Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата Тимче
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Бенитез е добар тренер,одличен тактичар.Тоа што се посра со Ливерпул оваа година ги наведува сите да мислам дека е дури полош од Ферара!

Тактички е одлично поткован и верувам дека одлично би водел тим од Италија.Се сеќавате на натпреварите од ЛШ со Барса,Интер,Арсенал каде што Бенитез ги уништи тактички!

Незнам за вас,ама Бенитез е класа тренер во Европа,една лоша сезона на Ливерпул под негово водство не значи дека не го бива.

И Липи со Јувентус имаше една лоша сезона 2004-2005 кога заврши 4ти,кога Јуве изгуби 4-0 од Рома и 1-3 од Милан.

Бенитез би бил супер тренер за во Јувентус.
 
Бенитез на клупата на Јуве, а целиот играчки отпад од европскиве тимови ќе биде донесен да игра во првиот тим на Јуве, priceless!!! Човеков е многу полош од Ферара, но за тоа ќе зборуваме кога (ако) дојде...

Точно е дека изгубивме неколку бодови поради повредените играчи, но далеку од тоа дека поради повредите сме изгубиле 15 бода. Овие 15 бода ние ги изгубивме поради неквалитетниот тим, поради тоа што играчите не знаат да покријат дупки, не знаат да погодат топка, а што е најстрашно и најжално, не знаат како да дојдат до шанса за гол, ете таму ги изгубивме бодовите... :smir:

A што е причина за тоа? - Неуиграноста на екипата.
А за тоа причина? - Неконстантна тактика и состав.
А за тоа? - Повредите на играчите.

Повредите остануваат ОГРОМЕН проблем сезонава и една ако не и најглавна причина поради која сме таму кај што сме.
 
Бенитез има “чудни“ побарувања за играчи...освен Торес(прашање е колку се наигра!) јас и не гледам некој правилен трансфер да има побарано и направено во Ливерпул...прашање е што би направил со Јуве и што би донесол,меѓутоа освен неговото искуство не гледам нешто посебно во овој стратег
 
A што е причина за тоа? - Неуиграноста на екипата.
А за тоа причина? - Неконстантна тактика и состав.
А за тоа? - Повредите на играчите.

Повредите остануваат ОГРОМЕН проблем сезонава и една ако не и најглавна причина поради која сме таму кај што сме.

Друже, не викам дека повредите не се проблем, но поголем проблем е неквалитетот на тимот, титула не се освојува само со Киелини и Касерес...

Во Јувентус треба големи промени, џабе да дојде нов тренер, со овие играчи нема ништо да направи :) Потребни се помлади играчи, а не 35+ годишни на кои последните добро изиграни натпревари им биле пред повеќе од 3 години...
 
ali da ne se tie 35+ godisni igraci nema koj da daj gol taka da mora da ima vo ekipata barem 2ca veterani pozz a seto drugovo e politika ne dekane mozaat da igraat tuku nekat :helou:
 
Го гледам пресот на Мурињо, доста позитивно зборува, вика дека Јувентус има одлични поединци и одличен состав и не знае зошто не покажува резултати. За Ферара вика дека секој тренер има добри и лоши моменти во кариерата, а Ферара сега го живее лошиот. Вика во Италија тренер што ќе успее да остане во еден тим подолго од една година е херој.
- За Бенитез вика дека е одличен тренер и дека не гледа никаков проблем да се адаптира на италијанскиот фудбал.
 
Абе момци, ве читам и се чудам.
Во овој момент, во овој период каков сакате тренер да се донеси ? Одлично би било да се земе во моменот Рафа Бенитз, а и сигурен сум дека ке не извлечи од кризата и дека ке одиме се погоре и погоре. Бенитез полош од Ферара ? Па нека остани Ферара ако мислат така управата и вашето мислење ако го подржават.
Ферара нема ниту една тактичка измена, Ферара нема ниту една направена тактика, Ферара нема ниту еден натпревар тактички победено. Во спротивно што бара Италјанскиот фудбал, нон-стоп тактика. А ако го гледаме Бенитез кој стварно може да направи нешто од играчите на Јувентус, супер би било да го земиме. Ако не Бенитез овој период кој ке земиме? Донадони?Закерони?Ѕоф? Дај не зајбавајте.

Супер ќе биди ако дојде, и мислам дека има шанси. А тоа што ако дојде и ке го донесе КАЈТ, баш ич го нејкам Кајт, не заради играта, туку така органски неможам да го поднесам, единствено ако дојде незнам како ке го гледам. А за Торес неможам да коментира? Најдобриот голгетер во светот за мене, ако стварно го направи ова управата ја идам у торино гз им бакнувам. :) :) :)

Останува да видиме ...

И не зборајте глупости.

Сум приметил, еве и сега на дербито на Интер - Милан, како судиите да имаат страх кога судат? Аман бе, судија си, направи го мечот како што треба, дека ке суде дека нема да суди. Како прво имаше пенали кои требаше 100% да се судат, а имаше пенали кои не требаше да се судат а беа судени. Ова не ми се допаѓа со судиите што е работава....
Пеналот што го направи Гросо немаше врска, ама тотално паѓаше сам и беше санкционирано. Не сакам да навлегувам бидејки овие од Шинтер ке ме цитираат, го знам тоа.
 
ali da ne se tie 35+ godisni igraci nema koj da daj gol taka da mora da ima vo ekipata barem 2ca veterani pozz a seto drugovo e politika ne dekane mozaat da igraat tuku nekat :helou:

Со тоа 35+ годишни мислев на сите постари играчи, а ние моментално располагаме со еден од најстарите тимови во лигата :) Последниве 2 месеца не може шанса да направиме, не пак гол да дадеме... :) Еве да речеме ќе дојде нов тренер, оваа сезона е веќе отидена во неповрат, што правиме за другата? Ако чекаме Дел Пиеро, Каморанези, Трезеге и Салихамиџич да го предводат тимот, гадно сме се зезнале... Затоа викам дека е потребна нова и млада крв во тимот, а ако целта ни е (ќе ни биде) 5-6 место во лигата, тогаш да знам да не се нервирам, реално со овој тим има шанси да се освои тоа место :smir:
 
Го гледам пресот на Мурињо, доста позитивно зборува, вика дека Јувентус има одлични поединци и одличен состав и не знае зошто не покажува резултати. За Ферара вика дека секој тренер има добри и лоши моменти во кариерата, а Ферара сега го живее лошиот. Вика во Италија тренер што ќе успее да остане во еден тим подолго од една година е херој.
- За Бенитез вика дека е одличен тренер и дека не гледа никаков проблем да се адаптира на италијанскиот фудбал.

Исто така кажа дека очекува Јуве да игра добро утре бидејки Купот на Италија им е единственото нешто што можат да го освојат.

Без навреда, ама во право е.

16 бода разлика во однос на Интер, Европа лига ако стигнат во полуфинале ги чека доста квалитетни екипи. Јас би се радувал доколку освојат бидејки сепак станува збор за италјанска екипа, но реално да гледаме, овој Јувентус со Ферара на чело нема никакви шанси против големи европски екипи. :wink:
 
Исто така кажа дека очекува Јуве да игра добро утре бидејки Купот на Италија им е единственото нешто што можат да го освојат.

Без навреда, ама во право е.

Вообичаена негова прес конференција. Притисокот не сака да биде наметнат врз неговите играчи, па во случај и на пораз да не бидат критикувани како што италијанските медиуми си практикуваат.
Наспроти тоа, притисокот го наметнува врз Јувентус играчите и тренерот, поради оваа must win утакмица.

А иначе нормално е што го величи Ферара. Не му одговара Бенитез да дојде:pos:
 
Па токму тој принцип Мурињо го користи. Оттргнување на притисокот од неговите фудбалери, наметнување на притисок на негов грб или па на противникот. Така неговите фудбалери не се цел на медиумите, како што е Мело на пример во моментов или Амаури.

Никој не зборува за Кварезма, Мансини, сите зборуваат за тоа каков е Мурињо, војната со новинарите, со Липи и интересно е што Мурињо цело време наоѓа некоја нова закачка. :)

Јуве доколку го смени тренерот, ќе донесе нов италјански тренер, бидејки странски реноминран и угледен тренер не би се зафатил да биде тренер на тим кој е 5-6ти, и со останата полусезона до крај. Доколку не успее да обезбеди пласман за ЛШ, кривицата ќе оди кај него, не на некој друг.

Земете го пример Ширер во Њукасл и случајот од претходната сезона.
 
Вообичаена негова прес конференција. Притисокот не сака да биде наметнат врз неговите играчи, па во случај и на пораз да не бидат критикувани како што италијанските медиуми си практикуваат.
Наспроти тоа, притисокот го наметнува врз Јувентус играчите и тренерот, поради оваа must win утакмица.

А иначе нормално е што го величи Ферара. Не му одговара Бенитез да дојде:pos:
Моџи за Мурињо (последна изјава):

[FONT=Arial,Helvetica,Geneva,Swiss,SunSans-Regular]“Mourinho is a great communicator. I like him because he does the same things that I did for Juventus, muddying the waters. [/FONT]
„Мурињо е одличен комуникатор. Ми се допаѓа бидејќи тој ги прави истите работи што јас ги правев за Јувентус, ги мати водите.“

И со оваа изјава Мурињо сака да го тргне притисокот од своите играчи, и прави наместо со Интер, новинарите да се занимаваат со проблемите на Чиро и на Јувентус, и со самото тоа го намалува притисокот врз своите играчи.

Мурињо паметно ги користи медиумите. Одлично знае да го заштити својот тим, за разлика од Ферара кој ниту еднаш не застана позади своите играчи кога беа напаѓани од медиумите.
 
Да беше Ферара паметен,да викне на прес конференција на медиумите : Кој ве ебе 2 посто.Моите играчи се професионалци и заедно ќе излеземе од кризава.Ако слушнам уште една критика за нивната игра во весниците,ќе направам бојкот и нема да добиете уште една изјава од Јувентус до крајот на сезоната ...
Како што направи Капело тогаш со бојкот на медиуми пред натпреварот со Интер.Таквата изјава на Ферара ќе го крене моралот на играчите,ќе ги смени свирежите на трибините со подршка и навивање и можеби и целата атмосфера да се промени.
Јас барем така мислам.Кој му ја знае ...
:)
 
The Sack? Juventus Haven't Told Me - Ciro Ferrara

Абе овај не бил нормален??? Ни Роки не му е рамен :)))) :tapp:

http://www.goal.com/en/news/11/transfer-zone/2010/01/27/1763936/the-sack-juventus-havent-told-me-ciro-ferrara
 
abe so se sekirate kupo e nas ligata na evropa isto i 4to mesto vo kalcoto :toe: 2 trofei koj ti dava samo ciro !!!:pos2:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom