Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714
Треба да ги оставиме цигарите или подобро речено да ги намалиме бидејќи утринско кафенце без цигарче не е тоа тоа. Откако почна целата оваа фама против пушачите многу работи се сменија. Луѓето добија поголема сила да ми преречат за цигарите и нон стоп ми го отекуваат. Понекогаш размислувам и се споредувам во што се они ( непушачите ) подобри од мене. Физички сум посилен, школо имам завршено повеќе пички имам 4 пути повеќе поминато, еуфоричен сум и доста креативен. Што кур они добиваат ако не пушат ? Ништо, само една причина да се чувствуваат пдобри од вас. Или дај ако навистина се искрени намерите на владата односно на нејзините наредбо даватели дај прекинете да продавате цигари. Зашто да печалите од нешто што е забрането да се употребува.
Никој не рече дека пушачите се нешто под непушачите или слично. Ако не пушат, и ако си слушнал за пасивно пушење можеби немаше да пишуваш вакви глупости овдека, зошто непушачите ни криви ни должни се подложни на труење, а не пушачите. И после уште дискриминирани биле пушачиве! Зошто? Не ги оставаат да ги трујат оние кои не пушат:tapp:

ПРЕДЛОГ: ДА СИ ФОРМИРАМЕ ПАРТИЈА на ПУШАЧИ -:smir:
И сигурно ги добивате наредните избори!
 
Ете ги овие па спамерите со книшките почнаја да тролат. Ебави ботојте лоботомирани!

Јас не сум пушач! Но сум против забранава!

Дали знаеш колку пари изгуби државата од забраната на продажба на алкохол? Само од пивара чисти 100милиони евра! За да се наполни касата и да ја покријат дупката во буџетот која им се појави донесоа нови даноци и не го решија проблемот. Овој пат е исто нема никаква разлика! Државата од една страна дозволува увоз на цигари и дава субвенции на тутунарите, а од друга страна воведува закон за забрана на пушење на јавни места. Државата во овој случај е дволична. Буџетот ќе мора да се наполни и ќе воведат казни и нови даноци за да се покрие загубата. Само да те потсетам дека оваа година на сите телевизии ги покажуваа задоволните тутунари кои добија плус 60 денари од килограм тутун! Значи државата ќе воведе казни за да им ја исплати премијата и се разбира да покрие некоја друга дупка во буџетот која им се појавила. Дали ти имаш појма што значи буџет? Парите кои Владата ќе рече дека мора да ги има на располагање МОРА да се соберат од некаде! А пари ако не си знаел се собираат од даноци и казни ко во секоја држава. Во Уставот јасно пишува дека ДРЖАВАТА ЌЕ ГИ ПОЧИТУВА ПРАВАТА на сите граѓани подеднакво! Е ајде бујрум докажи ми кого државата заштитува? Мене дефинитивно не ме штити, мене може да ме заштити само ако е финансиски силна!
Ова е еден од најглупавите закони кои што се донесени досега! Прво поради фактот што државава во екот на економската криза донесува закон со кои самата се става во мат позиција. Што значи ова за државата? На местата каде се собира народ ќе биде забрането пушење, а тоа повлекува и опаѓање на прометот. Опаѓање на промет значи недоволен обрт на пари, ако во касата не влезат доволно пари значи отпуштање на луѓе. Отпуштањето на луѓето значи повеќе луѓе под биро за вработување и помалку пари за државата. Значи луѓето на кои им даваме грдни пари си играат мајтап со нашата иднина. Батали ги глупостите дека пушењето е штетно по здравјето, не ти е на место!
Пријателу парите го вртат светот!
Лоботомирани е нов збор во твојот речник? Воопшто нема место за тој збор во темава исто како што немораше партии да спомнуваш. Ајде олади малку! Кога нешто не чини едноставно не чини! Законов треба да важи само во места каде се присутни лица под 18 години, бидејќи тие се малолетни, а јас како полнолетна имам право на избор каде ќе одам и што ќе правам !

Бидејќи државава ги реши сите крупни проблеми сега почна да ги решава ситниве работи колку да се занимава со нешто!
 
Према мене,можеле и подобро да го смислат законов.
Требале да напраат да има има можност самите локали да можат да си одлучат дали ке бидат за пушачи или непушачи, само што тие што ке се одлучат за првото да платат нешто као лиценца која ке биде со одредена цена ..ни превисока ни прениска,некоја средна цена :)
Така и државата ке биде во кар,ке има некој што ке им плака,ке има локали кои што ке сакаат да платат,ке има пушачи кои што ке сакаат да идат во тие локали,и ке има можност за сите оние кои што сакаат да одат на места кај што не се пуши,пошто за тие места не би се плакало ништо и секако ке ги има. Најверојатно сите ке беа задоволни.
 
А од пушењето се откажа,или си продолжи да го практикуваш?:smir:
Абе трет пат се откажувам во последниве 2 години, никогаш не бев некој пушач, сега се надевам ќе трае:smir: (мислам на тотална апстиненција).
 
