Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.238
Поени од реакции
8.135
Вака само да се продолжи до крај. Нападот и средината ни се тип топ, единствено што ми пречи е непредвидливата одбрана. Одбраната да успее да игра за барем 50% подобро ќе газиме. Очекувам сезонава Јуве да даде над 100 гола во сите натпреварувања.
 
Член од
25 мај 2008
Мислења
547
Поени од реакции
14
запазете ја улогата на Красич во тимот на Јуве. Дефинитивно најдобро засилување летово. Скептичен бев околу одлуката да се продаде Каморанези и да се донесе Красич, но се докажа спротивното. За него (исклучувајќи го првиот натпревар на Јуве оваа сезона) само добри зборови може да кажам. Централните дефанзивци ни се добри, Мота (десен бек) се уште се бара себеси, али станува збор за солиден играч. Лево ќе се крпиме некако...
Не алудирам дека треба да се надеваме за титула, шансите ни се многу мали - објективно гледано, колку и да е тоа сурово.
Пласман во лига на шампиони? Зошто да не, зошто да не? :)
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.772
Поени од реакции
3.844
Во еден натпревар не се менуваат работите. Без разлика дали се работи од лошо кон подобро или обратно. Потребни се повеке натпревари и константност во играта за да се види вистинскиот капацитет и потенцијал на тимот. Вакви перформанси нон стоп не може ни Барса да прикажува ниту било кој спортски клуб. Тоа е неможно. Во моментов прва цел треба да биде консолидирање на одбрната. Одкако ке се направи тоа ке може постепено да се тргна кон градење на игра, препознатлива на клубот.

Денешниот натпревар го одиграа одлично и рака на срце, од поодамна не сум ги гледал да излезат на терен со ваков пристап и ентузијазам. Најбитно е што не примивме гол и тоа мн ме радува затоа што последнава сезона таквите моменти беа реткост. Заборавивте да го спомнете, но Сторари е голман на кој што Јувентус ке може да се потпре без проблеми во отсуство на Буфон. Денес имаше 2-3 добри интервенции, а и на претходните натпревари покажа висок степен на стабилност. На почетокот не верував, но сега знам дека е подобра опција од Манингер.

Единствена работа што денес Дел Нери требаше, а не ја направи беше да го извади Красич на 15-20 минути пред крајот. Зошто ? Затоа што претрча многу, имавме убедливо водство, најмалку ни треба да се повреди во тајминг пред битни натпревари. Плус во вторник играме со Палермо, па ни треба свеж.
И друга работа. Аквилани да почне да влегува во игра. Треба ваков играч во тимот, а и нему му се потребни натпревари за да влезе во ритам. Плус играч со таков квалитет е греота да го држиш на клупа.

Секако најбитно од се ми е да победува Јувентус без разлика на се, но мислам дека неговото присуство може позитивно да влијае на тоа поле.

Повеке од јасно е дека има квалитетво најголем број од играчите што ги донесе Марота. Со уигрување на тимот и малку среќа во поглед на повредите мислам дека нема да имаме проблеми да си обезбедиме 3/4 место.
Наредните 2 недели се многу битни затоа што играме натпревари со Палермо, Каљари, Сити, Интер. Тука веке ке дојдат сериозните тестови.
Со Палермо играме дома, па ни требаат една по друго две победи. Палермо доаѓа неколку 3 дена после победава над Удинезе, така да би требало моралот да не држи до тој натпревар.

Со Каљари ке биде тешко. Таму увек сме играле тешки натпревари.
Сити е најговно тимот од овие 4ти натпревари. Вакви неизбалансирани тимови ако им се погоди денот знаат да бидат противник како да е Барса у прашање. Во спротивно, ако не им се погоди може да биде тренинг натпревар. На тој натпревар се е можно.

Со Интер е дерби утакмица. Таму по дифолт ништо не се знае. Формата и претходни дуели/статистики се бледа сенка на моменталната мотивација што пресудна во дерби натпреварите.

Ке има тешки натпревари, но тука ке се види вистинскиот потенцијал на тимот.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953

во ред е ова сето но со палермо играме четврток
 
Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Красич (заедно со Маркизио) е повторно најдобро оценет играч од страна на поголемиот дел италијански медиуми ... ако продолжи вака (а убеден сум дека ќе биде уште подобар) не му бегаат наградите за најдобар дебитант и најдобар странец ...

мада индивидуалните награди и немаат некое посебно значење за нас , навивачите ...
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
-никогаш не бев во сомнеж дали Красич е за во Јувентус-секако дека русите си ги бараа 15те милиони и тоа сосема заслужено,за среќа играчот си ја кажа желбата каде сака да настапува-мило ми е
-браво за Дел Нери,денеска на ниво !!!
-се надевам дека Марота може да ја пополни дупката на бековските позиции на зима и ако тимот задржи добро темпо би продолжил кон титулата.......
-to be continued....
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
UDINESE 0-4 JUVE
18' Coda (A)
24' Quagliarella
43' Marchisio
77' Iaquinta
првиот гол на бонучи е пишан на кода авто гол
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Па беше автогол братко, се виде убаво на снимката дека со рака си ја брца...
 
С

сашенко

Гостин
Како што разбрав денеска бил крстен синот на буфон а дополнителна радост за буфон и победата на јувентус над удинезе....линк
 
Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
не беше наш на заем го земавме,абе една победа и одма креативни станувате хаха
Знам дека не беше наш т.е на Барса беше туку мене друго ми беше зборот, зошто не се потрудивме да го задржеме .. немавме шанси или не сакавме? :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom