Моџи вчера вечерта беше на емисија во која зборуваше и даде свое мислење за Јувентус и италијанскиот фудбал.
Страшно ги разбира работите !
Според него:
Новите засилувања не се Јуве материјал. Од нив, само Бонучи е блиску до она што му треба на Јувентус. За Красич вели дека си личат со Недвед само во косата, но потврди дека Красич е добар фудбалер и дека може да му помогне на Јувентус. Марота одлично ги води преговорите co ЦСКА, а тоа се должи на миксот од искуство и вештина што го има акумулирано во себе. Потврди дека една од силните страни на Марота е тоа што знае да ги искористи слабостите на другите, за да ја зацврсти својата позиција во преговорите. За пример ги даде Секо и Бљан (ова по дифолт иде), велејќи дека ако ЦСКА побараше 30 милиони тогаш тие веднаш ке се согласеа да платат. Со тоа клубот го губи својот кредибилитет, а тоа се должи на некомпетентнота и неискуството на овие двајца
Вели дека најдобро ке биде Јувентус секоја година да купува 2-3 фудбалери, но квалитетни и така клубот ке се врати онаму каде што беше. Ако се купат 10ина фудбалери тогаш во тимот се ствара конфузија, а пристуна ке биде неуиграноста на фудбалерите која подоцна ке се рефлектира на теренот. Негов совет е најголем дел од фудбалерите Јувентус да ги купи од Италија, така што времето потребно за адаптација ке биде пократко.
Потврди дека Јувентус треба да ги продаде Диего и Мело, од кои ке заработи доста пари а тие пари да ги инвестира во нови 1-2 фудбалери кои ке бидат квалитетни. Таков бил примерот со Зидан, за кој вели дека не се двоумел 2 пати за да го продаде во Реал. Затоа подоцна ги купи Турам, Буфон и Недвед. Цитирам: „Клубот треба да направи одредени жртвувања за да постигне големи резултати“.
За светското првенство потврди дека целата вина не паѓа на товар на Липи. Единствено кој можел да го земе плус бил само Касано, со кој можеби Италија ке излезела од групите, но сигурно ке била елиминарана во 1/8 финалето. Липи паметно направил што не го играл Бонучи, а додека Монтоливо е доста неискусен. Најдобар потег направил со тоа што не го повикал Балотели, затоа што според него Балотели е уште млад и има време да се развива. Медиумите психолошки ке го уништеа ако случајно Балотели направеше некоја грешка, или промашеше пенал од круцијално значење. ова би можело да биде тежок момент кој подоцна ке се одразел на неговата иднина.
На крајот потврди дека Јувентус треба да инвестира во своите млади фудбалери, затоа што тие се иднината. Во негово време Јуве инвестирале и резултат на тоа се Кришито, Паладино, Маркизо, Де Чеље, Џовинко.
Иначе, пред некој ден Марота потврди дека на чело со Ањели, Јувентус ке инвестира во својата млада академија.