Јас не знам како може да бидете оптимисти со Дел Нери ... прифатете веќе еднаш , и следната сезона ќе помине во борба за 3-4 место тоа е факт . Каков и да ти е играчкиот кадар кога се доведува тренер кој има 25 години “богата“ тренерска кариера и најголем успех му е 4 место , доволно говори за амбициите на клубот . Трофеј не гледаме наредната сезона 10000% (освен ако вас ве задоволува купот)... Како единствена позитивна работа јас ја гледам доведувањето на Де Белис бидејќи човекот е стварно стручњак и промената на медицинскиот тим, па ни останува да видиме како ќе стои клубот со повреди следната сезона ...
супер трансфери летово не гледаме , тоа е сигурно. Единствено ако го доведат Красич јас тоа го гледам како најзвучен трансфер. Најважно е да се постапи паметно на трансфер пазарот , да се купат играчи (не мора да бидат супер ѕвезди) , за да може тимот да изигра една солидна сезона и да направи една основа на која ќе се гради и ќе биде конкурентен за 2-3 сезони минимум ... како што реков титула не очекувајте следната сезона , а богами и после нејзе , бидејќи тим не се гради за 1 година.
Чисто колку да доловам во каква ситуација се наоѓа Јувентус : “Еве сега замислите Киево да го купи некој милјардер и да сака да направи конкурентна екипа која ќе се бори за титули. Замислите колку сезони треба да поминат за Киево да изгради солидна , респектабилна екипа“ ... Е во ваква ситуација се наоѓа Јувентус , почнува од 0 , наместо последниве 3 сезони да се изградеше тим кој сега ќе биди конкурентен , тимот се уназади за 200% и е далеку послаб од оној кој играше во втора лига 2006/07 ...
Нас ни останува да чекаме ...