Многу ми е мило шо се донесе овој закон дури оваа вечер осетив шо значи да излезеш у кафич и да се вратиш дома и сеуште да си го осеќам парфемот шо го ставив:pos2:а претходно чадев цела и одма се фрлав за перење се надевам дека овој заокн ќе се поштува нема да трае 1 месец и толку.
 
законот си е во ред но не треба да ги казнуваат газдите на установите, ете на пример на свадба или друг голем собир на луѓе, ке запали некој неможи сите да се контролират
 
Многу ми е мило шо се донесе овој закон дури оваа вечер осетив шо значи да излезеш у кафич и да се вратиш дома и сеуште да си го осеќам парфемот шо го ставив:pos2:а претходно чадев цела и одма се фрлав за перење се надевам дека овој заокн ќе се поштува нема да трае 1 месец и толку.


Којзнае у каква рупетина излагаш чим си чадела кога ќе си дојдеш дома.
 
Има различни групи на луѓе кои го поддржуваат законот...

Непушачи, на кои им смета чадот од цигарите од здравствени причини.
Непушачи, кои го поддржуваат законот само затоа не ги боли кур.
Пушачи, кои мораат да го поддржуваат законот затоа што партијата им рекла.

И мојата омилена група:
Јас сум за законо оти нејќам да смрдам ко туршија да сум во тутун праен ко ќе се вратам секоја вечер дома.

Секогаш кога се вракам од некој кафич се вракам со засмрдени алишта од цигарите.

фактот што се умирисував енормно

Се перете ли вие по дома? Или боље луфтирати, а другови?
 
Има различни групи на луѓе кои го поддржуваат законот...

Непушачи, на кои им смета чадот од цигарите од здравствени причини.
Непушачи, кои го поддржуваат законот само затоа не ги боли кур.
Пушачи, кои мораат да го поддржуваат законот затоа што партијата им рекла.

И мојата омилена група:






Се перете ли вие по дома? Или боље луфтирати, а другови?

Пак тапа е чад од цигари да смрдиш, али заборави една група:
Пушачи кои се надеваат дека ќе откажат цигари, али малце се тие ...
 
Се перете ли вие по дома? Или боље луфтирати, а другови?
Па штом некој не пуши, се разбира не сака облеката да му труе на цигари... Најмногу мразам кога излегувам од некој кафич и кога цел трујам на цигари.

Инаку законот си е од убав поубав, не верувам дека ќе има големо негативно влијание на економијата... се надевам ќе биде почитуван :)
Ајде наредно... поскапување на цигарите :)
 
Па штом некој не пуши, се разбира не сака облеката да му труе на цигари... Најмногу мразам кога излегувам од некој кафич и кога цел трујам на цигари.

Инаку законот си е од убав поубав, не верувам дека ќе има големо негативно влијание на економијата... се надевам ќе биде почитуван :)
Ајде наредно... поскапување на цигарите :)
Друже не е само до облеката, пример ќе ти кажам и ако пиеш со друштво во природа и во зачадена просторија, другиот ден е многу лош ако си бил во зачаден простор, друго во незачаден, главата боли, чудо е тоа.
Исто интересно ми е што и на пушачите им влегува чадот во очи, им лути ама кога се пие мора да се пуши, не оди без цигара алкохолот, а како што знам и тоа е доста штетна комбинација(алкохолот и никотинот).
 
хммм а топилница ќе се разработи кај и да е....коли, автобуси, оџаци без филтри.
ако, ако... пушачите демек себични, непушачите бетер. А за вистинските загадувачи никој пет пари не дава. Важно ЈАС нема да смрдам на цираги, или ЈАС ќе пушам кај сакам. Супер ни е на сите.
 
Денес на пладне влегувам во кафанче кај еден мој познат......и има што да видам, никој нигде, дупка празно, пријателов ми вика......„ми се еба мамичето ни сталните гости ми ги нема’’.
Нормално ни јас не останав, само нова година му честитав и му посакав успешна година...:vozbud:

офтопик.....

Казнија ли некого за употреба на пиротехнички материјали.....цело Скопје труе на барут?
 
Денес на пладне влегувам во кафанче кај еден мој познат......и има што да видам, никој нигде, дупка празно, пријателов ми вика......„ми се еба мамичето ни сталните гости ми ги нема’’.
Нормално ни јас не останав, само нова година му честитав и му посакав успешна година...:vozbud:

офтопик.....

Казнија ли некого за употреба на пиротехнички материјали.....цело Скопје труе на барут?
Jas veke pocnav da se kladam so drugari koj ke pogodi uste kolku ke izdrzi maalskiot restoran kaj sto go pievme utrinskoto, pladnevnoto i vecernoto espresso. Vcera edvaj 7-8 dusi vlegle cel den. Promet- 500 denari preku sila.:vozbud:

p.s. mesec dena maksimum, posle toa ne mu bega katanecot. :toe:
 
Баш е интересно. Пушиме по дома и се чувствуваме ко илегалци, 2 дена не сме мрднале да видиме жив свет, додека емоцираме спомени како било "на времето". Ко во некој филм со дејство од 2058 година. И се подготвуваме да не чипуваат, бидејќи како тргнало, нема да е далеку и тој ден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom