Ние многу добро знаеме што е дивиденда, дека постојат обични и приоритетни акции, дека котизацијата мора да оди со периодични трошоци итн итн итн... НО, берзанските работници и компаниите кај нас не си ја вршат работата, т.е. си играат мајтап со помалите акционери.Јас слично многу добро ги инвестирав моите пари без да бидам некој преголемексперт од областа на економијата. Купив 1000 акции од Макстил по цена од 102 денари, па продадов 600 од нив по цена од 390 денари со што остварив добивка од 150,000 денари. Треба да имаш срце да ризикуваш, но и да ги испиташ сите потребни параметри во општествената, политичката и економската ситуација во државава и во светот за да биде ризикот помал. А ризик секогаш постои.