Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Никој не ми одговори.Јадел ли некој казна до сега?
 
Ednostavno premnogu se pisuva..nemozam ni da pratam :))

Prosto prasanje.. bidejki prethodno gledam nekoi go studirale zakonot..
dali NARGELETO e zabraneto???? Ne zagaduva a sekoj pusac ke si ja dobie potrebnata doza na nikotin...mozebi toa e spasot :)
 
Постот е скратен ради простор......оригиналот ти стои...

Какво бе намалување...сонувај си само....дневната норма на овој или оној начин ќе си ја исполниме.....значи ништо од тоа....дури може дозата да биде и зголемена од причина што кога ќе излезеш надвор дали од кафана или работна просторија наместо една цигара на брзина ќе мавнеш две, три....
Можеш и цело пакло наеднаш кога веќе си тргнал натаму.
Заштеда сепак ќе има, затоа што нема со себе да повлечеш луѓе од кафана или работна просторија во болничка соба. Comprende?
 
Можеш и цело пакло наеднаш кога веќе си тргнал натаму.
Заштеда сепак ќе има, затоа што нема со себе да повлечеш луѓе од кафана или работна просторија во болничка соба. Comprende?

А што правиме ако работната просторија е моја лична приватна сопственост и не е од категоријата „јавно собиралиште’’ и имам издвоена просторија која не е за странки.....дали тука ми се узурпира правото на владеењето со мојот имот?
 
Колку што разбирам јас забраната од законот се однесува на јавни објекти. Значи ако не ти идат странки и/или вработени во работната просторија... сигурен сум дека можеш да правиш што сакаш. У најмала рака на никој нема да му сметаш. Knock yourself out! :wink:
 
Лошо си разбрал!

Забраната е генерална.
 
Кога сме кај ставката парични казни,таа во следниот буџет мислам оти учествува со 0,3%,што и не е така мегаломанска сума.
 
Сепак мислам дека, како што велат дека непушачите сами избираат дали сакаат да седат со пушачи во некој кафич/ресторан/нешто трето, така и пушачите можат да одберат помеѓу тоа да се стрпат неколку часа од палење цигари во тие места, додека се со непушачите, или да си останат дома и да си пушат колку им душа сака... Зашто навистина се глупави, и според мене, неосновани, сценарија од типот на:

(на поларни температури како што се моменталните)

A: Брат, ајде, одиме во кафичот „Х“, не сме се виделе пола година?
Б: Еј, брат, не можам сега, не им одам веќе, не можам да пушам сеа со новиов закон, дај некој ден кај тебе/мене ќе се собереме.

-Мислам дека е јасно, во тие места, до пред да се воведе законот, не се одеше со цел да се пуши, туку едноставно, да се воспостави чин на социјализација со другите луѓе. :)
 
Не сум пушач.
Не ми ни сметаат цигари.
Али ми смета арогантниот став на пушачите.
Да бевме луѓе, и да бевме коректни, немаше да има потреба од ЗАКОН и рестрикција за Пушачи.

Шо? Егото не им дава да изгасат цигара? Мангуплукот и отровот го ставаат пред мене?
Чим нема компромис. Ќе има закон.
А со закон следи и пендрак, па осеќајте се ко животињи, ради таа тврдоглавост.

Напети луѓе, простаци, всушност, себични луѓе.

Али нема везе. Не сум имал инцидент до сеа, коа ќе замолам, гасат, иако ретко ми смета...
А сеа, со законов? Ако некој запали и ми чури под нос, а притоа одбие да изгаси ако го замолам? Ау браД, има да распалам поголема буксна од него, не труба, ебан саксофон, ќе му седнам на сепаре и ќе му дувам у Уво!

Не сум кој знај колкав пушач па да не можам без цигара да седам или да купвам по 4 пакети во 3 дена, ама законот ми е преглуп!

Муабетот не е мангуплак или себичност, муабетот е што кога си надвор, си пушел, не си пушел, пак си загаден, де од автобуси, од автомобил, па да не правам муабет за Битола (Рек), Тетово (Депонијата)..
И не да земат да се погрижат за такви работи, што го трујат воздухот, тие зедоја демек ќе исправуват криви дрини со цигарите. Дај ти се молам. И слеп би видел дека сето ова е за полнење на буџетот.
 
-Мислам дека е јасно, во тие места, до пред да се воведе законот, не се одеше со цел да се пуши, туку едноставно, да се воспостави чин на социјализација со другите луѓе. :)
Ништо од тоа не е изменето ни сега по воведувањето од законот. Законот не спречува социјализација, само труење на недолжни луѓе.
 
Не сум кој знај колкав пушач па да не можам без цигара да седам или да купвам по 4 пакети во 3 дена, ама законот ми е преглуп!

Муабетот не е мангуплак или себичност, муабетот е што кога си надвор, си пушел, не си пушел, пак си загаден, де од автобуси, од автомобил, па да не правам муабет за Битола (Рек), Тетово (Депонијата)..
И не да земат да се погрижат за такви работи, што го трујат воздухот, тие зедоја демек ќе исправуват криви дрини со цигарите. Дај ти се молам. И слеп би видел дека сето ова е за полнење на буџетот.

Зарем не треба да се почне од негде?
Надвор било загадено, било вакво, било такво. Епа ај уше толку да загадуваме? -.-

Инаку, не мрчам за цигари од здравствени причини или некој такви глупости.
Едноставно, некад ко ќе ми зачурат 5 цигари под нос, гнасно ми е, ме иритира димот, ми смета.
Несмеам ја да влезам у дискотека пошо сум непушач?
Влагаш у кастро или капан, искачаш со крвави очи ебате.
 
Алооооо...душегрижнику....си ја утнал темата....

Законот е само за ограничување на пушењето на одредени места......
....оди таму во подфорум Здравје и разглабај докторски дисертации.:helou:

Добро пријателе, ќе бидам подиректен,иако претходно сакав да ги образложам причините заради кои ваков закон е донесен во сите земји на ЕУ ,па еве конечно и кај нас.
Значи,како што пишав претходно,јас бев пушач и труев други околу мене, свесен сум за тоа. Ги баталив цигарите одамна , и многу подобро се осеќам, не фрлам “кал“ на сабајле што ми беше за добро утро, ама сега сум од другата страна и гледам како што сум труел јас некого ,сега јас кркам дим без врска, и ми смета.
Затоа го поддржувам законот, на јавни места треба да биде забрането пушењето, а кој сака да се труе по секоја цена , може надвор, дома, нека се труе до крај, со задоволство, не ми смета воопшто.
 
Не сум кој знај колкав пушач па да не можам без цигара да седам или да купвам по 4 пакети во 3 дена, ама законот ми е преглуп!

Муабетот не е мангуплак или себичност, муабетот е што кога си надвор, си пушел, не си пушел, пак си загаден, де од автобуси, од автомобил, па да не правам муабет за Битола (Рек), Тетово (Депонијата)..
И не да земат да се погрижат за такви работи, што го трујат воздухот, тие зедоја демек ќе исправуват криви дрини со цигарите. Дај ти се молам. И слеп би видел дека сето ова е за полнење на буџетот.
Да се обидеше да ги прочиташ барем дел од предходните постови ќе видеше дека проблемот со цигарите е многу повеќе од „исправување криви дрини„ Зголемена концентрација од тутунски чад во релативно мала просторија и на пократко време никако не е работа за потценување ни за здрави луѓе. А каде се оние со хронични заболувања, нека не излегуваат од дома, а?

Законот ти е „преглуп„ затоа што ти забранува да ги труеш луѓето? Или сите работи што ги наброи погоре не се доволни па уште цигарите ни фалат?

И ај доста со тој буџет, абе сватете дека не сакаме да не труете... ако при тоа го поднаполните истиот учејќи совесност, дотолку подобро.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom