НСМНМ промовира раскол во македонската заедница во Србија!

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.116
Националниот совет на македонското национално малцинство промовира раскол во македонската заедница во Србија!


На 26 декември 2009 , Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија привршува во намерите за реализација на иницијативата за раскол во Македонската заедница во Србија, со цел формирање паралелна Македонска заедница во Србија и покрај постоечката формирана на 5 јули 2003 година во Пожаревац.



И покрај сите напори на Македонската заедница во Србија и Светскиот Македонски Конгрес до тоа да не дојде, Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија наместо да ја помогне Македонската заедница која и го конституира на 11 декември 2004 година во Белград, непромислено генерира раскол, чиј епилог може да биде нов состав на Националниот совет и да не се избере.

За неупатените, куса хронологија. На 6 ноември 1996 година во Република Србија формирано е Здружението на граѓани со македонско потекло “МАК” од Пожаревац за Браничевскиот округ. На 28 ноември 2002 година формирано е Здружението на граѓани со македонско потекло “ИЛИНДЕН” од Лесковац за Пчињскиот округ. На 20 декември 2002 година формирано е Здружението на граѓани со македонско потекло “ВАРДАР” од Ниш за Нишкиот округ. На 18 февруари 2003 година формирано е Здружението на граѓани со македонско потекло “ВАРДАР” од Панчево за Јужно-банатскиот округ. На 5 јули 2003 година во Пожаревац со обединување на четирите македонски здруженија, Здружението на граѓани со македонско потекло “МАК” од Пожаревац за Браничевскиот округ, Здружението на граѓани со македонско потекло “ИЛИНДЕН” од Лесковац за Пчињскиот округ, Здружението на граѓани со македонско потекло “ВАРДАР” од Ниш за Нишкиот округ, и Здружението на граѓани со македонско потекло “ВАРДАР” од Панчево за Јужно-банатскиот округ, формирана е Заедница на Македонците во Србија и Црна Гора. На 13 декември 2003 година формирано е Македонско здружение “Кочо Рацин” во Белград кое подоцна пристапува во Заедницата на Македонците во Србија и Црна Гора. На 12 февруари 2005 година формирано е и Здружението на граѓани со македонско потекло “Гоце Делчев” од Врање за Пчињскиот округ, кое исто така пристапува во Заедницата на Македонците во Србија и Црна Гора.

Приоритет во работата на Заедницата на Македонците во Србија и Црна Гора стана конституирањето на Национален совет на македонското национално малцинство во согласност со Законот за заштита на правата и слободите на националните малцинства (“Службен лист на СРЈ” број 11/2002) како законска институција за остварување на правото на Македонците во Србија на самоуправа во областа на образованието и информирањето на македонски јазик, заштитата и афирмацијата на македонската култура и службена употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. И таа задача Заедницата на Македонците успешно ја реализира.

Законската процедура налагаше да се соберат најмалку 50 електори (зад секој електор мораше да има формална листа со најмалку 100 потписи од Македонци со српско државјанство), кои на Електорско собрание, со дозвола на надлежниот министер за човекови и малцински права на Република Србија, можеа да изберат 21-член Национален совет на македонското национално малцинство во Република Србија. Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија во согласност со Закон, од Владата на Република Србија и Покраината Војводина, добива големи износи на средства за своите активности, што беше и главна причина за расколот кој во Македонската заедница го предизвика Националниот совет.

Бидејќи во селата Качарево и Јабука, општина Панчево, густината на Македонците е најголема, иако Белград брои 280.000 до 300.000 Македонци, претежно асимилирани и неорганизирани, доминираше бројот на електорите и членовите на Националниот совет од панчевачкиот округ, бидејќи потписите за електорите од куќа в куќа најлесно и најбрзо се собраа, за разлика во еден Белград каде тоа е тешка работа. Македонците од останатите окрузи беа запоставени, а целата власт со Националниот совет се концентрира во рацете на малкумина од Панчевачкиот округ. И наместо да се поттикнува соработката со Заедницата на Македонците во Србија и Црна Гора, Националниот совет целосно ја запостави соработката со Заедницата на Македонците која го иницираше формирањето на Националниот совет, прераснувајќи во нејзин паралелен супститут. Наместо помош на македонските здруженија обединети во Заедницата на Македонците во Србија и Црна Гора, Националниот совет во елиминацијата на нејзината работа започна со формирање на паралелни и нови македонски здруженија.

Македонците од Панчево ги надгласуваат членовите од другите делови на Србија и наскоро тие ја напуштаат работата на Националниот совет, со што македонските здруженија од другите делови на Србија се елиминираа во дистрибуцијата на буџетски средства за проекти во македонските работи.

Заради консолидација и континуитет во работата, Изборно собрание на Заедницата на Македонците во Србија и Црна Гора, со помош на Светскиот Македонски Конгрес, се одржува на 20 септември 2008 година во Пожаревац. Заедницата на Македонците во Србија и Црна Гора на ова изборно собрание го менува своето име во Македонска заедница во Србија. Работата на Изборното собрание за жал е опструирана од неколкумина членови на Националниот совет, со единствена цел Изборното собрание да не се одржи, ниту да се вклучи во новите избори за членови на Националниот совет чиј четиригодишен мандат завршува на 11 декември 2008 година. Најверојатно за да не отпаднат манипулациите и изборните комбинаторики на неколкутемина од Панчево кои повторно „се гледаат” во новиот состав на Националниот совет.

Во меѓувреме, на 26 септември 2009 година, Националниот совет одржува состанок со претседателите на некои македонски асоцијации во Србија на кој се расправало за можноста за формирање на Сојуз на македонските асоцијации во Република Србија чиј соосновач ќе биде Националниот совет. На 28 ноември 2009 година Националниот совет повторно одржува состанок со претседателите на некои македонски асоцијации со цел формирање на Сојуз на македонските асоцијации во Република Србија чиј соосновач ќе биде Националниот совет, иако таква надлежност по Законот за националните совети на националните малцинства, Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија нема!

На 26 декември 2009 година Националниот совет свикува 23 седница за донесување на одлука за формирање на Сојуз на македонските асоцијации во Република Србија чиј соосновач ќе биде Националниот совет со единствена цел да учествуваат во предизборните и изборните активности за новите избори за членови на Националниот совет.

Светскиот Македонски Конгрес упати декларација со барање до Националниот совет да ја откаже седницата на 26 декември 2009 година и да не ја донесе одлуката за формирање на Сојуз на македонските асоцијации во Република Србија чиј соосновач ќе биде Националниот совет, што претставува паралелен Сојуз на Македонската заедница во Србија и ќе означи дефинитивен раскол меѓу Македонците во Србија.

Светскиот Македонски Конгрес укажа дека Македонската заедница и Националниот совет не се конкурентски или паралелни, туку функционални и компатибилни облици за заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство во Србија и за остварување на интересите на Македонците во Србија, што програмски треба да го потврдуваат. Како и дека Националниот совет е законска институција за остварување на интересите на Македонците во Србија, но обединети во Македонската заедница на Србија, а не во нов паралелен Сојуз чиешто формирање се иницира.

Светскиот Македонски Конгрес изрази жалење за конкурентските и паралелните односи меѓу Македонската заедница и Националниот совет и оцени дека тие состојби треба да се надминат, а меѓусебните односи функционално и организациски да се унапредат со цел заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, континуитет и наследство во Србија, и остварување на интересите на Македонците во Србија.

Светскиот Македонски Конгрес во таа смисла ја осуди злоупотребата на службената должност од некои членови на Националниот совет со цел формирање на паралелна Македонска заедница под името “Сојуз на асоцијациите на македонската национална заедница во Република Србија”.

Светскиот Македонски Конгрес изрази загриженост од неможноста за организирање на избори за нов состав на Националниот совет поради расколот во Македонската заедница во Република Србија предизвикан со формирањето на паралелна Македонска заедница под името “Сојуз на асоцијациите на македонската национална заедница во Република Србија”.

Светскиот Македонски Конгрес и понатаму оцени дека изборите за електори за Националниот совет треба да ги иницира и реализира Македонската заедница во постапка утврдена со посебни Правила во согласност со Закон, имајќи предвид дека Националниот совет се формира на иницијатива на Македонската заедница. И понатаму се укажува дека заради елиминација на нефункционалните конкурентски и паралелни односи меѓу Македонската заедница и Националниот совет, по правило, претседателот на Македонската заедница треба да биде претседател на Националниот совет, а претседателот на Извршниот одбор на Македонската заедница треба да биде претседател на Извршниот одбор на Националниот совет. СМК и понатаму инсистира, кандидационата постапка за телата на Националниот совет како и досега да ја спроведува актуелната Македонска заедница според предлозите од изборното собрание на 20 септември 2008 година.

СМК иницира донесувањето на новиот Статут на Националниот совет да се изврши во согласност со Декларацијата што ја упатува и Законот за националните совети на националните малцинства (“Службен гласник на Република Србија” број 72/2009).

СМК апелира Националниот совет да не ја донесе Одлуката за формирање на паралелна Македонска заедница под името “Сојуз на асоцијациите на македонската национална заедница во Република Србија” на 23 седница, закажана за 26 декември 2009 година во Панчево, бидејќи не е во согласност со Законот за националните совети на националните малцинства. Имено, членот 10 став 6 од Законот за националните совети на националните малцинства не е основа за формирање на паралелна Македонска заедница под името “Сојуз на асоцијациите на македонската национална заедница во Република Србија” и здруженија на Македонците, ниту основа за поделба на актуелната Македонска заедница и раскол меѓу Македонците во Република Србија. Споед членот 10 став 6 од Законот за националните совети на националните малцинства, Националниот совет “формира установи, здруженија, фондации, стопански здруженија во областа на културата, образованието, информирањето и службената употреба на јзикот и писмото и во други области од значење за зачувување на идентитетот на националното малцинство”.

СМК апелира до Амбасадата на Република Македонија во Белград, Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Владата на Република Македонија да ја откажат секоја поддршка на членовите на Националниот совет кои поттикнуваат раскол меѓу Македонците во Република Србија преку формирањето на паралелна Заедница под името “Сојуз на асоцијациите на македонската национална заедница во Република Србија”.

СМК потенцира дека ќе ја прекине секоја соработка со Националниот совет доколку формира паралелна Македонска заедница под името “Сојуз на асоцијациите на македонската национална заедница во Република Србија” и секоја соработка со паралелна Македонска заедница под името “Сојуз на асоцијациите на македонската национална заедница во Република Србија” и асоцијациите кои ќе пристапат во тој Сојуз.
 
Шознам, еве во Македонија искрено не ни знам дал постои некое здружение на Срби. И да постои не осеќам потреба од такво нешто. Скоро ист народ, исти обичаи, воопште не се чуствувам како група која треба да се издвојува од мнозинството. Незнам дал сте приметиле скоро секое сабајле на РТС иде по некоја македонска песна.
 
Ова што го постирал @cool@ веќе станува и смешно. Права македонска класика, да се двајца само ќе формираат две различни партии. Тоа ни е во гените изгледа за жал. :jaj:
 
секој со свои интереси ...
наместо да им биде на сите цел Македонија и Македонски интереси ... нив им се личните побитни ...
а гледам и СМК се буни .. се убаво ... само и од него ништо посебно ... кога ќе чуеш Светски Македонски Конгрес ќе си речеш ауу шо е тоа некоја страшна организација ... а дела/активности никаде :toe:
 
А колку ќе звучеше неверојатно: Македонското малцинство во Србија е цврсто сплотено и така заедно ги остварува своите права во Србија. Сепак вака раскарани и поделени е некако по нормално... по кој знае кој пат, за жал.
 
А колку ќе звучеше неверојатно: Македонското малцинство во Србија е цврсто сплотено и така заедно ги остварува своите права во Србија. Сепак вака раскарани и поделени е некако по нормално... по кој знае кој пат, за жал.

Што се чудиш? Таков народ сме...Да сме биле сложни некогаш ( и кога не делеле проклетниците ) ќе бевме и сега...ама ништо од тоа...Нема слога кај нас, сами ќе си ги извадиме очите пред душманите да го сторат тоа...
 
Шознам, еве во Македонија искрено не ни знам дал постои некое здружение на Срби. И да постои не осеќам потреба од такво нешто. Скоро ист народ, исти обичаи, воопште не се чуствувам како група која треба да се издвојува од мнозинството. Незнам дал сте приметиле скоро секое сабајле на РТС иде по некоја македонска песна.

Не знам ни јас дали има здружение на Срби во Македонија(читај прави Срби а не wanna be Срби) ама затоа има две српски партии во Македонија а во Србија нема ниту една македонска политичка партија,иако во Србија има повеќе Македонци отклку што има Срби во Македонија.
 
Не знам ни јас дали има здружение на Срби во Македонија(читај прави Срби а не wanna be Срби) ама затоа има две српски партии во Македонија а во Србија нема ниту една македонска политичка партија,иако во Србија има повеќе Македонци отклку што има Срби во Македонија.
знаеш и самиот дека кај нас све се можит и морат, а за во Србија нашите треба полека да се политизират доста е со тие здруженија..
 
знаеш и самиот дека кај нас све се можит и морат, а за во Србија нашите треба полека да се политизират доста е со тие здруженија..

E ама дали ке им дозволат формирање политичка партија???
 
Ќе дозволат,чим дозволија да има претседател хомосексуалец зошто да нема и македонска партија?
 
Не знам ни јас дали има здружение на Срби во Македонија(читај прави Срби а не wanna be Срби) ама затоа има две српски партии во Македонија а во Србија нема ниту една македонска политичка партија,иако во Србија има повеќе Македонци отклку што има Срби во Македонија.

Па кој им брани да формираат. Чим има партија на маџари зашто да нема на македонци. Колкав е процентот на декларирани македонци во Србија ? Во некој од претходните постови прочитав дека поголемиот број од македонците се самоасимилирале, исто ко и Србите во Македонија. И тоа не е проблем се до оној момент кога некој ќе почне да вреѓа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom