Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор


  • Вкупно гласачи
    714

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
А демек ако не пушиме цигари нема да умреме, ќе живееме вечно...? Абе ајде...
Како бе не си знаел досега?

-ПУШАЧИТЕ ЌЕ УМРАТ БОЛНИ,А НЕПУШАЧИТЕ ЌЕ УМРАТ МНОГУ ПОЗДРАВИ,АМА МОЖЕБИ ПОРАНО ОД ПУШАЧИТЕ.

Ни еден закон,ни една влада,не може да ви ја гарантира должината на живот,иако оваа се обидува и за тоа да ве излаже,како многупати досега,за други работи.:smir:
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.587
Поени од реакции
2.617
На што личи тоа бе препуна дискотека неможеш да се свртиш, и сите распалиле цигари не се дише, вентилација никаква, очи ти солзат од чад. Со новиот закон мислам дека и нема да смее да се преполнуваат дискотеките. Плус нема пушење. СОВРШЕНО :)
И ко че ти опна 500-1000 влез, и пијачка 300+ ќе видиме дали ќе викаш совршено....ќе гледаш журки по клипој од youtube, или ќе чекаш владава да организира нешто на плоштад за да го растресиш газето:smir:
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Како бе не си знаел досега?

-ПУШАЧИТЕ ЌЕ УМРАТ БОЛНИ,А НЕПУШАЧИТЕ ЌЕ УМРАТ МНОГУ ПОЗДРАВИ,АМА МОЖЕБИ ПОРАНО ОД ПУШАЧИТЕ.

Ни еден закон,ни една влада,не може да ви ја гарантира должината на живот,иако оваа се обидува и за тоа да ве излаже,како многупати досега,за други работи.:smir:
А мислиш дека им верувам? Додека сакам и можам ќе пушам цигари, ако некој ден се решам да ги оставам уште поубаво за мене. Ама вака да ме лажат дека ако не пушам ќе бидам поздрав и ќе живеам подолго, хих се заебале.:tapp:
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
А мислиш дека им верувам? Додека сакам и можам ќе пушам цигари, ако некој ден се решам да ги оставам уште поубаво за мене. Ама вака да ме лажат дека ако не пушам ќе бидам поздрав и ќе живеам подолго, хих се заебале.:tapp:
Ако не пушиш можно е само да умреш поздрав,кога ќе ти дојде времето,ама и тоа не е баш научно докажано,зошто скоро како по правило сите кој живеат над 100 години се и страсни пушачи од мали.Инаку шансите да заболат од новиот грип кај пушачите се сведени на 50% одколку кај непушачите.:toe:
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Тибам државата...

Да ми е тоа приоритет во моментов, ќе се обидев да организирам протест на плоштад со тоа што ќе се соберевме масовно пушачи, и во точно одредено време, секој ќе запалеше по една цигара. Па нека казнат илјадници луѓе, ако им стиска пенкалото на џандарите.


Што би ви одговорил македонски кафеанџија кога онака, од шега, би му наредиле да се обеси? - „Кој ќе го плати јажето господине...“. Шеговито, ама реално и навистина загрижувачко. Нехуманата хајка врз угостителите што сите македонски влади ја спроведуваат во последните 5-6 години деновиве го достигнува својот зенит. Први јануари 2010 е денот „Д“ за угостителите. А тоа не е „некогаш“, туку е за десетина дена. Подгответе ги бесилките. Јажето е на сметка на државата. Ќе се обидам да ја отворам Пандорината кутија што нe очекува...

Во почетокот беше вака - патриотските фискални, кои ги плативме со крв (од сончаница почина наша колешка), делењето на објектите на пушачки и непушачки простор, историската „пу-пу не важи“ имплементација на хасап-стандардите, ветеринарните(!) и еколошките контроли(!), заштитата на брендот, јапонските комунални такси за терасите, дискриминирачките даноци (5 проценти влезен, во однос на 18 проценти излезен ДДВ кај храната!!!), секојдневните варварски упади од УЈП во потрага по нефискални сметки, кои одеа дотаму што се „пребаруваа“ џебовите на вработените терајќи ги со голи раце да пребаруваат во кантите за отпад уривајќи го нивното човечко достоинство, плановите за евакуација, противпожарните курсеви, обуката за прва помош... А продолжува вака - драконски владини одлуки „во најава“ што почнуваат со примена по Нова година – конечна имплементација на хасап-стандардите и целосна забрана за пушење (освен во сопствениот дом). Така било секаде, ќе ве убедуваат неуките, така било европски. Јас велам - бул шит. А „јас“ е армија од 100.000 директно и 600.000 индиректно засегнати Македонци од владината гилотина...

Во Македонија има 7.093 регистрирани субјекти со основна дејност угостителство и туризам. Бројот на „дивите“ нема ни да го споменуваме, а го има машала бајаги. Со оглед на податокот од Републичкиот завод за статистика дека околу 30 проценти од регистрираните угостителски објекти вработуваат над 10 лица, а останатите 70 проценти се со помалку од 10 вработени, голата математика вели дека најмалку 60.000 граѓани на РМ ги издржуваат своите семејства од оваа услужна дејност. Доколку во оваа бројка ги додадете и лицата што се издржувани од угостителските работници, ќе дојдете до бројка од над 100.000 лица. Немам намера да пренесувам сурова статистика, туку ова го правам исклучиво со намера да им се обратам на надлежните дека се на добар пат со најавените репресивни мерки по денот „Д“ да ја избришат оваа категорија на граѓани од лицето на земјата. Во прилог на ова оди и страотната бројка за очекувано намалениот промет во угостителските објекти за над 40 проценти (од примерот со Хрватска)! Бесилка... Единствената светла точка е што сегашната „0“ во сите гранки на угостителството и туризмот намалена за 40 проценти е... повторно „0“.

Да потсетам на Упатството од Министерството за економија поврзано со оваа одредба. Забраната за пушење на јавни места подразбира целосна забрана за пушење на јавно место, без оглед дали станува збор за отворен или затворен простор. Пушење нема во угостителските објекти и терасите, парковите, улиците, шеталиштата, стадионите... Пушењето од 1 јануари 2010 година е дозволено само ДОМА?! Дрн, дрн јариња. Некој се обидува со декрет да гетоизира 600.000 Македонци (според анкетата на една невладина институција, ова е бројот на активните пушачи во Македонија) во нивните домови само затоа што одлучиле сами да го управуваат своето здравје. Пушејќи. Ако ова не е дискриминација од најлош вид, тогаш признавам, јас сум табула раза. Геј-заедницата, која, патем, ја поддржувам, а за која секојдневно толку многу се зборува, се „мала група п.....“ во споредба со пушачката популација. Ама, како и секогаш досега, нашата држава, следејќи го принципиелно системот на „превртена пирамида“, ќе изврши поновогодишна инвазија со 250-те нововработени инспектори, „истерувачи на чадот“. Наместо пирамидата да ја гради од темелот, од конституирање и исполнување на нормите на државност - име, територија, свест за национална припадност, преку зајакнување на економијата и решавање на суштинските проблеми, нашата држава одлучи, повторно, да казнува. Ќе ве казни со 100 евра за пушење на улица, во сопствениот двор, на терасата, во парк, канцеларија, пред дуќан... За вас стотка, а за сопственикот уште илјада евра. И забрана за вршење дејност во траење од 30 дена... Единствено „европско“ во оваа мижитатара е висината на казната. Патетично, во најмала рака. Како Македонецот да ги бере еврата во сопствената градина?! Па за две испушени и „уловени“ цигари човек треба да работи цел месец!!! Ако воопшто е вработен. Ако воопшто редовно зема плата. Ваков зулум немало ни во турско – земале арач, ама секогаш и оставале на рајата доволно за да преживее. Барем...

Повеќе од извесно е дека со мене нема да се согласи помалобројната, за жал, популација на непушачи, но и за нив имам објаснување. Од 1999 година до сега бројот на малигните заболувања во Македонија е зголемен за три пати, што најмалку се должи на никотинот од цигарите. Умните Швајцарци направиле графикон што можете да го најдете на Интернет – таму, за последните 10 години бројот на пушачите е намален за 36 отсто, но за жал животниот век останал непроменет, а непроменет останал и бројот на заболувањата посочени како директна последица од пушењето. Зарем сe уште сте убедени дека чадот од цигарите е поштетен од радијацијата од бомбите со осиромашен ураниум што беа фрлени во соседството во годините на конфликтот, а еден дел и на наша територија?! Зарем помалку ве плаши откриениот транспорт на радиоактивен отпад низ нашата држава од чадот на цигарите? Зарем не ве чуди што повеќето новозаболени од карцином на белите дробови се - непушачи. Цигарите сигурно не се причина за енормниот пораст на заболените од леукемија, а особено не кај децата помлади од 10 години... Признавам, цигарите се зло на кое, за жал, е навлечена огромна популација. Признавам, од цигарите нема ништо позитивно, а последици по сопственото здравје има безброј. Но, признавам и дека изборот е индивидуален – свесно да го загрозите своето здравје. Апсолутно сум согласен дека државата треба да одигра клучна улога во подигнувањето на свеста кај пушачите за штетноста од никотинот и со кампањи да влијае за постепено намалување на овој број. Но не со декрет. Но не со драконски казни. Очекувано, ќе има краток здив, на кратки патеки.

Последиците од ваквите неодмерени одлуки ќе бидат далекосежни. На економски и социолошки план. Ќе се создаде нова армија од социјални случаи со најавените отпуштања во угостителскиот сектор, драстично ќе се намали приливот од даноци во државната каса по сите основи, а овој сектор неминовно ќе повлече со себе и други гранки, како што се производството на алкохолни и безалкохолни пијалаци, кафепреработувачката индустрија и сe друго од синџирот наречен економија. Во овој момент, кога Македонија го допира дното, тоа и е најмалку потребно.

Во одбрана против оваа одлука на Владата за целосна забрана за пушење се вклучи и Здружението на угостителите. Обична фарса се нивните „кев – кев“ настојувања да „апелираат“ за укинување на оваа одлука, со „закана“ дека доколку таа се имплементира, ќе „покренат постапка пред Уставниот суд“?! Да не даде господ „тие“ да нe бранат. Уште пофрапантно е што ова здружение е толку анонимно и безгласно што јас, како угостител со повеќе од 20 години традиција, и голем дел вистински угостители не ни знаеме за постоењето на оваа групација и што ниту еднаш не сме поканети за учество во нејзиното работење. А преку моите писма и колумни од оваа област многупати, латентно, без врева, сум влијаел на разноразни решенија што не допираат нас, угостителите. Ова здружение, како и да се нарекува, „гревот“ може да го испере само со повикување на сите угостителски работници на кафеански „референдум“, нешто што го направија нашите колеги во Хрватска. Ако може порано, пред имплементација на одредбата. Да го следат примерот на Австрија, во која угостителите го урнаа овој дискриминирачки закон пред уставниот суд. Да прашаат што сторија нашите колеги од Србија, Грција и Бугарија за воопшто да не дозволат примена на ваквиот закон. По „смртта“ на угостителите во периодот по 1 јануари 2010 година, секој обид за „вештачко дишење“ ќе биде попуст.

Дека оваа ступидна желба за присилна европеизација на македонската свест преку бришење на доминантните индивидуални кодови не држи вода се знае однапред. Како и секој друг закон што не е приспособен на времето и условите, ќе падне и оваа инквизиција врз угостителите и сите Македонци со одредница „пушач“. И законски и морално. Само треба да си маж да ги преживееш овие транзициони небулози. А кој ќе преживее... ќе раскажува.

Богољуб Јанчевски
ДООЕЛ „Мечос“
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Од утре нов закон!!!

Кај Мажите, коа одат по улица да се држат за Ку*о;
Кај Жените, коа одат по улица да се држат за десната цицка.

Ете на тоа ми личи и овој закон на мене.
Ебате работа ебате, па шо не го забранат тотално да се произведува?
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
10
Од пред извесно време законодавците во оваа државичка почнаа да се понашаат ДЕСПОТОВСКИ.
Тоа, за оној кој не знае што тоа значи, значи дека си прават што си сакаат, т.е. носат закони какви сакаат и КАКВИ ИМ ТРЕБААТ, казнуваат кого сакаат и кого ке стигнат и тоа со ЕНОРМНО високи казни (читај: за да си го наполнат буџетот и нивните приватни џепови) и сето тоа многу лесно го остваруваат бидејки:

1. Беше извршена масовна лоботомија на просечниот македонец за ОБАВЕЗЕН ВЛЕЗ ПО СЕКОЈА ЦЕНА во фамозната банда наречена европска унија.
2. Направија невидена изолација на земјава. Преку 90% од просечните Македонци не промолиле нос надвор од граница со години, освен некои десетина дена на некое одморче во Грција или Бугарија.

Премногу е лесно да излажеш. т.е. да правиш будала ТАКОВ човек со испран мозок и човек што не знае како е ТАМУ.

Е овој закон, е баш еден од тие закони.

Бидејки во ЕУ не се пуши (жими К...арло Велики), а ние мораме да бидеме умни, мирни, добри и сервилни и да ги почитуваме реформите на (Грујо) ЕУ и ние мораме да престанеме да пушиме. Која глупост човече !

На запад овој закон е донесен, да, али не успеал.
На пример гувернерот на Баварија заради истиот поднел оставка, а во Турција освен штрајковите, тамошните угостители одбиваат да ги служат политичарите итн. да скратам.

БТВ, зошто да има лиценци за пушачи? На тој начин правиме од готово вересија. Освен тоа, што мислите кој ке ги плати тие лиценци? Гостинот во кафаната, никој друг ! Државата ке имала корист? :tapp:

Грујо покушаваше на децата под 18 години да не им продава алкохол, не успеа, па изнајде соломонско решение (е сега ке видите вие) само до 19h алкохол за сите.

Значи да прецизираме една работа :

угостителските објекти НЕ СЕ белодробни клиники, а уште помалку воздушни бањи. Таму се јадат мрсни сланини, кременадли кобасици, се пие ракија, узо, коњак, пиво вино, се конзумира масовно кофеин, се пее, се игра. И што правиме сега?
Јас предлагам да забраниме се освен салати, да нема алкохол и кофеин. Топ работа ! Ке живееме сите по 120 години ! А ако јадеме свинско, пиеме алкохол, кофеин и тутун грујо ке дојде и ке не казни ! :pos2: Иди бегај бе !
:tapp:

Овој закон грујо еднаш покушаваше да го протурка, ама доживеа тотално фијаско. Сега покушава пак ! САМО од нас зависи да ли ке успее овој негов мајмунлак или не.

Поздрав.
 

^^Smiley^^

Broo Tal Smy Lee
Член од
25 јануари 2007
Мислења
1.045
Поени од реакции
25
И ко че ти опна 500-1000 влез, и пијачка 300+ ќе видиме дали ќе викаш совршено....ќе гледаш журки по клипој од youtube, или ќе чекаш владава да организира нешто на плоштад за да го растресиш газето:smir:
викаш? кажи ми некоја европска дискотека каде цената на влезницата е под 10 евра. Плати па клати.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
827
Поени од реакции
101
Добар си е законот и така пушењето е штетно за здравјето.
 

Sassy

sultan instead of the sultan
Член од
5 ноември 2008
Мислења
329
Поени од реакции
72
Naseto zdravje si e nasa rabota. nema potreba nekoj da se zagrizuva premnogu za toa. site sme svesni i vozrasni osobi da trpime posledici za nasite postapki. Nekam da bidam bezobrazna ama ova veke so nasive zakoni stana sje***o:uvo: Zakonite im se smesni..... ok znaeme deka e PUSENJETO UBIVA ama mislam deka ne e dovolno OGROMNITe bukvi na sekoja kutija.....nas izbor nase pravo....baska ne ide alhohol i kafe bes cigara:nenene:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Точно тие што пушат, пушат за себе ама, во јавна просторија немаат никакви привилегии да ги трујат останатите, што значи дека законот е праведно спроведен. Нормално за пушачите е неправедно но јас како непушач после долги години на труење на цигари од тие околу мене и фактот што се умирисував енормно редно беше да се забрани на јавни места.
Сите што пушат можат да си пушат дома во кола каде што одговараат во ситуацијата односно не се во јавна просторија.
И на крај ова е "Европски" закон не знам зошто на некои сеуште не им е јасно ќе има многу пострашни закони едноставно владата е приморана да го спроведе.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.587
Поени од реакции
2.617
викаш? кажи ми некоја европска дискотека каде цената на влезницата е под 10 евра. Плати па клати.
Е така е де, плати па клати, ама дали има секој да плати за да клати...во кој зема во европа 150е плата:toe:
И ти ќе платиш еднаш, два пати, па ко ќе видиш дека не ти излегува есапот, и празни дискотеките и ти ќе почниш да му караш мајката:smir:
 

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Ја сега би отворил ресторан, кафе бар и ноќен клуб само за пушачи.
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.544
Поени од реакции
168
да де цела европа шо го воведоа се глупи а вие (да не именувам) сте паметни
 

Kajgana Shop

На врв Bottom