Анализа на крв - толкување резултати

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Без глупи коментари за марихуана и „куроболуење“, зошто темава е повеќе од сериозна.
Банирав 2-3 члена и изменив неколку коментари кои не ви беа на место.

Сега, назад на темата.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Наместо кока кола-минерална.
Наместо МкДоналдс-јадете риби-Самооо немој да почнете да мислите како риби:vozbud::pos2:

( Рибите имаат Омега масни киселини а тие се смрт за холесторолот).

Како тоа Омегата е смрт за холестеролот кога за покачен холестерол и триглицериди се препишува Омега 3 да се пие?
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.621
Поени од реакции
10.885
Btw колку се нервирам што кога одам на анализа, ко за беља се нови, млади и невини сестрици ме боцкаат...па ракава ми е ко писта за слетување, со незакрпени дупки...башка што ми стојат модрици по неколку дена, па срам да ти биде да се соблечеш негде бе...ќе речат кај овој со гангрениве :icon_lol:

И?? Послуша??

Плус, лук како природен антибиотик и кромид против замастување на крвните садови!
Цвекло за зајакнување на крвта, зелка за прочистување, марула за свежина, морков за очи, домати за калиум (за срце), пиперки за витамин Ц.....
Баш така, до јуни водам строг режим на исхрана, стрикно трева, овошје и зеленчуци, па ќе видиме после кој има триглицериди и холестерол во намален број :icon_lol: вчера направив грев, јадев во 7ца после цел месец, не можев, посилно беше од мене :pos: како и да е, мутаво време дојде, па на млади години морам да си го пазам организмов ко пензионер, а мислев ќе терам до 30че вака, ама се заебав.
Да живеат овошјето, зеленчукот и здравиот живот !!! (И младите невини сестри)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Најчести анализи:

Седиментација - нормална вредност 10 и 20mm/h ,доколку вредноста е поголема тогаш во организмот има жариште на инфекции.

  • M (20-50 год) 3-13 mm/h
  • M (над 50 год) 2-23 mm/h
  • Ж ( 20-50 год) 4-24 mm/h
  • Ж (над 50 год) 5-28 mm/h
Зголемени вредности на седиментација укажуваат на:



  • Анемија,
  • Бубрежни заболувања,
  • Остеомиелит,
  • Бременост,
  • Реуматска грозница
  • Реуматоиден артрит,
  • Сифилис,
  • Системски еритемски лупус,
  • Заболувања на штитната жлезда,
  • Туберкулоза,
  • Други воспалителни состојби.
Изразито зголемена седиментација (троцифрена)


  • „Giant cell“ артеритис,
  • Хиперфибриногенемија (зголемена концентрација на фибриноген во крвта),
  • Мултипли миелом,
  • Примарна макроглобулинемија,
  • Некротизирачки васкулитис,
  • Ревматична полимијалгија.
Намалени вредности на седиментацијата


  • Застојна срцева слабост,
  • Хипервискозност,
  • Хипофибриногенемија,
  • Хипопротеинемија,
  • Полицитемија,
  • Српеста анемија.
Состојби кои може да влијаат на промена на резултатот на седиментацијата


  • Алергиски васкулитис,
  • Атријален миксом,
  • Автоимун хепатит,
  • Ендометиритис,
  • Еризипел,
  • Јувенилен реуматоиден астритис,
  • Легионерска болест,
  • Воспаление на срцевата обвивка по инфаркт на срцето и др.
Крвна слика - Пред се се одредува бројот на еритроцити, леукоцити, тромбоцити.

  • RBC - Еритроцити (црвени крни зрнца) кои го пренесуваат кислородот од градниот кош кон останатите делови на телото.Нормална вредност:5-6 милиони/mm3. Намалена вредност на еритроцитите може да е знак за анемија или пак губење на крв поради крварење, а зголемување на еритроцитите може да се јави и кај сосема здрави особи.
  • WBC - Леукоцити (бели крвни зрнца) служат за одбрана на организмот од бактерии, вируси.Нормална вредност:5-10.000 милиони/mm3.Резултатите пониски од граничната вредност најчесто е знак за вирусни инфекции, а зголемување е знак за бактериски инфекции.
  • PLT - Тромбоцити (крвни плочки) нормална вредност 250.000-400.000 милиони/mm3.Зголемен број на тромбоцити доведува до крвно згрутчување во кардиоваскуларниот систем, а намалување се јавува при хемотерапи, малигни заболувања, хепатитис Ц.
  • Hb- Концентрација на хемоглобин во крвта е зависно од полот. Како просечна вредност за мажи се смета од 140-180 g/L, а за жени 120-160 g/L.
  • Глукоза - Гликемија го покажува количеството шеќер во крвта.Нормална вредност 3,33 до 6,10mmol/l.
  • HCT- удел на крвните ќелии или хематокрит во вкупната количина крв.За жени 0,356-0,470 l/l и за мажи 0,410-0,530 l/l​
  • MCV - Среден обем на еритроцити.
  • MCHC - Средна концентрација на хемоглобин во еритроцити.
  • RDW - Ширина на дистрибуција на еритроцитите, сортирање на еритроцити по големина.
  • MTV - Просечен среден обем на тромбоцити
  • NEU - Неутрофилни гранулоцити се зрели клетки кои може да нападнат и уништат бактерии/вируси дури и при циркулација на крвта.Нормална вредност 40-70%
  • MONO - Моноцитите заедно со неутрофилните гранулоцити се основа за одбранбениот систем на организмот.Нормална вредност 1-10%
  • EOS - Eозинофилни гранулоцити учествуваат во одбрана на организмот од алергиски агенски и паразитни инфекции.Нормална вредност 0-6%
  • LYM - Лимфоцитите претставуваат популација на леукоците која вклучува две подпопулации:Т лимфоцити-кои учествуваат во имунитетот на клетките и Б лимфоцити-кои се претвораат во плазма клетки кои произведуваат антитела и на таков начин учествуваат во изградба на имунитетот.Нормална вредност 20-50%
  • BASO - Базофилните гранулоцити се најмалку застапени леукоцити во периферната крв и учествуваат при алергиски реакции
 
Член од
20 декември 2009
Мислења
14
Поени од реакции
1
Дали некој знае колку време стои марихуана во крв или во урина ? Или да праел некои слични анализи ?:toe:
 

Master!

Доктор Глобил
Член од
5 март 2010
Мислења
68
Поени од реакции
6
Дали некој знае колку време стои марихуана во крв или во урина ? Или да праел некои слични анализи ?:toe:

Па со пушењето таа се внесува и нејзиното дејство започнува по 15-20минути кога активните состојки навлегуват во крвта.
Се излачуво од организмот за 7дена.
А присуството на ТХЦ се докажува во урината
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.772
Дали некој знае колку време стои марихуана во крв или во урина ? Или да праел некои слични анализи ?:toe:
Од 3 до 30 дена. Зависи до организмот и до количината на внесот. А ако се работи за влакно...цел живот.
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.962
Поени од реакции
1.237
Имам едно прашање. Што се случува кога имаме зголемено серумско железо во крвта? Нормална вредност е од 10 до 30, а еве јас иам 40. Молам за одговор од тие што се по упатени. Фала.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Имам едно прашање. Што се случува кога имаме зголемено серумско железо во крвта? Нормална вредност е од 10 до 30, а еве јас иам 40. Молам за одговор од тие што се по упатени. Фала.
Причина за зголеменото количество на серумско железо е секојдневната употреба на црвено месо во исхраната, преку кое се обезбедува многу повеќе железо отколку што може луѓето да поднесат.Исхраната која се состои од житарици, зеленчук и овошје обезбедува доволно железо, без ризик за зголемување.
Нажалост, телото не познава начин како би се решило од вишокот железо, но единствен начин да го намалите зголеменото ниво на железо е донирање крв.

Зголеменото количество на железо во крвта е токсично.Непримерното насобирање на железо во организмот е болест-ХЕМОКРОМАТОЗА,
Предизвикува цироза на црниот дроб, кардиоваскуларни проблеми, зголемен ризик од рак, дијабетис, импотенција, артритис.Симптомите обично се јавуваат помеѓу 30-50 год.Мажите почесто заболуваат, за разлика од жените и кога ќе се дијагностицира болеста обично следува диета.

Храна која изобилува со железо, првенствено е од животинско потекло- црвено месо, црн дроб, ракови.Но се наоѓа и во билниот свет, а познати извори на железо се:спанаќ, магдонос, грашок, семки, житарки, смокви, кајсии, сливи, суво грозје, лубеница, грав.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Инаку GOT ензимите се попознати како AST и ALT.
АСТ нормала е до 200 а јас имам 600 -.- Ми кажаа дека стрептококра (бактерија на грлото) сум имал па сеуште мавам апчиња -.-
 
Е

експерт

Гостин
АСТ нормала е до 200 а јас имам 600 -.- Ми кажаа дека стрептококра (бактерија на грлото) сум имал па сеуште мавам апчиња -.-
Ast (sgot) go ima vo srceto, crniot drob, muskulite, bubrezite I mozokot. Pri ostetuvanje na ovie organi se pokacuva negovata koncentracija vo krvta.
 
Член од
9 ноември 2009
Мислења
325
Поени од реакции
56
Здраво.

Можеби сум офтопик, но сакам да прашам за проблемов што ме мачи, а кој би настојувал да го дијагностицирам со вадење на крв. Имено еднаш во денот, може и еднаш во 2 дена, ми се случува нагло тресење на рацете, тресење на снагата и губење на силата, вртоглавици. Во последно време и сум доста нервозен, но сум бил и другпат нервозен, па не ми се случувало до толку. Ова ме тера да отидам да извадам крв. Дали некој знае дали вадењето крв ќе ми помогне околу ова (да дијагностицирам што е ) или дали некој имал ваков проблем па да ми каже што може да биде и како би го остранил ова.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Здраво.

Можеби сум офтопик, но сакам да прашам за проблемов што ме мачи, а кој би настојувал да го дијагностицирам со вадење на крв. Имено еднаш во денот, може и еднаш во 2 дена, ми се случува нагло тресење на рацете, тресење на снагата и губење на силата, вртоглавици. Во последно време и сум доста нервозен, но сум бил и другпат нервозен, па не ми се случувало до толку. Ова ме тера да отидам да извадам крв. Дали некој знае дали вадењето крв ќе ми помогне околу ова (да дијагностицирам што е ) или дали некој имал ваков проблем па да ми каже што може да биде и како би го остранил ова.
Исконсултирај се со твојот матичен лекар иако мислам дека ќе ти даде упат за да ти направат анализа на крв.:toe:
п.с.Колку време немаш проверено крвна слика?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom