Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Што има глупо во тоа непушачите да бидат заштитени?
Се работи за моето здравје ако ти свесно сакаш да ми нанесуваш штета зошто уопште да те толерирам?
Леее..... инка.

Одлично е непушачите да бидат заштитени. И да се најде вистинско решение. Кафичи за непушачи, простории за непушачи... кафичи за пушачи, простории за пушачи.

Едноставно, без забрани и глоби. Ептен едноставно. Незнам што е комплицирано.
 
Пишав убав и долг пост, незнам дали го прочита на претходниве страни. Еве да сублимираме уште еднаш во две реченици, најпросто што може - нема да изгуби од акцизи, затоа што забраната нема да влијае на намалување на продажбата на цигари. Но, ќе се соберат значителни средства од наплата на глоби.

Го прочитав и не се согласвам, муабетот ми е дека е непостојан во то шо сака да докажи. Поточно дури и до некој степен го покажува и спротивното.

Логиката е дека законот поради големината на казните ќе се почитува. Ете јас за во Битола најодговорно тврдам барем за вчера вечер дека беше срамота некој да запали цигара, во целост се почитуваше законот.

Од друга страна дефинитивно помалку цигари се испушија, од проста причина шо крајно е некомотно да излегваш секои 5-10 минути на цигара.

Е сега ако твоето сценарио е дека владата смета на непослушноста на граѓаните за да успее оваа “измама“, мој предлог до сите е организирано да ги “заебиме“ и да ги почитуваме законите. Па да видиме после како ќе “го полнат“ буџетот.
 
Ајде сеа претпоставка, колку досега ете во 2009 се собрани во процент?

Ти силно си убеден дека буџетот (пази) СЕ НАПОЛНАЛ од казни, а појма немаш колку. Значи претенциозно и од нервоза ти е муабетот или верваш на политичка реторика без многу мислење.

Види, ако СОЛИДНО НЕ СЕ ПУНИ, тогаш сме сведоци на голема моронштина на нашата ценета ВЛАДА!!! Не ми е јасно што толку тогаш , во овие ептен кризни, неколку следни години , запнала да праат НЕРВОЗА со МЕГАЛО КАЗНИ, по сите основи , не само од Забрането Пушење????
Мислам дека сепак се полни и тоа добро...како за полнење од такви извори.. :)
 
Не е моронштина, и законот и казните не се за да се полнит буџетот, и аманте доста со тие прости муабети.
Стварно е глупо да се мислит дека јас осмислувам закон и соодветна казна само за да го наполнам буџетот.
Казната е токму мотивација за ти да НЕ ГО ПРЕКРШИШ законот, повисоката казна е само поголема мотивација за ти да бидиш или не бидиш ФРАЕР.

И како што гледам многу од нас погрешно гледаат на поголемите казни, тие се поголеми за помалку да се пишуваат истите а повеке да се почитува законот и дефинитивно не за да се полнит буџетот.
Зато шо на ниска казна имат еден куп џекој шо ке речет абе ке ризикувам ке запалам цигаре па ако ме фатет ме заболе, ке платит тато.
 
Ќе мораме да почекаме за таква информација. Ревизорот треба да пресмета што се изело, што се испило.

Не стварно не те прашвам тенденциозно, најискрено ме интересира дали вистина се работи за значителен процент 10, 20, 30 проценти.

Мене ми е крајно нелогично сериозен удел во буџетот да имат казните, посебно водејки се од фактот дека лично не познавам апсолутно никој шо платил казна, барем не минатата година.

Леее..... инка.

Одлично е непушачите да бидат заштитени. И да се најде вистинско решение. Кафичи за непушачи, простории за непушачи... кафичи за пушачи, простории за пушачи.

Едноставно, без забрани и глоби. Ептен едноставно. Незнам што е комплицирано.

Мене па вчера ми се виде многу функционално. Пред локал пепељара, плус и нова шема се отвара социјализират луѓе. Ете зимно време еден од оние греачите (како и да се викат) мислам дека 600 денари за плинска боца шо трај цел ден не се голема инвестиција. Задоволството јес да не е исто, ама ако се работи за зависност има задоволителни услови да се задоволи без да се наруши комфортот а и здравјето на 10-100 “невини“ во локалот.
 
Ова е една од причините зошто нема да успее законов. Владата, занесена во нејзината цел да собере што повеќе приходи од казни, носи секакви закони и забрани. Ама заборава дека доколку ја немаш поддршката од најголем дел од населението, законот не значи ништо, гола вода.

Законов не е донесен за владата да собира приходи, туку за доброто на македонските граѓани!
Полека но сигурно пушењето убива!
И ај погледни горе во анкетата:wink:
Значи ја има подршката од повеќето:wink:
 
Мене па вчера ми се виде многу функционално. Пред локал пепељара, плус и нова шема се отвара социјализират луѓе. Ете зимно време еден од оние греачите (како и да се викат) мислам дека 600 денари за плинска боца шо трај цел ден не се голема инвестиција. Задоволството јес да не е исто, ама ако се работи за зависност има задоволителни услови да се задоволи без да се наруши комфортот а и здравјето на 10-100 “невини“ во локалот.
Еј, супер, уште да дадеше одговор на просто поставеното прашање по однос на проблемот, без финтаџиски муабети во кои се бега од одговор.

Не, сериозно, зошто да не е така?
 
Види, ако СОЛИДНО НЕ СЕ ПУНИ, тогаш сме сведоци на голема моронштина на нашата ценета ВЛАДА!!! Не ми е јасно што толку тогаш , во овие ептен кризни, неколку следни години , запнала да праат НЕРВОЗА со МЕГАЛО КАЗНИ, по сите основи , не само од Забрането Пушење????
Мислам дека сепак се полни и тоа добро...како за полнење од такви извори.. :)

Мислити срати и цвече брати не е исто! :)

Разговараме за овај закон, а владата шо и како прај незнам. Мене овај закон баш ми одговара, да му одговара на 100 % е практички невозможно.

И не можам да сфатам како можи да те засега висината на казните во случај да не планираш да прекршиш закон. Случајно закон не се прекршва!
 
Законов не е донесен за владата да собира приходи, туку за доброто на македонските граѓани!
Полека но сигурно пушењето убива!
И ај погледни горе во анкетата:wink:
Значи ја има подршката од повеќето:wink:

Брате ако си во право тоа што го тврдиш што не оладиш малце од темава гледам 90% од мислењата на оваа тема ти се...
 
И ај погледни горе во анкетата:wink:
Значи ја има подршката од повеќето:wink:
Да, од дууууури неполни 3% повеќе, кои се направија во последниве неколку часа :)

Ептен гоoooлема поддршка има забранава :)
 
Не стварно не те прашвам тенденциозно, најискрено ме интересира дали вистина се работи за значителен процент 10, 20, 30 проценти.

Не знам друже искрено. Ама без разлика кој бил износот/процентот за 2009та година, за 2010та ќе биде тројно поголем поради трите нови идиотски казнувања
- забрането пушење
- забрането возење со 0.1 промил алкохол во крвта
- разно, има надеж и време за да се пополни оваа точка, само втор ден од 2010 сме.
 
Еј, супер, уште да дадеше одговор на просто поставеното прашање по однос на проблемот, без финтаџиски муабети во кои се бега од одговор.

Не, сериозно, зошто да не е така?

Не гледам причина зошто не би имало просторија за пушачи во еден локал, освен преочигледната цел локал да се претвори во просторија за пушачи.
 
Да, од дууууури неполни 3% повеќе, кои се направија во последниве неколку часа :)

Ептен гоoooлема поддршка има забранава :)

Тебе не ти правам муабет! Знаеш и сам зошто. Лута сум ти! Ама ај ќе ти одговорам. Ако на форумов да речеме нема подршка (а има поголема подршка) немора да значи дека и во државата нема подршка:wink:
На форумов сите 2 милиона македонци членуваат? Не! Епа? :)
Аууу заборавив од форумов зимаат идеи академци,новинари...така? :)
 
Законов не е донесен за владата да собира приходи, туку за доброто на македонските граѓани!
Полека но сигурно пушењето убива!
И ај погледни горе во анкетата:wink:
Значи ја има подршката од повеќето:wink:
Ај сега земи пенкалото и направи анализа на старосната структура на на оние кои гласале. Ако ги иземеш минималната и максималната вредност и добиеш просек 16-17 години, тогаш зборуваме за популација која и онака НЕ СМЕЕ ниту да пуши, ниту да купува цигари, ниту пак да биде послужувана со алкохол по истите оние локали во кои не сакаат да им се зачадува гардеропката.
Второ, не сум убедена во платежната моќ на овој сегмент на кафански консументи и затоа не би го прифатила ова „мнозинство“ како индикативно за економските последици од примената на законот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom