Вчера на прес конференцијата, Чиро Ферара се поздрави со Јувентус со голема достоинственост. Тренерот покажа дека е ЧОВЕК во највистинската смисла на зборот. Многу пати тука го критикувавме за неговите избори, но секогаш ја признававме неговата достоинственост и вчера, уште еднаш, ја покажа.
"Одам на Сан Сиро со голема професионалност што ја покажувам кон фудбалот и од голема почит кон клубот на кој му дадов многу, а исто и добив многу. Дојдов тука во '94 и веднаш ми беше овозможено да победувам, да станам повеќе популарен и секогаш ме плаќаа на време. Исто сакам да одам на Сан Сиро без разлика што ќе се случи понатаму. Ако некој дојде од управата и ми каже дека избрале друг пат, јас ќе ја прифатам одлуката без никаков проблем. Никогаш нема да ме слушнете да се жалам за тоа како се справив со можностите што ми ги даде Јуве, како играч, директор и сега тренер. Единствено нешто што Јуве не направи за мене е да ме направи поубав . Со овие резултати јас би бил отпуштен дури и во ерата на Моџи" - се смее Чиро.
Ова се зборовите на личност која е благодарна на клубот кој му дал толку многу за околу 16 години припадност и, конечно за можноста која ја доби да биде тренер. Тој исто така има дадено многу клубот, и често во последно време не ја добиваше потребната поддршка, но никогаш не се жалел за ова и со тоа ја покажува уште еднаш неговата елеганција. Овие зборови се доказ дека човекот заслужува почит, без разлика на тоа што се случува. Не секој би бил способен да се сретне со новинарите на прес, на денот кога сите знаат дека тој практично е отпуштен. Не секој би се согласи да седне денес на клупата против Интер, знаејќи дека нов тренер би можело да дојде уште вечер.
Ферара вчера оддржа лекција по достоинство, сериозност и елеганција. Пред тебе, драг Чиро за овој заклучок ти симнуваме капа. - Можеби како тренер имаш уште за учење, но како човек - веќе оддржуваш лекции лекции!