Моногамија

Мојот личен став за моногамијата е:


  • Вкупно гласачи
    40

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Патем, не видов дека темава во религија подфорумот ја префрлиле, каде се дрзнуваш официјални религии да нарекуваш секти.
Образувајте се малку околу суштината на аскетизмот, моногамијата и сл. па зборете.

П.С
Пак ќе речам, и да немаше религија, повторно ќе бев про моногамија. Значи, не ја одбирам заради „небесни награди“, туку многу конкретно и практично - затоа што лишува од несреќа (со што СЕКОГАШ завршуваат сите не моногамни заедници).

П.П.С
Ефтината реторика која немање етичност и лабилност на карактер поистоветува со отвореност е исто провидна и искористена. Покреативно малку.
 
O

Out Boy

Гостин
Ве молам само, немојте да мешате моногамија со имање на само еден сексуален партнер во текот на животот (ако сеуште има останато такви луѓе по светот).

Мојот став: за да ја дадеш бесконечната љубов некому, нема логика таа да ја цепкаш: тебе ќе ти дадам толку, на другата оволку, а на третата што ќе остане. Моногамијата за мене е суштината на љубовта, но тоа не значи дека во секоја моногамна врска има љубов.

Целосно релативизирање на суштината на љубовта е делењето на истата со повеќемина. Поистоветувањето пак, на љубовта, со вештачки наметанатата индоктринација од потребата за изневерување како начин на подобрување на сексуалниот живот и состојбата на умот, е страшно.

Јас љубовта ја имам осетено како состојба кога покрај партнерот, не сум чувствувал потреба од интимност со никој друг, бидејќи тој претставувал се’ што сум посакувал и се’ што ми треба. Една прегратка со таква личност, предизвикува како да го имате целиот свет на дланка (За целиот свет, ти можеби си само една личност, но за една личност, може да си целиот свет).

Од друга страна, не верувам во полигамија, бидејќи е неприродна: ПРИРОДНО предизвикува чувство на повредување, љубомора и недоверба во емоциите за кои партнерот ви тврди дека ги има за Вас, а сепак има потреба да ги сподели и со друг/а.

Тврдењето дека полигамијата е биолошки и нагонски оправдано однесување, е во најмала рака лицемерно, бидејќи потребата од секс се задоволува со партнерот кон кој имаме емоции нешто поразлични од чист нагон. Останувањето пак, во врска, со партнер на кој му е сеедно дека ве дели со друг/а, значи само дека врската или бракот, не се заснова на љубов, емоции и почитување, туку материјална и друга социјална корист.

Пак ќе речам, мој став дечки, ноу хард филингс! :smir:
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Непостоечки?
Нели бев обвинет за лабилност? наречен небаре животно?
Бидејќи не следам црковно слово и десетте заповеди од некојси едикојси од минатото?!
:pos:

Ова ти беше врвот.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Патем, не видов дека темава во религија подфорумот ја префрлиле, каде се дрзнуваш официјални религии да нарекуваш секти.
Образувајте се малку околу суштината на аскетизмот, моногамијата и сл. па зборете.

П.С
Пак ќе речам, и да немаше религија, повторно ќе бев про моногамија. Значи, не ја одбирам заради „небесни награди“, туку многу конкретно и практично - затоа што лишува од несреќа (со што СЕКОГАШ завршуваат сите не моногамни заедници).

П.П.С
Ефтината реторика која немање етичност и лабилност на карактер поистоветува со затуцаност е исто провидна и искористена. Покреативно малку.
Не мене за болдираното, јас тоа не го реков, ми беше речено. Другему тоа, в ред. Дочитувај! Ти реков, на Рим што на Рим му припаѓа!
Мене, за моите слова, за туѓите, другему!

Ако ти можеш, мене во ист пост со телемисти, можам и јас "oficijalnite" секти да ги ставам во ист кош со неофицијалните.
Се дрзнувам бидејќи со иста муниција возвраќам кога сум лично и директно напаѓан и омаловажуван, без оглед кој и да е, во дискусијава.


И не секоја моногамна врска завршува среќно. Не е до моногмаијата и среќата да се врзуваат со паралели, туку е до љубовта, квалитетот на љубовта!

не пропагирам шполигамија, само не сакам наметната моногамија.
Се е избор во живото, така и сексот или љубовта такуѓере треба да бидат право на личен избор.

:pos:

Ова ти беше врвот.

Нели. Реков, мене што мене ми припаѓа, следува, онему кој речта таква ја срочил, нему!

за мене, едикојси ќе биде се додека се меша каде не е место!

Особено нема да ми се меша во љубовта! Посебно оној едикојси кој нема право да пропагира моногамија, еднољубие, ако тврдел дека СИТЕ И КОН СИТЕ ПОДЕДНАКВА ЉУБОВ чувствува!

Да се разбереме, нели срц :) ;)
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Не мене за болдираното, јас тоа не го реков, ми беше речено. Другему тоа, в ред. Дочитувај! Ти реков, на Рим што на Рим му припаѓа!
Мене, за моите слова, за туѓите, другему!

Ако ти можеш, мене во ист пост со телемисти, можам и јас "oficijalnite" секти да ги ставам во ист кош со неофицијалните.
Се дрзнувам бидејќи со иста муниција возвраќам кога сум лично и директно напаѓан и омаловажуван, без оглед кој и да е, во дискусијава.


И не секоја моногамна врска завршува среќно. Не е до моногмаијата и среќата да се врзуваат со паралели, туку е до љубовта, квалитетот на љубовта!

не пропагирам шполигамија, само не сакам наметната моногамија.
Се е избор во живото, така и сексот или љубовта такуѓере треба да бидат право на личен избор.
Прво, не знам што воопшто толку лично засегнат се осети.

Понатаму, да не секоја моногамна врска завршува среќно, али секоја не-моногамна гарант завршува несреќно. Нашите емоции, концепцијата на партнерската љубов и сексот едноставно не се компатибилни со повеќе од двајца истовремено, без притоа нештои немило да избие на површина.

За крај, не планирам на никој ништо да наметнувам. Се дур не ми е дечко/сопруг/син/ќерка во прашање, гајле ми е кој е моногамен, а кој не.

Особено нема да ми се меша во љубовта! Посебно оној едикојси кој нема право да пропагира моногамија, еднољубие, ако тврдел дека СИТЕ И КОН СИТЕ ПОДЕДНАКВА ЉУБОВ чувствува!

Да се разбереме, нели срц ;)
LOL

Затоа што партнерска љубов на возрасни по дифолт подразбира секс, верувам дека не се пропагира да се изебеш со целиот свет, туку се збори за нешто МНОГУ поинакво.

И да, реков дека тоа ти е врвот, затоа што апсолутно погрешно протумачи.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Аутбојче, полигамија, моногамија, гуглни малку.

Љубовта кога ќе ја ставиш во граница (латински = дефиниција) и ја ограничиш, таа престанува да биде љубов во вистинската смисла на зборот.

Изреката: љубовта не познава граници?!! Ти текиња?!

Дали е еден, или како едикојсино (Исус) кон сите, нема разлика се додека е искрена, целосна, бескомпромисна и целовита!

Прво, не знам што воопшто толку лично засегнат се осети.

За крај, не планирам на никој ништо да наметнувам. Се дур не ми е дечко/сопруг/син/ќерка во прашање, гајле ми е кој е моногамен, а кој не.

LOL

Затоа што партнерска љубов на возрасни по дифолт подразбира секс, верувам дека не се пробагира да се изебеш со целиот свет, туку за нешто МНОГУ поинакво се збори.

И да, реков дека тоа ти е врвот, затоа што апсолутно погрешно протумачи.
Кој по мене со камен, јас нему со слово полно љубов!

Ни јас не наметнувам, бранам мој став, за кој бев наречен лабилно животно и нечовек! Тоа е можно само од оние кои се самите такви, јасно!

Не, не со сиот свет, ама и љубовта подразбира сакање, а потоа и секс, а ако сакам, љубам, сакам и секс, со многуте кои ги сакам и љубам. Крај.

Не протолкував ништо погрешно, туку онака како што го восприемив.

за боллдот - Те молам, подотвори ми ги очите и протолкувај ми како требаше тоа да го восприемам, ако можно поинаку од онака како што тоа го сторив!
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Кој по мене со камен, јас нему со слово полно љубов!

Ни јас не наметнувам, бранам мој став, за кој бев наречен лабилно животно и нечовек! Тоа е можно само од оние кои се самите такви, јасно!

Не, не со сиот свет, ама и љубовта подразбира сакање, а потоа и секс, а ако сакам, љубам, сакам и секс, со многуте кои ги сакам и љубам. Крај.

Не протолкував ништо погрешно, туку онака како што го восприемив.

за боллдот - Те молам, подотвори ми ги очите и протолкувај ми како требаше тоа да го восприемам, ако можно поинаку од онака како што тоа го сторив!
Што си уобразуваш дека конкретно на тебе „фрлам камења“ или какво и да е особено внимание посветувам?

Јас си кажав општ личен став, ти си се проектира во истиот, т.е пронајде, па сеа друг ти е крив и хистеризираш.

И не, немам што понатаму да ти објаснувам.

Btw, ни сите хипици + Комаја, според болдот не ти се рамни :icon_lol: (пошо според тоа испаѓа дека имаш секс и не само со партнерки, него со секој кој го сакаш како човек)
 
O

Out Boy

Гостин
Имам едно прашање до почитуваниот Garfield: зарем не би осетил било какви негативни чувства, ако партнерката практикува полиандрија: ти ја имаш само неа (или, не мора, ајде), а таа има уште тројца други за сексуални партнери (со кои нели, според тебе, ја дели таа, сесконечната љубов)?

Да наведам само еден пример на полигамност според Garfield:
Жената: Ало злато, подготвив вечера, те чекам да си дојдеш
Мажот: Уф, заборавив да ти кажам, се слушнав со Ања, вечерва идам кај неа...
Жената: Добро злато...
Мажот: Покани го соседот на вечера мила...
Жената: Добро миличок. Се гледаме утре
Мажот: Се надевам драга... Те сакам!
Жената: Те сакам и јас.
Звучи реално, нели...? :uvo:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Адуш, ти мисли како сакаш, јас не хистеризирам, ама ако забележа, во последно време многу монашки си насторена и напаѓаш каде треба и не треба. Можеби треба да се вратиш кон цигарите како едонставен смирувачки фактор и легален порок.

јас свој став искажувам, кога ми се реплицира, возвраќам.

А Комаја и сличните, ако не им завидуваш, заборави ги во дискусија со мене, биѓаат? Јас не сум член на ниту една таква секташка фела.

И да, да се навратам на темата. Дефинирајте ми првин моногамија!
Гледам дека не знаете што е тоа.

Имам едно прашање до почитуваниот Garfield: зарем не би осетил било какви негативни чувства, ако партнерката практикува полиандрија: ти ја имаш само неа (или, не мора, ајде), а таа има уште тројца други за сексуални партнери (со кои нели, според тебе, ја дели таа, сесконечната љубов)?

Да наведам само еден пример на полигамност според Garfield:


Звучи реално, нели...? :uvo:
1. Не! Ако ја љубам, а штом сум со неа, безмерно ја љубам, не!

2. Ако ја имам и Ања, ќе ја знае и заедно ќе сме, а и комшијата такуѓере. Ти текиња!

3. Реално е, не само штоп звучи, туку и е!

Хепи Хомиславе?
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
Хехехе. Па кога не би се воделе според сите правила кои „ни се наметнати“ од „друг“ (без разлика дали тоа е црквата, религијата и законите...), а пошто сме многу мирољубив и паметен род, нема никаков сомнеж дека денешницата ќе беше анархија и хаос. Да, уште поголем хаос од сега. Додуша, веќе забрзано се движиме ко анархија и самоуништување, баш зошто мислиме дека сме премногу паметни за да живееме според некои правила. Пошто некој се прави Џедај и ја има силата, наместо да биде човек. Нема причина за љутење и избувнување. Полигами сте, не сте убијци и криминалци.. Не нарекувам никого животно, само кажувам како јас ги сфаќам работите и што според мене би требало да не разликува од животните (освен крзното, нормално) :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Аут бој не е таква приказната.Фино би било кога сите би биле моногамни,тогаш не би постоеле неверства,плачки и колења.За жал,незнам дали на некој не му се случило да изневери,да биде изневерен или он да влезе во врска како трета особа.Нека се пријави некој што животот не го научил дека моногамноста на долги патеки е „сон“ кон кој се стремиме сите како што би рекла ада.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Секој со своите ставови, а бидејќи слично со слично си прилега, без наметнување, но и без повредување други, не може да доведе до анархија.
Взаемната почит, почитувањето на туиѓите определби може да доведе само до хармонија, анархијата настанува кога погрешно се перцепира дека различното по автоматизам е спротивстаевно и антагонистички кон нашето.
Нема анархија ако е live and let live!
Затоа велам, секој со своите ставвои, во групацијата кон која теѓнее, без повредување никого, во љубов, со почит кон туѓите идеи и налела и се постигнува хармонија!
 

dacimf

безобразен
Член од
16 ноември 2009
Мислења
60
Поени од реакции
7
Има луѓе шо неќат полигамија бре човече... шо си запнал... Како што рече имаш право на избор што и кој ќе бидеш во животот... Ама понекогаш тие работи треба за себе да си се задржат ако неќеш да добиваш критики од страна... Пошто како шо има луѓе што ќе те поддржат во мислењето и ставовите околу полигамијата, има и некои што ќе речат бљак одвратно, неморално, или некој ко мене што ќе се умира од смеење на истото... тоа е тоа... а кога веќе ти се осудуваш да си се декларираш себеси некако бред поширок аудиториум, очекувај секакви критики. :D значи се е ок друже... ама мене не ми личи баш како само изнесување на твое мислење околу оваа тема... туку и баш како убедување од твоја страна :D али ај ја така перцепирам, не е битно... јас кога би изјаснил принципи околу некоја тема и некој ме линчува вербално заради истите ми се појавува една огромна полова болест во врска со тоа негово судење за мојата индивидуа... во слободен превод, ме заболе пајпата шо мисли и како мисли :D ќе живеам како што сакам... ама ич не би се ни потрудил да го разубедувам и докажувам нешто... али јебига детс ми... :D
А околу темата... кратко и јасно.... не ми се навлегува ептен... сум за моногамија и практикувам и во врска а и во брак ќе биде така... и така и ќе остане... (иначе сум апсолутно нерелигиозен така да ако ми се закачите за тоа не пали да знаете :D) Иначе јас мислам дека сум тотално во право и дека само моногамијата е правилна how about that? :P (за оние шо ќе се закачат за последново.... мајтап... сарказам... алоооо :D)
 
O

Out Boy

Гостин
Аут бој не е таква приказната.
Наведов дека примерот е според она Гарфилд што го тврди. Само, забележав многу “Ако“ и “ќе“ во неговите постови...

За жал,незнам дали на некој не му се случило да изневери,да биде изневерен или он да влезе во врска како трета особа.
:pipi:
И не сметам дека вредам нешто повеќе од другите кои изневериле или растуриле туѓа света врска. Ја, едноставно, така функционирам...

Взаемната почит, почитувањето на туиѓите определби може да доведе само до хармонија...
Така е, Хетерославе.
 
?

..........

Гостин
Моногамија е обичај или состојба во која едно лице има само еден партнер (маж или жена), во еден период. Зборот моногамија доаѓа од грчкиот monos (една или јас), а грчки Gamos, што значи бракот или сојуз. Во буквален превод, зборот моногамија значи да се биде во брак со една личност, што за мене представува сосем нормална работа.
Неможе да има здрав брак(заедница) ако се кршат овие принципи, :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom