Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Според ТутоЈуве за околу една недела ќе се знае името на новиот тренер.ЛИНК
значи па Бенитез е прв на листа ја одамна сум за Рафа зошо ми е најфаца од другиве а ова за Капело не ми се верува он да прифати
 
F

FuckYouAll

Гостин
Келини:cuc::cuc: ако не беше овај незнам кое место ке бевме сега.
Амаури, Гросо, Зебина и Де Челе можат слободно да си одат после светското.
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Football-italia повикувајќи се на тутоспорт вели дека Капело е во пол-позиција за преземање на тренерското столче во Јуве. Колку е ова точно ќе дознаеме за кратко време. Ако е вистина од мене има само :bravo:

http://football-italia.net/apr12f.html
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
никако не можат да престанат со шпекулацииве.....нешто ќе биде појасно после светското,дотогаш сите се концентрирани на крајот на првенствата и еврокуповите,како и припремите за светското
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Ако е вистина тоа што го тврди Моџи дека постојат многу по-занимливи телефонски разговори што ќе го докажат тоа („Или сите се виновни, или никој“)од овие што веќе се доставени во Италијанските медиуми, тогаш никоја врска нема да го спаси ниту еден клуб, бидејќи едноставно медиумскиот притисок ќе биде многу силен,а и во случај да ги спаси, ако Моџи има цврсти докази нема да седи мирен, сигурно ќе ги презентира во УЕФА,ФИФА итн. Моџи игра паметно, секој ден презентира по 1 разговор, и секојдневно се зголемува притисокот од целата Италијанска јавност.

Морати позади себе во 2006 година го имаше Гвидо Роси, а Гвидо Роси пред некој ден изјави дека ако има докази нема да му биде простено на никој клуб.

Се шпекулира дека главен адут на Моџи е разговор на Морати со судијата Де Сантис.

Директен неофицијален контакт со Судија (и тогаш и сега) е најстрого забрането казниво дело, а клубот што го прекршува тоа се казнува со играње во понизок ранг на натпреварување. Дали се вистинити шпекулациите ќе се дознае на 13 Април.
Факети имал премногу разговори со Де Сантис пред и после утакмица а тоа е мноогу нелегално така да ни господ нема да ги спаси Интер.

Football-italia повикувајќи се на тутоспорт вели дека Капело е во пол-позиција за преземање на тренерското столче во Јуве. Колку е ова точно ќе дознаеме за кратко време. Ако е вистина од мене има само :bravo:

http://football-italia.net/apr12f.html
Е ова го чекав ја,само еден тренер сакам во јуве а тоа е КАПЕЛО!
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.757
Поени од реакции
3.794
Ако Капело случајно се нафати да дојде, да знаете дека тоа е предвесник за менување на раководното тело на Јувентус.
Фабио Капело одлично ги познава своите квалитети и никогаш ама баш никогаш нема да дозволи над него да стојат луѓе како Секо и Блан - луѓе што имаат релативно мали познавања од фудбалот.

Значи, Капело би дошол само ако во Јувентус има луѓе што се кадарни и заслужуваат да седат во тие фотељи:wink:
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Oфицијално Амаури е италијански граѓанин, денес му го дале пасошот.

Читам тука за Капело, ако се сеќавам добро беше скаран со Капитенот своевремено и тој беше еден од тие што си отидоа во 2006 после Моратополи.
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.572
Поени од реакции
6.701
Oфицијално Амаури е италијански граѓанин, денес му го дале пасошот.

Читам тука за Капело, ако се сеќавам добро беше скаран со Капитенот своевремено и тој беше еден од тие што си отидоа во 2006 после Моратополи.
:pos: Моратополи беееееееее :pos: Ајде утре или задутре ке не пратат во серија Б и нема да се секирате веке :pos:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Читам тука за Капело, ако се сеќавам добро беше скаран со Капитенот своевремено и тој беше еден од тие што си отидоа во 2006 после Моратополи.
Пред некој ден Дел Пиеро изјави дека ако останел Капело како тренер во Јувентус, голема била веројатноста дека тој ќе си заминел.

Но Дел Пиеро мора да биде свесен дека на Јуве му е во моментов најпотребен тренер како Капело, тренер кој е на рамниште на Сер Алекс Фергусон, и според мене Капело е тренер со најшампионски менталитет што може да постои, тренер кој не поднесува пораз а паралелно на тоа воведува т.н. челична дисциплина во тимот, нешто што и те како му е потребно на Јуве.Доколку Јуве има макар и најмала шанса да го ангажира Капело,воопшто не треба да се двоуми и треба со сите расположливи сили да притисне да го доведат на клупата на Јуве наредната сезона(да му понудат поголема плата,да му дадат улога и на менаџер на клубот т.е. тренер кој сам ќе одлучува за составот итн).
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Не знам дали има постирано некој поназад али одбраната на Моџи изјави дека утре ќе објави еден разговор помеѓу некој од челниците на клубовите и Бергамо и дел од разговорот е : “Дојди дома кај газдава , те чека подарок“ ... :tv:
 

Juve-Fan

campione d'italia 36
Член од
23 март 2010
Мислења
841
Поени од реакции
1.469
Мислам дека Капело би било одлично да го земеме, но веројатноста е сигурно мала.Дел Пиеро мора да се навикне наредна сезона дека ќе биде џокер или играч за големи натрпевари сепак годините го прават своето на физички план е доста ослабен.

Бенитес во комплет со Торес би било добро но сепак мислам дека ни е доста од експерименти.
Околу натпреварот што го победивме мизерија :kesa: Каљари не се замараа воопшто инаку тешко дека ќе извадевме поволен резултат.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Не знам дали има постирано некој поназад али одбраната на Моџи изјави дека утре ќе објави еден разговор помеѓу некој од челниците на клубовите и Бергамо и дел од разговорот е : “Дојди дома кај газдава , те чека подарок“ ... :tv:
Точно,а се шпекулира дека главен адут на Моџи на 13 Април ќе биде разговор меѓу Морати и Де Сантис.
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Јес да Капело и капитенот беа скарани, ми беше криво што Капело си замина после Моратополи, но тоа е тоа. Мораме минатото да го оставиме зад нас. Очајно ни е потребен тренер што ќе ја управи екипава, без WC тренер ништо не правиме. Искрено, во моментов ич не ме боли дали бил скаран со Дел Пиеро или си заминал од Јуве, само сакам човек што ќе го врати Јуве онаму каде што припаѓа, на врвот. Елкан нека направи барем еден прав потег и нека не жали пари за да го донесе, инаку со експерименти од типот на Ферера и Закерони кои работат за милионче ништо не бива. Колку пари, толку музика.
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Точно,а се шпекулира дека главен адут на Моџи на 13 Април ќе биде разговор меѓу Морати и Де Сантис.
Разговор со официјален судија е директно кршење на член 6 без разлика на тежината на разговорот ... а казна за тоа е деградирање во понизок ранг ...
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.757
Поени од реакции
3.794
Пред да дојде Капело во Јувентус прв и главен услов што им го постави на Моџи, Џираудо и Бетега беше да му гарантираат дека нема да му се мешаат во работата односно нема да му сугерираат кој да игра во првиот тим. Капело за возврат ги понуди своите резултати.

Апсолутно се согласувам со тоа. Воопшто не е битно кој игра се додека тимот што го одбира тренерот има резултати.

Стара Дама, законот не важеше за Милан и останатите клубови. Се плашам дека нема да важи и за Интер
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom