Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Што би изјавил Ди Натале после утакмицава?Како се чуствувате?Паа да ти кажам како малце потресени сме :pos:

хааххахаха сепак ако добро се секавам лани на велигден 3 0 изгубивме одлично се одмаздивме :vozbud:
 
Одлична игра денеска од Јуве. Ваков меч не одиграле уште од времето на Зидан :pos:
Разликата ја прави Красиќ. Дечкото е феноменален, ама ми е страв како ќе игра Јуве кога тој нема да биде во составот (повреда или суспензија не дак боже...). Десетка му давам и на Маркизио, а одбранава исто така беше на ниво. Капитенот изигра баш капитенски, а мило ми е и што Квањарела погоди денеска. Јакинта иако постигна гол, требаше да погоди барем уште два пати :)
Ајде честито победава па следните мечеви уште поубава игра да гледаме и повиоски победи да реди Јуве!
 
Што би изјавил Ди Натале после утакмицава?Како се чуствувате?Паа да ти кажам како малце потресени сме :pos:
Хахаха да да
Браво за Јуве прекрасна игра без примен гол и добра реализација као што зборевте уше Амаури да се врати и целиме кон поголеми дострели...БРАВО !!!
 
Одличен Јуве видовме денес.Со ваква игра може многу да направиме одинава.Денес сите беа на ниво како што треба да бидат и се надевам дека со оваа победа моралот и формата ке им се подобри и конечно да го видиме Јуве како гази!
 
Ајде ајде честито победа,едноставно ви пукна филм денес :),иначе еден гол да примевте бе ГГ ја имав ццц :nerv:
 
Честитки момци ,, немав можност да ја гледам дека нели Интер играше :) 4-0 против Удине не е мала работа. Браво
 
Одлична игра на целиот тим. Целиот тим функционираше одлично,а после таквата игра,постојано создавање шанси,дојде и резултатот 0-4.

Одбраната одигра навистина одлично денеска.Григера на овој натпревар одигра далеку подобро од Де Чеље.Бонучи и Киелини немаа ниту една грешка,а и Мота прикажа одлична игра.

Средината исто така одигра сосема добро.Маркизио постигна одличен гол, а имаше доста прецизни поддавања и постојано беше во движење.Мело беше супер,постојано беше во движење и супер си ги изврши задолженијата од Дел Нери.Красич - феноменален,повторно 2 асистенции,а и Пепе имаше доста продори.

Нападот функционален.Дел Пиеро и Кваљарела одлично соработуваат меѓусебно,Фабио постигна одличен гол за водство од 2-0.

На Дел Нери овој натпревар сите измени му беа добри и навремени.

Победава одлично ќе придонесе за подигнување на моралот кај играчите после неубедливиот старт на сезоната.
 
Ајде ајде честито победа,едноставно ви пукна филм денес :),иначе еден гол да примевте бе ГГ ја имав ццц :nerv:

Сите мои другари и ги заеба Јуве и им се смеев дека ја играа голгол хахахаха
 
Мело продолжува со добрите игри само да не праи наивни жути картони ,се гледа дека сака да се докаже ,сеа ги нема тие што го критикуваа,ќутат:)

да го пофалам и Кваља,3 утакмици 2 гола,задоволен сум ако даде 15 гола и добро е што Јакинта даде гол ,ќе му се зголеми самодовербата.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom