Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Луге вака сега како и секој закон и овој има дупки и тоа цели јами а не шахти еве се најде одма,јунак и за овој ГЛУП ЗАКОН да го среди:vozbud::pos2: е сега кој носи глупи закони се знае каков е и чичо миле јанакиевски ( го пишувам со мали букви пошо не заслужува да се пише со големи ќути пред уставен за законот за градби се брани со молчење) муабетот мие за законов за пушење,кажав кој е поднесувач на законов и зошто европеецот го поднел и дека се работи за исфрустрирано копиле од европа,работава е што ептен не држи вода бре еј рафинерија не труе во околината на цементарница на 5 деца 3 деца патат од асма а 4 од 5 деца имаат алергиски реакции и проблеми. така да за здрав живот нека не продаваат онакви, да ви кажам нешто од лично искуство пра дедоми кога умре имаше 102 години почнал а пушел одкако знаел за себе,тој без една табакера тутун дневно не поминуваше ( една табакера тутун има околу 3 кутии цигари а некој и повеќе) тој човек никогаш немал проблем со дишните патишта или астма или што ја знам,а да не збориме дека до пред 50 години маж небеше маж ако непуши и тогаш ако не се лажам животниот век беше подолг од денес нее спорно дека цигарите се штетни не го велам тоа но ако јас сум избрал да се трујам никој нема право да ми го забрани тоа а ако некој кој непуши му смета тоа нека оди на места кајшто не се пуши и крај , иначе во цело соседство падна законов и во неколку европски земји ај да видиме овде како ке пројде
 
Што му фали на едно место да е smokers/nonsmokers? :(

Тоа што ме може секое место да биде одвоено преградувано значи чини пари за сопствениците и ваков закон има ама не го бидува и едноставно не значи дека ако јас не сум пушач некогаш нема да седнам на маса со пушачи или обратно. Само што тој што пуши кога ќе седне на маса со непушач нема штета за разлика од мене и тука јас не гледам дискриминација бидејќи свесно или несвесно мене ми се наштетува. Јас кога пијам пиво или кога зборам не наштетувам на никој во кафулето кајшто седам
Па би рекол крај краева треба да ви направат посебни кафичи само за дим и таму да се пуши кога ќе влезеш да не се гледа ништо :)
 
Ќе дишеш нормално кога ќе се искачиш на околу 1000-2000 метри надморска висина. Си гледаш само за тебе нели? Позната работа сите така. А што е со луѓето кои немаат пари за хулахопки од 900 денари а ќе им бапнат казна од 300-400 евра.
Ма даааај молим те!

Еј, па ти не можеш да и диригираш каде да се искачи кога природата ни овозможила чист воздух насекаде :)
Инаку тие што немаат пари за хулахопки нека си го почитуваат законот, и јас немам пари ко Гејтс, па ајде да барам да го укинат законот за кражби па да опљачкам некого :)

Инаку и јас го поддржувам законов, мене лично ми е од корист.
 
Тоа е единствено решение, се согласувам. Меѓутоа ако добро паметиш, веќе постои закон што им налага на сопствениците да одвојат посебен дел за пушачи, со што би рекол тешко или едвај фунцкионираше/фунцкионира, пред се поради фактот што во најголем број од случаите, кафулињата немаат одвоен дел за пушачи.
Нема таков закон. Имаше предлог, ама ништо не бидна.
И на крајот на краиштата, ако тогаш не ги казнуваа, зошто мислиш дека сега би било поинаку и би функционирало? :)
 
Тоа што ме може секое место да биде одвоено преградувано значи чини пари за сопствениците и ваков закон има ама не го бидува и едноставно не значи дека ако јас не сум пушач некогаш нема да седнам на маса со пушачи или обратно. Само што тој што пуши кога ќе седне на маса со непушач нема штета за разлика од мене и тука јас не гледам дискриминација бидејќи свесно или несвесно мене ми се наштетува. Јас кога пијам пиво или кога зборам не наштетувам на никој во кафулето кајшто седам
Па би рекол крај краева треба да ви направат посебни кафичи само за дим и таму да се пуши кога ќе влезеш да не се гледа ништо :)
Супер си важат законите како овој во останатите држави. Тоа што викаш дека треба да се одвојат средства пред се финансиски е можно дека ако некој има профит тоа се кафичите и рестораните - Кока Кола купена за 10 денари шише ја продава за 50 денари тоа ти е чист ќар од 40 денари. Замисли да продаде 200 такви во месецот. Значи само кокаколи, а каде се нескафиња, коктели, водки итн итн. Ме сфаќаш што сакам да кажам сепак.

Може да се почитува сегашниот закон со пушачи/непушачи ама кај нас се разбира не е така, на многу малку места е почитуван.

На крај се сведува твојава теорија што и мене ми падна на памет да се отворат посебни места за пушачи ама не би издржало ова.

Ќе остане тоа да видиме како ќе биде со новиов закон. Јас сепак мислам дека многу услужителни објекти ќе се затворат поради мала заработка и немање доволно финансиски средства за исплата на вработените и данок кон држават.

Мене како пушач не ми смета многу законов иако мислам дека е дискриминирачни затоа што можам да издржам да испијам кафе и да направам муабет во некој кафич без да запалам цигара. Секако ако ми се припуши цигара комотно ќе си излезам до надвор и ќе го направам тоа. Друго што мислам за законов е дека нема да издржи многу гледано од економски аспект.
 
повелете пушачи,буџетот е обемен и годинава,секоја пара е добредојдена :smir:
 
ај ти се молам, кој ќе мисли на законов за Нова година кога никој нема да знае глаата кај му е
 
повелете пушачи,буџетот е обемен и годинава,секоја пара е добредојдена :smir:

Има,има вистина во ова.Казни фрчат за најмала грешка,ќе не соголат додека стои законот.Буџетот е поголем и од годинава,кој треба да го полни кога Митал Стил на Нова година отпушта уште 100 работници:)
Новите во администрација што би работеле,освен да не бркаат во кафиќи,по улици,пред канцеларии...
Дента на 31 ќе бидам како турчин во кафиќ,опомена до непушачите да не излегуваат:))
 
После некое време ќе им недостига мирисот и носталгија кон старите времиња ќе ги пука. :bounce: Same here... Штека Роџо хах
 
Јас ќе бидам тој шо ќе ги пиши казните... и ај да ве видам, некој нека пуши пред мене. Добивате казна однапред :)

Maла шега не е на одмет. Него, ме интересира кој ќе биде тој што на 31.12 во 23.00 ќе работи? И колку ќе му платат за да казнува на 1.1.2010 во 1.30?
 
онака успат....за дупла дневница....можи и награда ќе делат за ПРВОКАЗНЕТИТЕ ПРЕСТАПНИЦИ ХЕХЕХЕХ

Има,има вистина во ова.Казни фрчат за најмала грешка,ќе не соголат додека стои законот.Буџетот е поголем и од годинава,кој треба да го полни кога Митал Стил на Нова година отпушта уште 100 работници:)
Новите во администрација што би работеле,освен да не бркаат во кафиќи,по улици,пред канцеларии...
Дента на 31 ќе бидам како турчин во кафиќ,опомена до непушачите да не излегуваат:))
последните моменти со цигара в кафиќ....гледај да го ОВЕКОВЕЧИШ моментот :)
 
Јас ќе бидам тој шо ќе ги пиши казните... и ај да ве видам, некој нека пуши пред мене. Добивате казна однапред :)

Maла шега не е на одмет. Него, ме интересира кој ќе биде тој што на 31.12 во 23.00 ќе работи? И колку ќе му платат за да казнува на 1.1.2010 во 1.30?

Заш пиша минута пред мене? :)

Ај бидете реални. Дека требат пари, требат. Ама никој инспектор бре немат да се шуњат од кафич по кафич на Нова Година, и да пишит казни. Па ни цајкан, на крај краева.

И друга работа... ми мирисат законов на она старото „секое чудо за три дена“. Да не прам паралели со „прохибицијата“ шо ни ја воведоа, јасно е.
 
Од идната година пушачите нема да можат да пушат во кафеани, кафе-барови, дискотеки, пабови, на стадиони, а во лето и во бавчите.

Oвие стварно се :uvo:
 
Јас ќе бидам тој шо ќе ги пиши казните... и ај да ве видам, некој нека пуши пред мене. Добивате казна однапред :)

Maла шега не е на одмет. Него, ме интересира кој ќе биде тој што на 31.12 во 23.00 ќе работи? И колку ќе му платат за да казнува на 1.1.2010 во 1.30?

секоја трета пишана казна оди кај него у џеб :wink:
па да видиш како сите службеници ќе се нафатат да работат за НГ

туку и онака веќе почнав да ги намалувам цигарите па и не ми смета до толку законов... услужните објекти ќе бидат оние кој ќе страдаат повеќе, а не народот, кој ќе има вишок пари
малце поретко ќе се седи на кафиња и ќе се јаде по ресторанти... ем ќе јадеш дома леп и сол ем ќе скратиш со тутунот, од две страни ти стига приход :wink:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom