Vartolu
1897 Fighter
- Член од
- 29 декември 2007
- Мислења
- 14.671
- Поени од реакции
- 5.352
Тоа ќе се докаже во Недела во 15 часот, каков ќе биде пристапот кон натпреварот. Победата против Наполи е многу различна од таа победа против Парма.Победата против Парма може да му се препише само на Киелини и на автоголот на играчот на Парма, додека пак против Наполи сите играчи играа на високо ниво.Точно, се сложувам дека победава добро ќе им дојде на играчите. Ама... повторно мислам дека има едно "ама". По победата со Парма на гости (која сезонава е повеќе од солидна екипа), помислив дека тоа е мечот кој ќе не извади од кризата и дека со Милан ќе го покажеме своето вистинско лице. И... го покажавме ама она бебешкото.
Сега момците пак ни пуштија водичка, па се плашам да не не спушти некој пак на земја како што тоа го направи Милан. Затоа реков нека е на арно победава и да не ни се случи уште еден Милан во скоро време.
Најнова шпекулација е дека челниците на Јуве преговарале со Џенова за позајмица на Аргентинецот Хернан Креспо до крајот на сезоната. Неговиот агент изјави дека не е запознат со наводниот интерес на Јувентус за Креспо, но не ја отфрли можноста челниците на Јуве да пројавиле интерес кај официјалните лица на клубот, и изјави дека мора да разговараат за тоа.
Ланзафаме во моментов во Парма заедно со Алесио Секо го раскинува договорот со Парма, и се очекува попладне да пристигни во Торино и ќе биде веднаш достапен на Чиро. линк
И покрај победата над Наполи од 3-0, Calciomercato во 9:30h ја изјави новоста дека Хидинк е во Торино, го гледал натпреварот на ТВ, и зборувал со челниците на Јувентус. Се најавува дека веќе е постигнат договорот со Хидинк, и тој е до 2012 година, и Хидинк ќе добива 4 милиони по сезона, а први играчи кои ги побарал Хидинк се Афелај и Хоакин.