Bianconero vero
Il Capitano
- Член од
- 10 ноември 2008
- Мислења
- 9.236
- Поени од реакции
- 8.133
Брат, ОК е тоа да се сака тимот, ама кој нормален може да ги возвишува после ова што ни го приредија денес. Нормално дека после победа ќе бидат возвишувани а после ваков натпревар како денешниот, плукани и пцуени. Јас лично од нервоза, искршив тастатура и сега пишувам на резервна. Замалку ќе искршев уште нешто ама успеав да се смирам.Гледам многу фанови поставуваат прашања каква работа ќе им заврши бод на Сиена. НИКАКВА.
Фудбалската мафија е моќна. Немам информации, но можам да замислам каков коефициент имало за нерешена особено по водсвто од 3:0 за Јуве. Со опцијата кладење во живо овој коефициент можеби достигнал и 70 (харикирам, но голема е можноста за тоа). Замислете какви пари ќе „спечалат“ поединци од овие резултати.
И, да. Кога ги тепавме Фиорентина и Фулам ги возвишувавте момците, ако сте вистински фанови ќе ве молам 2-3 пати да размислите пред да напишете нешто и да плукате по бјанконерите.
П.С. За фановите на другите клубови: Зошто не велевме дека се местени оние 8-9 натпревари кои ги изгубивме во низа??
Јас пак ќе ги сакам Јуве без оглед на се, а што се однесува на пцуењето на играчите, тоа е мала, минимална цена која мора да ја платат(демек ќе дознаат дека сум ги пцуел) за она што ми го приредија денес.