Малку оф топик прашање за студентиве по архитектура ме интересира кога ќе дипломира на факултет каква референца има дипломиран инжинер по архитектура или пак само дипломиран архитект?
Д.И.А., ако учиш по стара програма, 10 семестри.
Д.А., ако учиш по стара програма, 5 семестри (или вечерно).
Звањата по нова не ги знам најточно, ама одат отприлика вака: 6 семестри, Д.А. , 10 семестри - магистер

)) Ма сите се они магистри...
Не може тоа така. Јас ги доживувам етикетите на прозиводите во Тинекс како вистинска уметност. Преку бар кодот се поистоветувам со реалноста и тоа во мојата глава создава хемија која не можам да ја опишам, со часови стојам пред тегличката со кисели краставички и се восхитувам. :nenene:
Според тебе:
Дали е ова уметност?
И дали е ова уметност?
Речено е на почетокот, и дали се сложуваш? Примарната поента на уметноста е да пренесе порака. Начинот на кој се пренесува потоа разликува добра и лоша уметност. Но, кога сликарот почнува да слика, тој има идеја и поента која сака да ја пренесе од себе до светот. Не ја прави за да биде нечиј домашен украс, а тоа што подоцна неизбежно тоа и ќе биде е нуспојава која не можеме да ја забраниме, а и не треба, бидејќи тоа е визуелна уметност. На сличен начин, архитектурата создава дела кои се почнуваат заради причината - потреба, а тоа што подоцна тие градби ќе бидат визуелно вкусни не е страшно, напротив, е одлично.
Затоа се обидувам да ти воочам дека архитектурата не е неопходно да биде подложна на обавување на функцијата на поединецот. Историски гледано, има различни теории за естетиката на објектите: Формата ја следи функцијата, Функцијата ја следи формата - ете само две. Less is more. More is more. Less is more when more is bore. Ете уште три.
Не ми пречи нешто особено одбивањето твое да поимаш дека архитектот ако не правеше естетски доволно коректни објекти за кои може да се каже дека обединуваат грст уметности во себе, сите згради ќе изгледаа исти (или барем сите згради во една земја / климатски регион), ниту ми е повредено егото како иден архитект - бидејќи јас го знам мојот не/когнитивен процес и пристап при проектирањето.
Ако ти кажам дека архитектурата и сликарството ги поврзува и медицината, што би искоментирал? И не зборувам за „медицината е уметност“, „готвењето е уметност“. За некого декорираната чинија може да биде уметност, ако ја спореди со „Фонтаната“ на Марсел Дишан, иако споредбата ќе е неумешна. Зборувам за разграничувањето.
Ако ти ги споредам квадратите на Пит Мондријан со естетиката на „комунистичката“ архитектура, пак смееш да ме фатиш за врат (бидејќи и таа споредба е не до крај умешна).
Ама архитект кој проектира про-форма (што нема врска со една можна интерпертација на фразата) е карактеристичен пример за нашето квазикапиталистичко поимање на архитектонската естетика каде „сфуматото“ на Да Винчи има аналошки компањон во шиндрата на мансардот, а мистичната насмевка на Мона Лиза е еквивалент на мистичната жолто-зелена боја на фасадите низ Дебар Маало.
И затоа те сфаќам.
Просто, сакам да ти кажам дека спротивно на тврдењата на многумина, не сме центарот на светот. И имаш убави примери за тоа :smir: