Леле бре
dobro poznat :uvo::uvo::uvo::uvo:
Дури и пушачите знаат дека си го уништуваат здравјето, дека законот е за нивно добро ама бидејќи се војници на бц мора да го тврдат спротивното.
Вака, не е дека мислењево ми падна у око, него ова беше последното кое го приметив од повеќето што ги напишавте со иста смисла. Па добро ние јес да сме малечка држава, и јесда писменоста не се крева, генерализирано од 90 проценти, но барем за оваа тема и да го немаме просечниот IQ што го преувеличувате за оваа тема, и не правете глупи, или наполу слепи, наполу неми за проблемов, сите знаат што прават со себе си.
Ова онака просто кажано, секој си е сам своја личност, никој не треба да ми стои на увце и да ми шепка што да правам, зошто и како, а јас да го слушам и да се правам тупа.
Јас доколку пушам, а да се разјасниме, непушач сум, и сосем неутрална во поглед на прашањево, али во конкретна смисла на законот до некаде и ги подржувам пушачите. Значи да се навратам, јас доколку пушам, свесна сум за последиците, свесна сум за моето здравје, и сепак го правам тоа. И сега?
Не е дека сум глупава, па да пушам за да бидам фаца, ни најмалку, барем тоа може да го речат 90 посто од пушачите, и да речам дека е од лична сатисфакција, мое си е, и никој не треба да ме контролира во врска со тоа. Е сега од друга страна, треба да сме свесни колку за самите себе, толку и за тие околу нас, за да знаеме дека непушачите ги правеме пасивни пушачи, што и не е толку релевантно за некого со добро здравје, доколку се земе во предвид најнапред, фабриките и сообраќајот. Во споредба со ова, цигарите се само лош парфем кој некој непушач би го влечел со себе после сеансата која ја одржал, овај де разговорот, средбата со пушачот.
А и на крај, законов воопшто не е паметен, него е искомплициран до даска. Ајде помина законот за плукањево, шо исто го подржувам за ако не почиста барем подобра на изглед, средина, затоа што ни најголемите европски држави, не можат да се пофалат со чист воздух како во природа, него со изгланцана средина по која чекорат индивидуалците, кои во врска со оваа тема, само ја преувеличуваат штетноста на тутунот, која не може да се занемари, за да излезат со свое, спротивставено мислење, на посебна и очигледна тема, на која можат да дискутираат, затоа што историјата или сајнс фикшнот е премногу за нив.
И впрочем, г-це netmkd (не го знам вашето име, за жал) не само вашето него и мислењето на повеќето поединци, е ставено на рипит, само камуфлирано со различен избор на зборови. Извинете што вака ќе се изразам, ама земено на било чие интелектуално ниво, овој муабет кој го правиме овде, е млатење слама.
Решението во врска со овој закон, би било поедноставно отколку неговото предложување/стапување/извршување на/во сила. - т.е. најдовлно ќе беше да се создадат посебни простории за пушачите во затворени места, а рестрикцијата од пушење на отворени места да не биде ригорозна, него во врска со тоа доволно е да се почитува законот за јавна чистота, односно отпушоците да се фрлаат в корпи, затоа што ако вие се шетате на плоштад, и еве не мора еден, ако десетици луѓе пушат, вие нема да осетите разлика во воздухот што го вдишувате.
Извинете за олку тупење на очигледна тема, ама едноставно бев во искушение да пишам (не морав, дека никој не ме повика, нити примора да пишам).
И плус, како додаток во мислењево, што се исполитизира до некаде се исполитизира темава, но најмногу и најдиректно од вас. Дека можеби другите во муабет со не преголема важност и индиректно или директно ја спомнале владата, а и во право се и не мораат да бидат симпатизери на опозиција за да сфатат дека владата овде прави очигледна грешка "сакајќи да подади чекор кон ЕУ".
Е извини ама ти ја исполитизира оваа тема :wink:
И зошто мислиш дека моето мислење е исполитизирано? Точно е дека народот има право да размислува со своја глава ама народот ја избра оваа влада затоа што оваа влада еднаш се покажала како најдобра па нормално дека потоа секогаш ќе ја избираат и ќе имаат доверба во неа и законите што ги спроведува :wink: А мислам ако се покаже со спроведувањето на законите т.е спроведува закони добри за државата народот секако дека ќе ги подржува законите и секако дека ќе му се допаѓаат. А ако владата не се покажеше немаше никој да ја избере а камо ли да ги подржува спроведените закони :wink:
И да точно е - јас сум една и единствена :helou:
Финтава со постот демек е: Ја не пушам, не пијам и не пцујам - У пи..у ма..р ми падна цигарата у пиво?? :pos2:
:smir::smir: