Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

шеф на подземје

зумбулот
Член од
25 август 2010
Мислења
1.213
Поени од реакции
76
Доста пукате по играчите бе !!! Не почнала сезоната одма забелешки најдовте.
се согласувам павел,изгубија една утакмица и одма сите плукааст чекај малку нека се разиграат.

--- надополнето ---

играчи земени на позајмици и кои сами ги бираме се наш проблем.....со други зборови не сум целосно задоволен од преодниот рок-се даде класа играч,а се доведоа играчи кои никој шампион не сакаше да ги купи(освен Бонучи,респект)
пепе е репрезентативец,мота,аквилани е доста ценет играч кој верувам не заборавил да играе фудбал,красиц доста перспективен исто и траоре и бонучи.Тука се мело препороден и сисоко кој е килер не дозволува да се помине,цекилини респект и де челје супер изигра првата утакмица.Квањарела е исто така репрезенраривец и многу добар играч.
п.с јас мислм или ке завршат 1,2 или 7 зависи од нив,иначе има добри имиња ама како ке се уиграат бидејки сеусте не се ни познавааат има 12-13 нови фудбалери.Некој кој не го прател трансфер периодот нема да го познае јувенутс ако е со резервните дресови и ако не стое горе знакчето.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Доста со критики изгубивме во 1то коло и ај тој не го бива тој не го бива а да тепавме?!
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.801
Поени од реакции
5.464
Марота го отпуштил цел скаутски тим на Јувентус во Јужна Америка.Се очекува деновиве да бидат поставени нови обсервери на играчи во Јужна Америка. линк

Се најавува дека прва задача на Марота до зимскиот трансфер рок ќе биде започнување на преговори со Реал Мадрид за ангажирање на Карим Бензема во Јануарскиот преоден трансфер рок. линк

Се шпекулира дека Јуве планира да почне преговори со 17 годишниот напаѓач на Андерлехт,Лукаку,играч за кој се интересираат скоро сите големи клубови во Европа. линк
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
^ Поентата е што играчите никој не ни ги подари туку сами си ги биравме...
Немав нет подолго време, па да си кажам што ми лежи на душа во однос на првиот натпревар против Бари.

Катастрофалната работа на Марота летово дојде до израз уште во првото коло. Тоа беше оној истиот мизерен Јувентус кој го гледавме во претходните две сезони. Неможам да сватама како тимот нема ама баш никаков дух за надигрување. Наместо да излезат на терен и да горат од желба да играат во првиот натпревар од сезоната, половина од првотимците се вртеа како пијани кокошки.

Со ваква игра најмногу што можеме да се надеваме е четврттото место.

Најразочаран сум од Бонучи, Пепе, Мартинез Маркисио и Сисоко. Красиќ и Кваља не ги критикувам затоа што немаа доволно време да се вклопат во тимот.

Бонучи - за оваа дрвово плативме 15,5 милиони евра ???? Треба да си деген (т.е. Марота ) за да направис вакво нешто. Бонучи е потпросечен дефанзивец кој има да седи цела сезона на клупа доколку не се деси чудо со неговата форма. Ринаудо е далеку подобро решение од него, а за Легро па муабет да неправиме. Играчиве на Бари го дупеа како Украинка во порнич па мораше Киело да игра и за него. Крајно сум разочаран од овој, ако мисли Дел Нери да го игра прва постава, Господ нека ни е напомош, две чисти нема овој.

Мартинез - секоја топка што ја фати ја погреши, иако половина од второто полувреме го играше повреден, сепак се виде дека човекот го нема очекуваниот капацитет за да го носи црно-белиот дрес. Уштед една огромна грешка на Марота, која не чини 12 милиони евра.

Пепе - од овој очекував најмногу од сите трансфери на Марота. тотално изгубен на првиот меч, пробуваше и лево и десно ама без ефект на двете страни. Подобро нека го стават десен бек да игра, барем има брзина и острина во дуелите.

Маркисио - е ова детиштево почнува на живци да ми иде. Ебате талентот ќе изигра една утакмица па десет е камен. Доколку влезе Аквилани во форма Марксиио има да замрзне на клупа. Алмирон се покажа како трипати побрз од него ( и не само од него туку од целиот тим на Јуве, неверојатно е каков играч испуштивме и не успеавме да го вклупиме) Алмирон имаше повеќе успешни пасови од цел тим на Јуве заедно.

Сисоко - што се деси со човеков навистина незнам. Неможе да погоди подавање на пет метри, а за подалеку да не зборувам. Огромен пад во формата. Очекувам Фелипе Мело, кој е дефинитивно најдобриот средњак што го имаме, и Аквилани да бидат првотимици, Сисоко и Маркисио во моментов се надвор од колосек.

Кога ќе се собере се, натпреварот против Бари само ги потврди последните две сезони и најави дека во тимот ништо дсрастично не е сменето. Сеуште Јувентус нема победнички дух и менталитет, а без тоа ќе завршиме како што завршивме лани.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Марота го отпуштил цел скаутски тим на Јувентус во Јужна Америка.Се очекува деновиве да бидат поставени нови обсервери на играчи во Јужна Америка. линк

Се најавува дека прва задача на Марота до зимскиот трансфер рок ќе биде започнување на преговори со Реал Мадрид за ангажирање на Карим Бензема во Јануарскиот преоден трансфер рок. линк

Се шпекулира дека Јуве планира да почне преговори со 17 годишниот напаѓач на Андерлехт,Лукаку,играч за кој се интересираат скоро сите големи клубови во Европа. линк

И јас само што ќе напишев за ова, од овие двајца кој и да дојде нема да се згреши иако немам некое високо мислење за Бензема сепак е подобар од овие што ги имаме моментално, али мислам дека подобра опција би бил Лукаку со оглед на неговите 17 години и неговиот огромен потенцијал, да ве потсетам лани со 16-17 години беше најдобар стрелец во првата белгиска лига. Со него би добиле долгорочно решение во нападот, а може за едно 3-4 години да се продаде за многу поголема сума од таа што би го купиле, но да видиме што ќе биде до јануари.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.730
Поени од реакции
3.741
Просечната старост на одбранбената линија е околу 24 години. Старецот во таа четворка е Киелини со 26 години.
Можеби се млади и нецелосно изградени како дефанзивци, сепак во сите нив заедно има потенцијал. Сеуште ни Киелини не дошол до својот врв затоа што врвот дефанзивците го достигнуваат во подоцнежните години од кариерата. Од овие четворица ниту еден не е блиску до тој стадиум. Имаат време и простор да се надградат себеси.

Средината е супер освежена со Аквилани. Па заедно со него и комплетно новиот Мело, Јувентус може да формира одличен партнер двоец на централни мидфилдери.
По крилата можеби немаме некои имиња, но сепак тие имаат некаква улога. Се работи за играчи кои се жедни за успех и докажување. Тука пред се мислам на Красич и Ланзафаме, а истото важи и за Пепе кој е дојден на позајмица. Ако увери, ке биде купен. Ако не - Јувентус ке му се заблагодари. Така да не гледам причина за негово понатамошно плукање. . .

Факт е дека Марота направи многу повеќе одколку Секо во неговите 4 години. Додуша Секо не направи ништо, затоа што Дешамп беше тој ја освои титулата во втора лига и на најкус можен начин не врати ранг погоре, а Раниери беше тој кој што успеа да го достигне својот врв и да заврши втор. Кога работите беа оставени на Секо тој изгради неизбалансиран тим, што неколку месеци подоцна се сруши како кула од карти.
Плус, ниту еднаш не излегоа во јавноста да ги бранат своите одлуки за новите засилувања или пак да застанат во одбрана на било кои играчи кои ке наидат на остра критика од страна на медиумите. Али добро, тие се минато. . .

Главната цел на Марота беше:
1. Да се зајакне тимот без трошење на многу средства
2. Да се намали одливот на пари за плати
3. Да се намали просечната старост во тимот

Тимот мораше да се зајакне со минимално трошење на средства затоа што Јувентус не учевствува во ЛШ. Тоа е огромен финансиски удар за клуб како Јувентус. А над тоа е и изградбата на новиот стадион.
Клубот има пари, меѓутоа беа приморани да ги намалат трошоците по секоја цена. Затоа клубот се одлучи да ги пушти како слободни агенти Трезеге, Канаваро, Каморанези, Зебина. Плус уште продажба на 7 играчи меѓу кои и Диего, кои донесоа прилив во буџетот.

Целта моментално е да се стигне до место кое води до ЛШ. Па така, здравје, од идното лето Јувентус со повеке средства да почне полека но сигурно, без обемни купувања, квалитетно да го поткова тимот на потребните позиции.

Како и да е, имаме играчи кои се докажани во Серија А и мислам дека го имаме потребниот квалитет да стигнеме до место во ЛШ.

Барем, јас така мислам. . .
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
се согласувам павел,изгубија една утакмица и одма сите плукааст чекај малку нека се разиграат.

--- надополнето ---


пепе е репрезентативец,мота,аквилани е доста ценет играч кој верувам не заборавил да играе фудбал,красиц доста перспективен исто и траоре и бонучи.Тука се мело препороден и сисоко кој е килер не дозволува да се помине,цекилини респект и де челје супер изигра првата утакмица.Квањарела е исто така репрезенраривец и многу добар играч.
п.с јас мислм или ке завршат 1,2 или 7 зависи од нив,иначе има добри имиња ама како ке се уиграат бидејки сеусте не се ни познавааат има 12-13 нови фудбалери.Некој кој не го прател трансфер периодот нема да го познае јувенутс ако е со резервните дресови и ако не стое горе знакчето.

Да помисли некој дека за играчите на Барса пишуваш не за Јувентус.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Целта моментално е да се стигне до место кое води до ЛШ. Па така, здравје, од идното лето Јувентус со повеке средства да почне полека но сигурно, без обемни купувања, квалитетно да го поткова тимот на потребните позиции.

Како и да е, имаме играчи кои се докажани во Серија А и мислам дека го имаме потребниот квалитет да стигнеме до место во ЛШ.

Барем, јас така мислам. . .

Се е тоа во ред, само што на тоа четврто место атакуваат многу екипи. За жал паднавме на ниво да си ги мериме со екипи како Наполи, Палермо и Сампдорија со таа разлика што сите тие што ги набројав имаат веќе воиграна екипа.

Се надевам само на кикс-сезона на Рома.
 

шеф на подземје

зумбулот
Член од
25 август 2010
Мислења
1.213
Поени од реакции
76
Да помисли некој дека за играчите на Барса пишуваш не за Јувентус.
ти очигледно гледаш фудбал од минатата година.
И барселона беше во голема криза пред неколку години исто и рела мадрид незнам што има тука разлика дали за барселона или за јувентус.
За кој тим навиваш?

--- надополнето ---

Се е тоа во ред, само што на тоа четврто место атакуваат многу екипи. За жал паднавме на ниво да си ги мериме со екипи како Наполи, Палермо и Сампдорија со таа разлика што сите тие што ги набројав имаат веќе воиграна екипа.

Се надевам само на кикс-сезона на Рома.
милан е најголем фаворит на хартија,рома,јувентус,интер,наполи,џенова,сампдорија,фиорентина,палермо....
 
F

FuckYouAll

Гостин
Марота го отпуштил цел скаутски тим на Јувентус во Јужна Америка.Се очекува деновиве да бидат поставени нови обсервери на играчи во Јужна Америка. линк

Се најавува дека прва задача на Марота до зимскиот трансфер рок ќе биде започнување на преговори со Реал Мадрид за ангажирање на Карим Бензема во Јануарскиот преоден трансфер рок. линк

Се шпекулира дека Јуве планира да почне преговори со 17 годишниот напаѓач на Андерлехт,Лукаку,играч за кој се интересираат скоро сите големи клубови во Европа. линк
Убо им направил, кузнајт кога последен пат слушнав шпекулација дека се интересираме за некој млад Бразилец а уште помалце сме купиле.
Сите големи клубови земаат играчи од таму кои се многу квалитетни и ефтини.
 

J@mbo

Zack de la Rocha
Член од
18 септември 2008
Мислења
386
Поени од реакции
8
Зарем некој поединци сеуште не сватија дека овој Јувентус е сосема подруг од ланскиот ДЕЦАВА СЕ ЖЕЛНИ ЗА ИГРА И ДОКАЖУВАЊЕ ке се покаже тоа во скоро време :wink:
Траоре-можеби немамногу одиграно за Арсенал но кога играл навистина изненадувал има брзина а може да игра мислам и крило
Мота-првиот натпревар го одигра на ниво
Бонучи-се покажа на натпреварот кој го одигра за Италија
Киелини - се знаее
Красич-сетете секој ја донесе Цска толку далеку во ЛШ
Мело-нека продужи да изненадува
Маркизио- ке се уигра верувам во него
Пепе-неговата борбеност секогаш била во негова полза може би не е техничар но е борец
Дел пиеро-се знае!!
Кваљарела- очекувам многу

покраи овие играчи и клупа Аквилани,Сисоко,Легро,Григера;амаури,Ланза,мартинез
вие викате дека сте разочарани од заслувањата
Само проследете го натпреварот против сампдориа се ке ви стане јасно:smir:
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
ти очигледно гледаш фудбал од минатата година.
И барселона беше во голема криза пред неколку години исто и рела мадрид незнам што има тука разлика дали за барселона или за јувентус.
За кој тим навиваш?

--- надополнето ---


милан е најголем фаворит на хартија,рома,јувентус,интер,наполи,џенова,сампдорија,фиорентина,палермо....
Човече жити се прочитај што пишуваш, ти почна да ги фалиш нашиве играчи како да ми зборуваш за играчи на Барса а не за овие нашиве кога за Де Чеље рече дека изиграл одлично со Бари, јас не знам зш губам време да цитирам твои мислења.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Де Чеље изиграл добро против Бари?? :pos: Не заебавајте .. Алварес го возеше по десната страна како мало дете !!
 

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.860
Поени од реакции
2.730
Се сложувам со artan ... Де Чеље е промашена инвестиција незнам зошто тој... поголем камен од него немам видено..:toe:
 

F|eR

Мало смо се напили, пали смо у џбун!
Член од
7 јуни 2008
Мислења
2.006
Поени од реакции
393
Човече жити се прочитај што пишуваш, ти почна да ги фалиш нашиве играчи како да ми зборуваш за играчи на Барса а не за овие нашиве кога за Де Чеље рече дека изиграл одлично со Бари, јас не знам зш губам време да цитирам твои мислења.
Мене ми е и жал што си трошат букви за да напишат дека Де Чеље изиграл добро!:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom