Во еден натпревар не се менуваат работите. Без разлика дали се работи од лошо кон подобро или обратно. Потребни се повеке натпревари и константност во играта за да се види вистинскиот капацитет и потенцијал на тимот. Вакви перформанси нон стоп не може ни Барса да прикажува ниту било кој спортски клуб. Тоа е неможно. Во моментов прва цел треба да биде консолидирање на одбрната. Одкако ке се направи тоа ке може постепено да се тргна кон градење на игра, препознатлива на клубот.
Денешниот натпревар го одиграа одлично и рака на срце, од поодамна не сум ги гледал да излезат на терен со ваков пристап и ентузијазам. Најбитно е што не примивме гол и тоа мн ме радува затоа што последнава сезона таквите моменти беа реткост. Заборавивте да го спомнете, но Сторари е голман на кој што Јувентус ке може да се потпре без проблеми во отсуство на Буфон. Денес имаше 2-3 добри интервенции, а и на претходните натпревари покажа висок степен на стабилност. На почетокот не верував, но сега знам дека е подобра опција од Манингер.
Единствена работа што денес Дел Нери требаше, а не ја направи беше да го извади Красич на 15-20 минути пред крајот. Зошто ? Затоа што претрча многу, имавме убедливо водство, најмалку ни треба да се повреди во тајминг пред битни натпревари. Плус во вторник играме со Палермо, па ни треба свеж.
И друга работа. Аквилани да почне да влегува во игра. Треба ваков играч во тимот, а и нему му се потребни натпревари за да влезе во ритам. Плус играч со таков квалитет е греота да го држиш на клупа.
Секако најбитно од се ми е да победува Јувентус без разлика на се, но мислам дека неговото присуство може позитивно да влијае на тоа поле.
Повеке од јасно е дека има квалитетво најголем број од играчите што ги донесе Марота. Со уигрување на тимот и малку среќа во поглед на повредите мислам дека нема да имаме проблеми да си обезбедиме 3/4 место.
Наредните 2 недели се многу битни затоа што играме натпревари со Палермо, Каљари, Сити, Интер. Тука веке ке дојдат сериозните тестови.
Со Палермо играме дома, па ни требаат една по друго две победи. Палермо доаѓа неколку 3 дена после победава над Удинезе, така да би требало моралот да не држи до тој натпревар.
Со Каљари ке биде тешко. Таму увек сме играле тешки натпревари.
Сити е најговно тимот од овие 4ти натпревари. Вакви неизбалансирани тимови ако им се погоди денот знаат да бидат противник како да е Барса у прашање. Во спротивно, ако не им се погоди може да биде тренинг натпревар. На тој натпревар се е можно.
Со Интер е дерби утакмица. Таму по дифолт ништо не се знае. Формата и претходни дуели/статистики се бледа сенка на моменталната мотивација што пресудна во дерби натпреварите.
Ке има тешки натпревари, но тука ке се види вистинскиот потенцијал на тимот.