Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Програмата од 100 чекори,ја прекрстуваме во 100 најглупави закони.
Се пушело и во дискотеки,секој на своја рака,ќе видиме колку ќе успее.Страшно е на зима,за потоа ич нема ни да влегуваме,златен воздух надвор,само да не е тетовски:)))

За Тетово,ОКТА,РЕК-Битола и слични места,пушењето треба да биде задолжително,како превентивна мерка за директна заштита од вдишување на канцерогени честици со чадот на блиската градска депонија или оџаците на блиската фабрика.Значи филтерот од цигарите покрај честиците од тутунскиот катран и слично,ќе ве заштити и од јагленовата прашина,кадмиум,олово,цинк,арсен и се друго што испуштаат депониите,фабриките па и автомобилите.Само што тоа никој во државава не го кажува и љубоморно си го чува за себе.:smir:
 
Леле бре! Па не зборуваме дека само за непушачите е штетно чадењето на пушачите. Абре и за пушачите државата се грижи да не си го уништуваат здравјето!
А за болдираното-па пушачите тоа и се! Посебен вид кој не треба да исчезне туку да исчезне нивната лоша и неубава навика-пушењето!

Абе види сеа сите си имаме лоши навики па колку што знам не е дека се применуваат санкции против нив а многубројни се и нема потреба да се набројуваат.
Ако земеш во предвид што се влијае штетно на здравјето ќе се дојде до заклучок дека многу неште треба да се забранат.
И друга работа-Нека се одделат од непушачите ок е сето тоа,простории покрај вецња,на влезовите или сл..ама ова више е претеризам

Не верувам дека на некој му се фрлаат 300 евра за една цигара... колку да го опипа законот :pos:

Као демек не го знаеш балкан смер системот на фукционирање-ќе си терам по мое се дур не видам дека на некого не лупаат казни.До тогаш сето ова не важи.Јас на тоа алудирав
 
Во која биртија да излезеш бе см*деж? Ти или си тежок деген или си тежок опинок! Како по кафиќи да не се пуши исти таков ти е мирис си е мирис дим си е дим. :tapp:
Нема потреба од навреди.
Она што мора да го разбереш е дека човекот е зависник и сето ова го гледа низ призмата на таа зависност. Навикнат е на мирисот (смрдеата поточно) и едноставно не ја чуствува. Како кога ќе наминеш кај познаник кој чува неколку куќни миленици во помал стан... ти веднаш ќе го почуствуваш мирисот ама не и тој, бидејќи постојано е со тој мирис и навикнат е на него. Освен што во вториов случај се работи за неопасни природни мириси и што домашните миленици не посетуваат локали и јавните објекти. :wink:

Знаете на крајот како испаѓа.
Од аспект на пушачите: вие сте крајно дикриминирани и овој закон е неверојатна глупост која му текнала некому кој немал попаметна работа. Нека дојде и нека види како вие сега вам па потоа нека зборува.
Од аспект на непушачите: конечно нешто се превзема по тоа прашање. Не мора после секое излегување да се луфтираат или перат алиштата бидејќи смрдат на цигари. Нема повеќе да се труеме, иако не пушиме. Кога влегуваме во кафич или дискотека нема чадот од цигарите да биде првото нешто што ќе ни падне во очи.
Јас како непушач апсолутно го поддржувам законов. Можеби најправедно е да има места за пушачи и непушачи, но бидејќи кај нас нема услови за такво нешто тогаш нека важи законов. Кога ние досега можевме ни криви ни должни да го трпиме чадот од цигарите, зошто сега пушачите да не можат да изгржат:).
И да, вчера бев во кафана во која се почитуваше законот. Знаете колку беше попријатно за престој отколку пред да се донесе.
Уште кога би сакале да се обидат да го видат тоа од друг агол освен сопствениот...
 
Предлогот за одделени простории за пушачи и непушачи скоро и да е неостварлив.Имаше обиди и претходно,ефектот речиси никаков,само мал број објекти можат да го исполнат,а инаку предлогот е добар.Во повеќе држави кај што сум бил,тој принцип се применува.Ама кај нас е тешко остварлив,со оглед на тоа што подрумски простории и шупи ни се преориентирани во угостителски објекти.
Би додал на ова твоево Кајзер дека многу зависеше од тоа што го спомена, од конкретниот ресторан. Пример мексиканскиот ресторан беше така поставен-со место за пушачи и непушачи, но не беше зачадено токму ради добрата вентилација.

Не е важно тоа, важно е дека опасноста од цигарите е поголема од таа на фабриките, автомобилите и заборавив автобусите стари над 25 години.
Тие се мало гајле према ова

http://www.pressonline.com.mk/?ItemID=AC4A38EF3B7677488C4D537DEB928C4A
...со одлуката за изградба на депонија за нуклеарни отпадоци во близината на Петровец, како и заради преголемата загаденост на реката Вардар со хемикалии од индустриските и земјоделските активности, но и од отпадните фекални води од македонските агломерации кои се наоѓаат во должината на течението на Вардар, посебно околу градот Велес.
Во одговорот на Европската комисија, се вели дека Комисијата не била информирана од македонските власти за планот за изградба на депонија за радиоактивен отпад. Во согласност со членот 103 од договорот за стабилизација и асоцијација, Македонија се има обврзано да и ги даде на ЕУ сите информации кои се однесуваат на нејзините евентуални намери да увезува или да складира радиоактивен отпад. Комесарот задолжен за проширувањето Оли Рен, потсетува дека одговорноста за раководење со радиоактивните отпади и нивното складирање и уништување се во надлежност на Државата од која тие произлегуваат. Властите на Државата се тие кои треба да дадат оправдувања за местото на изградба на такви инсталации, водејќи сметка за меѓународно признатите норми и принципи.
Датум 3.1.2010, според текстот...Петровец. На здравје.
 
Za zakonov da bide dobar vo najmala raka treba da se modificira.Nema nikakva pricina da se zabranuva pusenjeto na terasite od ugostitelskite objekti i kaznive ili da gi namalat ili so kaznata inspektorot da mu dava i jaze na kaznetiot.

И јас мислев,ама ова е Македонија.Никој не казнува,низ цела Македонија се пушеше на маси пред кафиќи,со пијачката и кафето на маса.И во Охрид добив информации синоќа било исто.Среќа што имаат убави тераси,па можеме и во езерото да си уживаме исто како и досега.
Ни еден закон неможат да го протуркаат,а сто ги донесоа.Моментално најсмешен ми е оној за количеството алкохол во крвта 0,1 промил,па човек ако има киселини повеќе промили ќе извади од дозволените

Pa imale sreka so ne dosla inspekcija,deneska dojdoa vo kaficot kade sto sedev i rekoa deka ako fatele nekoj nadvor(na mestoto za pusenje) so pijalok ke go kaznele.E sega toj so piel i pusel malku potesko ke go kaznat ama gazdata na lokalot ke go jade.
A toa za alkoholot e strasna rabota,dva dena posle pijanka treba da ne vozam kola.

Немам пробано дрога, немам пробано цигара, немам пробано алхохол(освен пиво и вино ама само во посебни пригоди и од чашка повеќе не)! Несакам со овие срања да си го уништувам животот!!!

A so seks kako stois?Imas probano taa rabota,cesto ja praktikuvas ili samo vo posebni prigodi i od ednas poveke ne?
 
Го попушивме... Толкуа е.

Не сакаа да не` сегрегираат во посебни објекти, да не сме се осеќале ко црнци. Затоа вака, надвор пред врата, додека цигарата не не` раздели. Со текот на времето, ќе има разноразни притисоци од угостителите за да се олабави законот. Кој закон кај нас функционирал? Не се сеќавам на таков.

И да, лошо е што воопшто се дискутира на темава и што во муабетите се споменува на поделба меѓу пушачи и непушачи ко да се работи за две различни класи на луѓе. А до вчера, збор не се кажуваше за муката на која се изложени пасивните пушачи. Ќе се навикнеме. Додека цигарата не не` раздели.

Вицотека: Словените дошле на Балканот, кога забраниле пушење позади Карпатите.
 
Го попушивме... Толкуа е.

Не сакаа да не` сегрегираат во посебни објекти, да не сме се осеќале ко црнци. Затоа вака, надвор пред врата, додека цигарата не не` раздели. Со текот на времето, ќе има разноразни притисоци од угостителите за да се олабави законот. Кој закон кај нас функционирал? Не се сеќавам на таков.

И да, лошо е што воопшто се дискутира на темава и што во муабетите се споменува на поделба меѓу пушачи и непушачи ко да се работи за две различни класи на луѓе. А до вчера, збор не се кажуваше за муката на која се изложени пасивните пушачи. Ќе се навикнеме. Додека цигарата не не` раздели.

Вицотека: Словените дошле на Балканот, кога забраниле пушење позади Карпатите.
Јас колку пати ќе сум замолел другарите што пушат да не палат ама џабе, кој те шиша, зборуваш зборуваш и џабе само зборови се трошат! Да не треба на секого посебно да му се вели не пали ова она?

Како што непушачите трпеле толку време, потрпете и вие малку, чекајте да помине малку време, можеби на подобро ќе одат работите:smir:
 
Епа скинете ги цигарите, и сите шетајте се со 2 пикавци у нос и еден у уста, нали, филтри. Се' во името на здравиот живот!

Абе ни тоа не помага,за инспекцијата и така очигледно си корисник на цигари.Единствена алтернатива е тутунот за џвакање,ама е прилично скап за наши услови,зошто нашиве фирми сеуште немаат воведено технологија за негово производство.:smir:
 
Јас колку пати ќе сум замолел другарите што пушат да не палат ама џабе, кој те шиша, зборуваш зборуваш и џабе само зборови се трошат! Да не треба на секого посебно да му се вели не пали ова она?

Како што непушачите трпеле толку време, потрпете и вие малку, чекајте да помине малку време, можеби на подобро ќе одат работите:smir:
Зависи како ќе се поставиш кон законот. На пример јас, како страстен пушач, не ги оставам моите љубени пошто во нив уживам. Ќе си ги пушам дома, пред зграда, пред кафуле кај што треба не е битно...Битно е никому да не му пречам. Особено кога има деца во просторија. Да не праиме муабет дека има толку многу родители што дома ги трујат сопствените деца уште од најрани години. Попрво би ги казнила нив, ако тргнам од етички побуди, отколку овие во кафичиве. Сеедно, сега ќе уживаме во чиста, мирна и здрава околина, сите заедно. Немој некоја фабрика да не ни отворат. Пу, пу, пу, скраја да е! Не сакаат да ни го загадуваат воздухов насушен. Сфаќаме сите со која заднина е законов. Не ги боли нив ташакот за нас и нашето здравје. Да ги болеше, ќе ги укинеа субвенциите за тутунот. Вака - дупла мерка, пари од казни и пари од тутунот. И волкот сит и овците истрижени. :back:
 
Не треба да се дискриминираат пушачите, треба да се остават да уживаат во своето најголемо задоволство. Јас бев пушач,кратко време,и навреме ги баталив,откако видов во што се претворија некои мои блиски,страсни пушачи.Велам,треба дасе остават пушачите ,затоа што сум сватил една работа,бадијала се обидуваш некого да убедиш дека е штетна навика, ќе го сватат тоа кога ќе ги осетат последиците, иако за жал,некогаш е многу доцна...
Но секој има право да си го води животот како сака...
Можеби ќе бидам досаден,но ќе постирам еден извадок,кој ја опишува оваа проблематика, кој сака може да го чита , кој сака нека го игнорира....
Пушењето може вистински да го оштети огрганизмот

Пушењето е најчеста причина за рак на белите дробови, рак на усната празнина, на грлото, на голтникот, но причина и за други малигни заболувања, како и за кардиоваскуларни заболувања, срцев инфаркт и мозочен удар.
Пушењето е главен фактор на ризик за настанувањето на ракот на белите дробови.
Околу 90 % од белодробните карциноми кај мажите и околу 83% кај жените се предизвикани од тутуновиот дим, било да е тој внесен активно, преку пушење или пасивно, преку престојување во простории каде се пуши (пасивни пушачи).
Пушачите на цигари заболуваат 25 до 30 пати почесто во споредба со непушачите.
Ризикот за настанување на ракот на белите дробови се зголемува со:

  • бројот на дневно испушените цигари (повеќе од 20 цигари дневно),
  • времетраењето на пушењето,
  • возраста кога започнало пушењето,
  • длабоко вдишување на тутуновиот дим,
  • поголемата количина на катран и никотин во цигарите ( зависи од видот на цигарите).
Според тоа, поголем ризик имаат лица кои рано почнале да пушат, кои пушат повеќе од 25 цигари дневно, кои длабоко го вдишуваат тутуновиот дим, кои ги пушат цигарите до крај (на крајот цигарите содржат најголема количина на катран, кој е канцероген) и кој пушат цигари со висок % на никотин и катран.
Со вдишувањето на димот од цигарите се внесуваат аеросоли во долните делови на белите дробови. Димот содржи голем број на канцерогени супстанции, а меѓу нив се: полицикличните јаглехидрати, нитроамидите и бензопиренот, кои се едни од најсилните канцерогени материи.
Лицата кои се откажале од пушење имаат помал ризик да заболат од белодробен карцином отколку ако продолжеле да пушат, но нивниот ризик е сепак поголем од оној кај непушачите. Колку повеќе луѓе се откажат од пушење, стапката на белодробниот карцином, кој се јавува кај пушачите ќе опаѓа.
Пушењето е главен фактор на ризик за настанување на ракот на грлото.
Околу 97 % од карциноми на гркланот се предизвикани од тутуновиот дим, било да е тој внесен активно, преку пушење или пасивно, преку престојување во простории каде се пуши (пасивни пушачи).
Пушењето е главен фактор на ризик за настанувањето на туморите на усната празнина и голтникот.
Голем процент од овие тумори се предизикани од тутуновиот дим. Хемикалиите кои се наоѓаат во тутуновиот дим ја оштетуваат слузницата на усната шуплина и голтникот, доведуваат до појава на преканцерозни лезии, кои подоцна може да преминат во карцином.
Пушењето може да го зголеми ризикот и за појава на други малигни заболувања.
Така, ракот на дојката е почест кај пушачи, отколку кај непушачи. Пушењето е фактор на ризик и за настанување на ракот на мочниот меур, ракот на бубрегот, на панкреасот, на хранопроводникот, на дебелото црево, на анусот, на црниот дроб, на женските генитални органи (рак на грлото на матката, рак на вагината).
Пушењето може да го зголеми ризикот и за појава на многу други немалигни заболувања.
Зголемен ризик за кардиоваскуларни и мозочни заболувања.
Пушењето за десет пати го зголемува ризикот за смрт, предизвикана од мозочен или срцев удар.
Заболувања на душните патишта и белите дробови
Долгогодишните пушачите почесто страдаат од хроничен бронхит, емфизем и други заболувања на системот за дишење. Хемикалиите од цигарите се таложат во белите дробови и причинуваат тешкотитии во дишењето.
Не мора да постои бронхитис или емфизем за да се почувствуваат ефектите врз дишењето. Пушењето го намалува капацитет на белите дробови. Обидете се да пливате, да играте фудбал или аеробик, ако сте пушач, дишењето во тек на вежбањето е отежнато.
Пушачите почесто заболуваат од периферна васкуларна болест.
Оваа болест подразбира стеснување на крвните садови со намалување на крвотокот во рацете и нозете. Поради недоволната прокрвеност и исхранетост на рацете и нозете се јавуваат бројни симптоми, како: ладни раце и нозе, трнење и болни грчеви, а во некои случаи може да дојде и до појава на гангрена која бара ампутација на екстремитетите.
Пушењето ја намалува и плодноста, како кај мажите, така и кај жените.
Машките пушачи имаат помал број на сперматозоиди и повеќе абнормални сперматозоиди, во споредба со непушачите.
Женските пушачи имаат повеќе проблеми да останат бремени, во споредба со непушачите и имаат поголем процент на спонтани абортуси во тек на бременоста. Кај бремените жени пушењето може да го оштети плодот.
Пушење во исти простории во кои се наоѓаат и деца, значи дека и децата пушат пасивно. Тие деца почесто настинуваат, добиват почесто воспаление на увото и респираторни заболувања, како што е астма.
По прекинување на пушењето организмот брзо се обновува:

  • Никотинот го напушта организмот во тек на два часа, а останатите опасни хемиски супстанци, како што е јагленородниот моноксид, се губат од крвотокот дури по 12 часа. Споредните продукти од никотинот се губат во тек на два дена.
  • Во тек на следните два месеци, се подобрува крвотокот на рацете и нозете, а белите дробови започнуваат да се обновуваат во тек на три месеци.
  • Се подобрува сетилото за вкус и мирис, кожата го губи сивкастиот изглед, а организмот се ослободува од мирисот на тутун.
Поопширно : http://rak.mk/index.php?option=com_...id=673:pusenje&catid=384:preporaki&Itemid=219

Законот има единствена цел, да делува превентивно во појавата на разни заболувања кај пушачите ,но и кај непушачите. Од финансиска гледна точка,да,се согласувам дека можно е да се намали прометот во кафеаните, некои ќе се затворат, помал прилив во буџет по основ на фискални и други давачки...
Но колку се одвојува од буџет за лечење на белодробни заболувања,кардио васкуларни заболувања, малигни заболувања, во најголем дел од пациенти-страсни пушачи.
Значи,да заклучам, напушач можеш да пробаш да му укажеш на штетната навика,ако не сака да прифати,треба да се остави да ги ужива “благодетите“ на својата страст. А непушачите, па секаде има и колатерална штета....
 
Единствена алтернатива е тутунот за џвакање,ама е прилично скап за наши услови

Не е единствена алтернатива. Друга алтернатива е Бурмут. Ама не знам колку е и тој одржлив за наш стандард :)
 
До некаде да, дискриминација е. Дискриминација се врши врз оној кој своеволно решил да се труе со цигари.
И поубаво ваков закон него пред некое време кога ни фрлија димна бомба во школо за да виделе пушачите како ни е на нас непушачите. Тоа што и ние се гушевме, не се земаше во предвид.
Како и да е, колку што јас знам во некои европски земји законов веќе паднал а во други локалите каде е дозовлено пушење плаќаат поголеми доприноси на државата кои пари властите ги користат во кампањи против пушење. Знали, пушењето сепак не е забрането и казниво со закон, но сепак се превземаат некои мерки.
И верувам дека законов ќе се одрази на економијата само затоа што цела Пелагонија живее од тутунот.
Но кај и да е, законов и од кај нас ќе се слизне.
 
Абе ни тоа не помага,за инспекцијата и така очигледно си корисник на цигари.Единствена алтернатива е тутунот за џвакање,ама е прилично скап за наши услови,зошто нашиве фирми сеуште немаат воведено технологија за негово производство.:smir:


Не сум пушач.
Не ми ни сметаат цигари.
Али ми смета арогантниот став на пушачите.
Да бевме луѓе, и да бевме коректни, немаше да има потреба од ЗАКОН и рестрикција за Пушачи.

Шо? Егото не им дава да изгасат цигара? Мангуплукот и отровот го ставаат пред мене?
Чим нема компромис. Ќе има закон.
А со закон следи и пендрак, па осеќајте се ко животињи, ради таа тврдоглавост.

Напети луѓе, простаци, всушност, себични луѓе.

Али нема везе. Не сум имал инцидент до сеа, коа ќе замолам, гасат, иако ретко ми смета...
А сеа, со законов? Ако некој запали и ми чури под нос, а притоа одбие да изгаси ако го замолам? Ау браД, има да распалам поголема буксна од него, не труба, ебан саксофон, ќе му седнам на сепаре и ќе му дувам у Уво!
 
Тапа закон и приближно глуп како што се и законите за забраната на купување на алхохолни пијалоци после 19:00, како и новиот закон за 0,1 % промили алхохол во крвта кај возачите.
 
Вака - дупла мерка, пари од казни и пари од тутунот.


Ти имаш податок колку пари се од казни собрани минатава година? Или така во афект екцесивни испади прајш заедно со криците на стадото незадоволни, па ти зеде за овци да ми збораш.

Барем елементарна претстава да имаш шо претставува буџетот ќе ти биди јасно дека казните не е апсолутно можно да имат релевантен удел.

Значи конкретно за овај закон збораме, висината на казната се одрази воспитно и никако поинаку. Е сега богами и “најголемиот мангуп“ и најнекултурното говедо шо пушеше кај шо сака “оти куро можат да му јадат“, сега мрзни пред кафич со цигарчето.

Ова влада изгласа голем број идиотски и безпредметни закони, ама драги мои некултурни, себични и безобразни пушачи ова плескање на вашиот газ од владата со две раце го оправдувам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom