Ако е вистина тоа што го тврди Моџи дека постојат многу по-занимливи телефонски разговори што ќе го докажат тоа („Или сите се виновни, или никој“)од овие што веќе се доставени во Италијанските медиуми, тогаш никоја врска нема да го спаси ниту еден клуб, бидејќи едноставно медиумскиот притисок ќе биде многу силен,а и во случај да ги спаси, ако Моџи има цврсти докази нема да седи мирен, сигурно ќе ги презентира во УЕФА,ФИФА итн. Моџи игра паметно, секој ден презентира по 1 разговор, и секојдневно се зголемува притисокот од целата Италијанска јавност.
Морати позади себе во 2006 година го имаше Гвидо Роси, а Гвидо Роси пред некој ден изјави дека ако има докази нема да му биде простено на никој клуб.
Се шпекулира дека главен адут на Моџи е разговор на Морати со судијата Де Сантис.
Директен неофицијален контакт со Судија (и тогаш и сега) е најстрого забрането казниво дело, а клубот што го прекршува тоа се казнува со играње во понизок ранг на натпреварување. Дали се вистинити шпекулациите ќе се дознае на 13 Април.