Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Ќе се одрази врз економијата и тоа како.
Не е фер за пушачите, им се скратува правото да прават што сакаат со нивното здравје.

Од друга страна фер е за непушачите кои беа присилени да бидат пасивни пушачи.
 
Не знам друже искрено. Ама без разлика кој бил износот/процентот за 2009та година, за 2010та ќе биде тројно поголем поради трите нови идиотски казнувања
- забрането пушење
- забрането возење со 0.1 промил алкохол во крвта
- разно, има надеж и време за да се пополни оваа точка, само втор ден од 2010 сме.

Дали се идиотски или не е дискутабилно, а факт е дека доколку не се прекршуваат висината на казните е ирелевантна.

Според мене подобро е помал број на луѓе да го прекршат законот, а да платат енормни “нефер“ казни, отколку голем број да го прекршат законот и да платат “фер“ казни.

Ако висината на казните не делува воспитно на тврдоглавоста јас незнам шо друго.
 
Не гледам причина зошто не би имало просторија за пушачи во еден локал, освен преочигледната цел локал да се претвори во просторија за пушачи.
Јас гледам. За да можеме и јас и ти да седиме ко луѓе, без јас да ти штетам на твоето здравје, а за и двајцата да се чувствуваме ко луѓе кога ќе седнеме негде.

Ако не те гуши чадот, и не ти доаѓа од просторијата за пушачи, тогаш не ти ја разбирам желбата да влијаеш на навиката и задоволството на некој кој не те загрозува тебе и твоето здравје.

Глупи се муабетите дека ова во пракса не може да се изведе. Доколку постојат јасни прописи кои локалите мораат да ги почитуваат за да постојат простории за непушачи и пушачи и доколку има некој тоа да го спроведе и контролира - е тоа ќе биде европски, како што всушност е по европа.

Сите други муабети се бул-шит.
 
Те фати некој за гуша да излегуваш такви кафичи? Седи си дома бе драга, секако вие непушачите сте малцинство во државава. :)

Епа сеа се сврти тркалото, седи си ти дома сега драги.

Дома никој нема да седи, како шо непушачите досега не седеа дома така и пушачите сега нема да седат дома. Разликата е шо сега колатерална штета е само и само задоволството на пушачите, а предхотдно колатерална штета беше комфортот и здравјето на непушачите.
 
Женско сум:helou:
А зошто да "оладам" од темава? Се трудам да објаснам некои работи но мене никој не ме слуша.:nenene:

О сори сори...незнав дека си од понежниот пол...И ај те молам објасними како јас ке одам во кафулињата и кафаните со друштвото ако 50 % од нив се пушачи?(море повеќе ке да се од 50%)
 
Тебе не ти правам муабет! Знаеш и сам зошто. Лута сум ти! Ама ај ќе ти одговорам. Ако на форумов да речеме нема подршка (а има поголема подршка) немора да значи дека и во државата нема подршка:wink:
На форумов сите 2 милиона македонци членуваат? Не! Епа? :)
А може да значи и обратно, дека има уште помала поддршка :)
 
Од друга страна фер е за непушачите кои беа присилени да бидат пасивни пушачи.
Никој не се бунеше на претходниот закон секој локал да има просторија за пушачи и просторија за непушачи. Влегуваш во кафич да сркнеш кафе со цигарче, прашуваш келнерката за просторијата за пушачи, ти дава ишарет у стилу "онаму", и немаш гајле.
Ама ова е претеризам.
Дали се идиотски или не е дискутабилно, а факт е дека доколку не се прекршуваат висината на казните е ирелевантна.

Според мене подобро е помал број на луѓе да го прекршат законот, а да платат енормни “нефер“ казни, отколку голем број да го прекршат законот и да платат “фер“ казни.

Ако висината на казните не делува воспитно на тврдоглавоста јас незнам шо друго.

Лично, не ме интересира висината на казната. За принцип се работи (од тука доаѓа никот принц, не од бајките). Нема никаква реална потреба од носење на ваков закон. Механизми можеби да, меѓутоа потреба не.
Прееска бев на кафе. Забрането пушење. Океј. Трите цигари што му ги дужев на макијатото му ги раздолжив дома, плус 2 бакшиш му дадов, сега имам вкупно 5 пикавци во пепељара. Чекај да ја истресам.
Значи нема да се намали бројот на вистински пушачи (не е од здравствени причини), сега на жена ми наместо на кафе со пријателките да ја гуши некој од соседната маса, ќе си ја гушам јас, по дома (значи и ова не може да биде како причина). Единствено останува полнењето на буџетот со носење на идиотски закони кои ги нема ви но ЕУ, а ќе ги донесеме под знамето на ЕУ. И народот ќе ни поверува.
 
Најпрво среќна ви нова година на сите,форумџии,партиски војничиња зависници од никотин алкохоличари и се останато ( Газда гледам дека и тебе те поткачува у живац законов)
гледам дека некој со полна пареа не убедува дека законов е за наше добро и нашето сдравје :pos2: се изнасмеав. Ама ај да баталиме буџети акцизи и се останато.значи чупено ми вика 95 поткашлуваше 2010 умре чоекот бре тешка работа :vozbud: јас бе детуле ги тегнам истиве порано од 95 па сеуште сум жив градите мисе чисти срцето од здраво поздраво. значи години и години пушење цигари ништо не ми сторија додека возењето во градски автобус со неисправен систем за издувни гасови се возев само две недели и ај погоди што труење со тешки метали добив :toe: али јебига а и тоа што повеќе од половина сите автобуси и службени возила во рм се темпирани бомби и касапници на тркала за којшто се чека сдамо момент да направат кланица мање више,знаеш ли колку убав дим сега гледам одкај рафинерија па па па па па па па светлата од наплатната станица даваат ефект кодае аурора абе милина:pos2: уствари еднаш реков ке пофторам уште еднаш само масовен бојкот на законов и ништо повеќе .
ПС пасивното пушење е само шпекулација не се фаќајте како слепци за стап за него а и ич кур да не ве боли за моето здравје и за здравјето на пушачите седетеси мирни сите душебрижници нени требате идете јадете бразилско месо генетски модификувано старо и по неколку децении но нели владата се грижи за вас и вашето здравје ( хм колку ли ке мима нови случаеви на свински грип како последица на дремењето надвор на студов)
ППС уште еднаш ке кажам ептен јака лоби група има на форумов зада се гласа дека законов е добар :pos2: уште еднаш лузери најдетеси живот не досагајте
 
О сори сори...незнав дека си од понежниот пол...И ај те молам објасними како јас ке одам во кафулињата и кафаните со друштвото ако 50 % од нив се пушачи?(море повеќе ке да се од 50%)


И пак никој не ме слуша дека пушењето е штетно по здравјето за самите пушачи! Ццццццц:nenene: И уште барате простор во кафаните за пушење. Абе како не сваќате дека пушењето е штетно за вас! И дека оваа влада донесе ваков закон за ваше добро бре!

Мистичен кој ти вика помала подршка? А како објасни ми стигна на власт оваа влада ако нема подршка од народот? Па да ги спроведува овие закони... :)
 
Така е! А во времето на бц се величеше се што е абнормално и тоа на љубимците негови им одговара така? Епа сега нема така, сега е времето на нормалните! :)
чекај чекај малку ти за нормална се сметаш ???:pos2::pos2::pos2:

И пак никој не ме слуша дека пушењето е штетно по здравјето за самите пушачи! Ццццццц:nenene: И уште барате простор во кафаните за пушење. Абе како не сваќате дека пушењето е штетно за вас! И дека оваа влада донесе ваков закон за ваше добро бре!

Мистичен кој ти вика помала подршка? А како објасни ми стигна на власт оваа влада ако нема подршка од народот? Па да ги спроведува овие закони... :)
ИЧ АМА ИЧ тебе да нете боли стојна за мене и моето здравје а колку што е за мое добро толку ти да бидеш жива и тој шо го донесе ај сега некати кажат од штаб реплика
 
Добро, не знаевме дека е штетно по нашето здравје па мораше тоа да ни го кажат преку реклами како ние сме можеле да им платиме студии на нашите деца итнт.Ево на пример јас немам деца ... во што да ги инвестирам парите ?
 
Абе шо сакате правите, законот е во сила, ако не ви одговара и ако нешто ве чеша во џебот, плаќајте си по 300 евра од цигара, шо да ви кажам друго :toe:
Не бе..нема да плаќаме.....едноставно ќе го почитуваме законот т.е. ќе ги избегнуваме местата каде е тоа забрането......а и еве кај и да е за некој месец пак ќе проработи од младите најпосетуваната кафана на отворено..градскиот парк:helou:

......само некако имам претчувство дека брзо брзо овде на форумов ќе разглабаме со некој тазе отпуштен келнер.....ради законов.....
.....само мислам дека тогаш сите ќе се солидаризираме со отпуштениот.:toe:
 
........Никој не се бунеше на претходниот закон секој локал да има просторија за пушачи и просторија за непушачи. Влегуваш во кафич да сркнеш кафе со цигарче, прашуваш келнерката за просторијата за пушачи, ти дава ишарет у стилу "онаму", и немаш гајле.
Ама ова е претеризам......



Како па да не....
тој закон беше само онака ради-реда...чадот секаде „шеташе“и џабе ти просторија за непушачи.
 
Мистичен кој ти вика помала подршка? А како објасни ми стигна на власт оваа влада ако нема подршка од народот? Па да ги спроведува овие закони... :)
Види, да те немаше ќе требаше да те измислиме тебе :)

Збориме за поддршка за конкретен закон, не за поддршка за влада.
Доколку некоја влада имала поддршка од мнозинството, тоа не значи по дифолт дека народот кој ја изгласал треба да ги поддржува сите закони кои таа влада ќе ги носи во иднина. Народот има право да процени со своја глава дали законот е паметен или глуп и да си каже свое мислење и да изрази несогласување или поддршка. Има право народот и да понуди решение за кое смета дека би било подобро од сегашново. Токму тоа е и поентата на дискусиите. А владата, при донесување на одлуки треба да го земе во обзир и мислењето на народот, искуствата во другите земји, а не да имплементира лошо преведени и препишани закони од други земји. Значи, народот смета дека непушачите треба да бидат заштитени, но не на овој начин, со оштетување на пушачите.

Мислам, глуп е муабетов, глупо е и ова да се политизира. Дискутираме од аспект на логика, практичност, здравствен аспект и човекови права.
 
Како па да не....
тој закон беше само онака ради-реда...чадот секаде „шеташе“и џабе ти просторија за непушачи.

Како па да не....:helou:

А кој таков тогаш делот за непушачи зјаеше празен, не ви сметаше да седите во делот за пушачи, не бевте до толку загрижени за здравјето или сега така наеднаш ви текна колку сте биле загрозени.:pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom