Никој ништо не заборавил.
Не заборавивме се што дал Трезеге за овој клуб. Јас, не ги заборавив головите, професионалноста и посветеноста што му ја даде на Јувентус. At the end of the day, Јувентус му овозможи да стане еден од најдобрите напаѓачи во светот.
Но исто така, нема да се заборави тоа што го кажаа Кико и Стара Дама. Трезеге и Каморанези сакаа со сите сили да си одат, но клубот буквално на сила ги задржа. Во текот на летото и двајцата плукаа по управата катадневно, само поради тоа што им стои на патот за излез од клубот.
Факт е дека и Канаваро замина, но тој тоа не го сакаше во ниеден момент. Образложи мал милион пати дека сакал по секоја цена да остане во клубот и да му помогне, но единствениот начин да помогне бил само ако замине.
Јас лично во ниеден момент не го заборавив Трезеге за се она што му го овозможи на клубот, но исто така и не заборавив дека Трезеге по секоја цена побара да замине од клубот.