидејќи мнозинството се пушачи или пак познаваат некој кој пуши .
Главниот проблем не се пушачите, туку немање пристојна вентилација. Незнам дали некој седел во локал каде ветилацијата се сведува на отварање врата да се луфтира иако надвор е 50- .
Како и да е вака функционира океј, јас на пример кога пијам алхохол морам да запалам и мирно си се клатам до надвор си палам цигарче и си се враќам не преставува некој поголем проблем, не знам за другите :)
Додуша јас само коа пијам и палам максимум 3-4 ...

Така да ајмо нова тура на качување на цените
 
Мислам дека тоа е крајната цел од се ова. Јасно е дека ваква забрана не може до крај да се истера, доволно ќе биде да се влее малце страв како што беше за шлајмовите и пикавците, од кои откако се изгореа пар јадници сите се упристоија на крајот.
Ќе се најде НЗС што на сите ни одговара, поделба на локалите или лиценци.
Тоа со пари за буџет пунење од казни(доколку им била намера) нема да им успее, бидејќи се почитува ова секаде кај што се провртев деновиве, ама затоа на лиценци ќе лапнат по нешто ваљда.
На крај сите задовлни ќе сме си, ние ќе пушиме со некакви ограничуцања, хипохондриците ќе го тераат трипот во кој пишува дека ќе живеат бескрајно ако никој не ги труе, а само угостителите го изедоа немиен. Уствари и они ќе се снајдат, кафето плус 10 денара кебапите такоџе и баш сите среќни на крај :)

лиценци ако им даваат ке испадне некој начин арач мавање... по незнам ти кој пат нагласувам на форумов. најдобра и најпаметна идеа е да се оддели просторот... посебно пушачи посебно непушачи. па кај милуваш таму седни. ем пушачи задоволни ем непушачи задоволни ем газдата задоволен...

а ова околу цените плус 10 денара ова 10 денара она... мене ми мириса дека ке биде вака ако го остават законов каков што е... пошо нели ке им се намали прометот онда мора да се снајдат некао ... е сеа верувам и на нашиве драги непушачи ке им одговара и ова.. шо се денеска 10 денара да дадете повеќе нишо.. нема да мирисате на цигари ко шо се жалите по форумов, башка ке си го зачувате здравјето и ке живеете некоја година поише за разлика од нас пушачите :smir:

здравје со пари знаеме дека не се купува така да 10 денара ке дадете поише и месо да дишите чад ке дишите чиииииииист воздх..
мислам фер е вака :) сите задоволни на крај :)
 
2370900966_804d06c2e8.jpg
3278135.Dscf0084.jpg
armpit.jpg
ARMPIT_POWAH_by_Sweet_Babboo.jpg
 
Откако го попушивме со законот за пушење од утре стартува и новиот закон за пиење со кој не смееме да имаме над 0.1 промил алкохол, народски речено едно пиво. Почнувам да размислувам за селидба.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom