Мизерија...по стартните 11 изгледаше како да се отидени да се одбранат, да извлечат бод ако можат...и тоа не успеаа...срамота е веќе ова што се случува...пред да почне утакмицата на Јуве во секое коло, со другарите се прашуваме дали ќе загубат или ќе извлечат нерешено, а не колку гола ќе дадат како што беше едно време...
Што се однесува до пласманот на крајот од сезоната, искрено се надевам, и навивам да не се пласираме во европските лиги. На тој начин, догодина, здравје, ако направат некои измени, ќе можат да се концентрираат на серија А. Секако, тоа можеби ќе значи дека би изгубиле некои потенцијални играчи за трансфери, ама само ѕвездите сакаат да одат во екипа што ќе игра во ЛШ, а ѕвезди на Јуве не му требаат...има доволно такви, кои се повеќе ѕвезди него добри фудбалери. Тие што ќе дојдат, барем ќе се знае дека играат со срце и затоа шо го сакаат Јуве, а не затоа шо преку Јуве ќе можат да ги гледаат во ЛШ.
На крај, Честит Велигден и Христос Воскресе на сите навивачи на Јувентус. Нека ни е за многу години, и за подобри денови на омилената ни екипа.:helou: