Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
Колку што знам му се смеевте на Интер за 11 милиона на Мурињо, ама го гледате што прави Мурињо? Затоа прво скокни па после речи оп :smir:
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
Не ми се верува дека Конте си поднел оставка во Аталанта, поради замислете, слаби резултати. Дури и тренер на една Аталанта од која се очекуваат такви резултати е свесен кога да каже доста е, си одам. Изгледа во овој поглед сме подоле и од Аталанта. Жално, но вистинито. Плус, Аталанта му вадеше бод на Милан, за разлика од нас кутрите.
Другар си размислил ли за ова..чиро дава оставка...а хидинк не планира да го преземе јуве..кој ке биде вашиот следен тренер? кој може да ве извади од оваа криза?
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Другар си размислил ли за ова..чиро дава оставка...а хидинк не планира да го преземе јуве..кој ке биде вашиот следен тренер? кој може да ве извади од оваа криза?
Во ред е сето тоа. Јас цело време зборев дека Чиро не треба да биде сменет по секоја цена и да се донесе тренер сличен по квалитет како него. Значи, реков нека биде сменет само ако на негово место биде поставен тренер од светска класа, а во спротивно ако не успеат да најдат таков, нека си ја доврши сезоната. Но, сега откога ги премина сите граници, редно беше од морални причини да ја понуди својата оставка макар и управата да му ја одбиеше. Така барем неговиот гз ќе беше чист и пред клубот и пред навивачите.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.750
Поени од реакции
3.790
Другар си размислил ли за ова..чиро дава оставка...а хидинк не планира да го преземе јуве..кој ке биде вашиот следен тренер? кој може да ве извади од оваа криза?
Има и таква опција. Ѕоф, Трапатони, Џентиле, Закерони, Вијали, anyone - потребна е промена. Чиро е моментално во жив песок. Колку повеке пробува да го извлече тимот од дупката без дно толку повеке само го затрупува без обзир за подоцнежните последици.

Овие што ги набројав погоре би биле алтернатива на Хидинк. Во случај да дојде било кој од нив, тимот би го водел до лето а потоа ке се бара вистински кормилар.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.960
Поени од реакции
5.585
Не ми се верува дека Конте си поднел оставка во Аталанта, поради замислете, слаби резултати. Дури и тренер на една Аталанта од која се очекуваат такви резултати е свесен кога да каже доста е, си одам. Изгледа во овој поглед сме подоле и од Аталанта. Жално, но вистинито. Плус, Аталанта му вадеше бод на Милан, за разлика од нас кутрите.
Конте поднесе оставка поради протест и тоа на 100-200 навивачи кои не биле задоволни од неговите резултати, додека Чиро не сака ниту да чуе за оставка и кога после натпреварот со Катанија и против Милан каде пред Олимпико во Торино имаше повеќе илијадници фанови кои протестираа и бараа од него одговорност за слабите резултати.
Агентот на Гуууууууус бил запрашан дали неговиот клиент ке седне на клупата на Јувентус. Овој одговорил дека во моментов не може да ги коментира овие гласини, но дека тоа ке го направи кон крајот на оваа недела.

Дешифрирано на македонски: "Сеуште преговараме"
Јас мислам дека се имаат договорено, само се чека правиот момент (најверојатно после Куп натпреварот со Наполи).
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.926
Поени од реакции
839
Конте поднесе оставка поради протест и тоа на 100-200 навивачи кои не биле задоволни од неговите резултати, додека Чиро не сака ниту да чуе за оставка и кога после натпреварот со Катанија и против Милан каде пред Олимпико во Торино имаше повеќе илијадници фанови кои протестираа и бараа од него одговорност за слабите резултати.


Јас мислам дека се имаат договорено, само се чека правиот момент (најверојатно после Куп натпреварот со Наполи).
Како шо тргнало и тој натпревар ќе го загубиме :toe:
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Јас мислам дека се имаат договорено, само се чека правиот момент (најверојатно после Куп натпреварот со Наполи).
И јас мислам така, после сите тие демантирања на гласините и изјави дека немало никаков контакт, денес добиваме дипломатски одговор во кој не постои демант за контактот, па дури и датум. Најверојатно ќе му биде оставена на Цики уште утакмицава со Наполи задутре бидејќи реално нема време да ја спреми нов тренер, па после превзема ГууууууС.
Како и да е можеме само да погодуваме што ќе се случи. Ни останува да почекаме па да видиме Маестро Бетега што ни спрема :wink:

Искрено се надевам дека ќе му биде понудена алтернативна работа во клубот на Ферара и дека ќе ја прифати, сепак човекот има дадено многу пот и крв за клубов за да биде исфрлен како партал (читај Раниери).
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Другар си размислил ли за ова..чиро дава оставка...а хидинк не планира да го преземе јуве..кој ке биде вашиот следен тренер? кој може да ве извади од оваа криза?
Па не е случајно тоа што руската федерација му дозволи да води и клуб како што беше со челзи значи има нешто
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Реално овој тим толку може :toe: Амаури е камен невиден...одбраната ни е сирење,средниот ред без идеја...и Св.Петар да дојде со овие играчи неможе погоре,мора да се донесе нешто покреатино значи 2-3 добри фудбалери и да се продаде она кршон Амаури :jaj:
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Реално овој тим толку може :toe: Амаури е камен невиден...одбраната ни е сирење,средниот ред без идеја...и Св.Петар да дојде со овие играчи неможе погоре,мора да се донесе нешто покреатино значи 2-3 добри фудбалери и да се продаде она кршон Амаури :jaj:
Треба прво да се утврди систем на игра па после да се прават планови кој играч е потребен, а кој не. Овие очигледно појма немаат каква игра сакаат да постигнат на терен па се случува да има различна тактика на секоја утакмица.

Плус мислам дека влијанието на Липи (кој очигледно не го боли цефка за Јуве) има огромен ефект врз тоа што се случува во моментов. Ни наметна двајца одбранбени играчи кои и во депонија да ги однесеш нема да ги примат. Второ овие од управа појма немаат што е фудбал (со исклучок на Бетега кој сега дојде) па го слушаа слепо што ќе им каже. Зошто нели, Канаваро и Гросо треба да имаат утакмици за да може да ги повика на светско, а ако останеа во матичните клубови минутажата ќе им беше нула.

Од сите играчи јас би ги оставил:

Џиџи - нормално.
Киелини - нормално.
Касерес - има потенцијал и квалитет во него.
Мело - со добар тренер и вистински задачи на терен - ќе блесне!
Сисоко - со Мело како разбивачи на противничката игра може да прават чуда.
Маркизио - кога игра во средина е ѕвер.
Поулсен - не му е проблем да седи на клупа, па како замена не е лош.
Диего - ЅВЕР само му треба помош, не може сам.
Јакинта - за замена е таман, плус не му смета да седи на клупа.
Џовинко - нема потреба од коментар зошто треба да остане.
Дел Пиеро - ЛЕГЕНДА, и мора ваков во тим.
Трезеге - ЛЕГЕНДА 2.


За шут карта:

Број 33 - секој коментар е непотребен
Гросо - најспорото нешто во историјата на спори нешта
Канаваро - оди да снимаш реклами за Жилет и чувај внуци
Амаури - доста го чекавме да се разигра.
Каморанези - има годинки, склон е на повреди, а и играта му е премногу променлива - не може да се ослониш на него
Зебина - склон на повреди.
Григера - тапа е.
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
Стопер , 2 бека , 2 везњаци (или крила ако се враќа 4-4-2) , напагач и Хидинк

Шут карта : Мело , Амаури , Гросо , Канаваро , Григера , Зебина , Легро...


без ова сме само просечна екипа , ништо повеќе ...
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Агентот на Гуууууууус бил запрашан дали неговиот клиент ке седне на клупата на Јувентус. Овој одговорил дека во моментов не може да ги коментира овие гласини, но дека тоа ке го направи кон крајот на оваа недела.

Дешифрирано на македонски: "Сеуште преговараме"
Дешифрирано на македонски: "Ќе има нешто официјално тогаш"

- Неможи веќе да ги прај сите луди со сафари во африка
- Неможи да лажи дека нема ништо и за некој ден да се демантира
- Неможи да потврди пред официјално да бидни работата
- Руската федерација го ослободила
- Ако веќе го плаќаме дебело се надевам дека не е само до на лето и дека за озбилно ќе си ја сфати работава а не да трча владивосток-торино за квалификации

- Ако веќе иди нека дојди дури има време да земи некое појачање зимава па да не плачи после ми фалат играчи .. вака барем то шо му е најболна точка (ЛЕВ БЕК / НАПАЃАЧ) да си ја апдејтира
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Нов тренер сигурно најмалку ќе му се допаѓа на Липи зошто нема да има никакво влијание врз него, а левиот бек и стопер за репрезентација нема да му играат. (под услов да се пополнат тие кратери со нови играчи)

Друго, ако не побрзаат да го ангажираат Коларов и дозволат да отиде во Интер, ќе испаднат најголеми ИДИОТИ.
 

Cappie

Vincere non è importante: è la sola cosa che conti
Член од
29 мај 2008
Мислења
1.914
Поени од реакции
307
Гледам сите набројувате кои играчи би требало да си отидат од Јувентус...и со повеќето се согласувам, ама Мело и Амаури???
Прво, на сите ни е јасно дека Мело е еден одличен играч, и не е проблемот дека тој не е адаптиран во екипата на Јувентус, туку едноставно под водството на Ферара, тој доби задачи какви што никогаш пред тоа не извршувал и нормално е дека не може да се снајде. Ако му се даде вистинската функција, тој за утакмица-две ќе биде еден од најдобрите поединци на Јувентус.
Второ, Амаури...минатата сезона сите го гледавме како ги тресе противничките мрежи и го величевме, викавме дека е одлична инвестиција и така натаму...и сега што? заборави тој да игра фудбал? Нема среќа? или? Не е ништо од тоа. Минатата сезона, Амаури ги имаше Дел Пиеро, Недвед, Каморанези зад себе, играчи кои го снабдуваа со топки кои тој успеваше да ги претвори во голови. Исто така и во дуел еден на еден беше брилјантен, знаеше да се загради итн итн...Што се смени сега...сега, нема кој да му даде топка, освен Диего никој друг не упатува корисни топки во шеснаесетникот. Потоа, конкретно, против Милан, цела екипа делуваше дезориентирано, не се знаеше кој што прави, и Амаури кој беше главен напаѓач заврши расчистувајќи ги центаршутевите од Бекам. Како да очекуваме да даде гол, кога 70% од времето е на својата половина, а и кога е во напад нема кој да му даде топка?
Така да, според мене, не смее да се размислува за продажба на овие двајца фудбалери. Што се однесува до другите, како што се Гросо, Канаваро, Каморанези, Григера, можат да си заминат, или пак да останат како резерви во екипата, секако ако се најде соодветна нивна замена. За Гросо и Григера веќе има замени во Де Чеље и Касерес(и ако се земе Коларов), за Каморанези - Маркизио, е сега, ќе мора да се најде еден врвен централен бек на местото на Канаваро.(може Кришито да се врати) Исто така, ќе мора да се донесе и уште некој напаѓач, по можност некој помлад за да може да се вметне уште сега и долгорочно да се рачуна на него.
Други измени освен овие, и секако тренерот би биле менување и на цел медицински персонал и доведување на луѓе кои ќе дејствуваат превентивно со што многу би се намалиле повредите...тоа би сменил доколку јас раководев со Јувентус.:smir:
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Ајде реков вчера дека ќе си прам анализа на составот бидејќи не е цела вина на грбот на Чиро. Па еве нешто

Мала легенда црвено - шут карта , Лилаво - нека се покажи или максимум клупа

1 Buffon
- Нема коментар за Џиџи
2 Caceres
- Дечково има шанси да се покажи до крајот на сезоната (секако на позајмица е). Засега игра жестоко и јас сум задоволен од неговата игра. Секако има место за подобрување ама засега нема потреба да се менва
3 GIorgio Chiellini
- Ноу комент
4 Felipe Melo
- Хмммм, Ајде ќе се обидам да не сум ептен оштар. Реално добро ги игра натпреварите ама има моменти кога мислам дека е уништен талент за уметничко лизгање. Вервам дека се работи за истрошеност и слично ама можи клубот маааалку да поработи на него медицински третман. Секако одма не се станва МВП играч оставам место некој следен тренер да го препороди сеуште има време за да се докажи, ако не ќе дреми ко резерва за мухамед оти во иста формација тие двајца ако се останваме без средина
5 Fabio Cannavaro
Секако е на една година во клубот нема многу да се надевам на него за во иднина и факт е дека немаме солиден централец па треба да се бара свежа крв на гоооолемо на лето. Кана е сеуште добар (добро има и лоши денови) ама в споредба со неговата форма од гејскиот клуб подобрен е.

6 Fabio Grosso
Тињаа-незнам дали има некој шо мисли дека овај е добар па Моли покрај Недвед беше уметник за него

7 Salihamidzic
Ухх златна резерва и онака игра по потреба типот е звер само малку поздрав да биди.
8 Marchisio
Новиот којјј Тардини/Џерард-ајде малку нека влегва во форма оти ќе греј клупа ако некој нов тренер побара салам средишњаци. Генерално е добар и игра екстра партии ама како на цел тим му фали конзистентност плус и искуство.
9 Vincenzo Iaquinta
Супер за резерва напаѓач, за прва постава никако. IQ e баш играч кој ни треба за на клупа.

10 Alessandro Del Piero
Те моооооолам пензионирај се. Реално Човеков има напраено доволно за Јуве. Очекувам да ја изигра уште сезонава со надеж дека ќе го фати авионот за Африка и толку од него. НЕкако се поспор ми е и овај пат се сомневам дека ќе се врати :(
11 Amauri:kesa:
Кај е сличето со попот да му запеј нешто. Појќе ни бајачи не го спасват овај аман таму нека оди во Милано дури можиме да извајме некој динар од него
12 Chimenti
ох леле го заборајв овај - за 3та резерва бомбона

13 Manninger
за резерваустав
15 Zebina
еј не го бркајте типов со оглед на се шо има зборано свака част. Плус ни е една од подобрите алтернативи за десно само нека се среди малку
16 Mauro Camoranesi
Аман веќе со повредите уште ги плаќат оние докторите. Камора е уметник и еден од најкорисните играчи ама јеби га со повредите не ја бива работата + годините го јадат и треба да се поработи на добра замена + резерва за позицијата оти и брацо е во години
17 David Trezeguet
Аман нека му продолжват договори дури не се најди салам замена
18 Christian Poulsen
За резерва после Мухамед и Мело си е тамам ама се на се е просечен кршач. За прв тим никако
19 Molinaro
Ај да видам во штутгарт шо ќе напрај Лани беше надежен и се подобруваше. Инаку лев бек плачи за освежвање
20 Sebastian Giovinco
Не е до толку звер како шо го прат сите и за то неигра. Сепак за офанзивни формации е супер како крилен напаѓач. За средина не е никако оти е слаб за дефанзива и МООООРАА да има здрав бек зад него за да го покрива.
21 Grygera
Ајт нека оди нека се мачка на леб. Доста беше од него. За без пари засега просечно си ја бркаше работата можи да поседи евентуално за кризни ситуации како резерва. Ако прајме шампионски тим овај максимум можи да стигни на клупа
22 Sissoko
Аман нека се врати оти ќе не јадат на средина
28 Diego
Во подобри деној и со подобри играчи формации и уигрувања можи ќе дојди до израз вака џабе вези
29 De Ceglie
Леле како би им го препорачал на Лацио или Наполи па измислен е за таму. За во Јуве не е ни за наклупа.
30 Tiago
МРШ

33 Legrottaglie
Засега топло ладно си брка работа. Ако сакаме титули треба да имаме 4ца подобри од него.
23 Ariaudo
- ЌЕ го видиме шо ќе напрај во Каљари ама не се надевам многу
35 Esposito
37 Rossi
39 Marrone
40 Immobile
41 Pinsoglio
Паскато, Дауд,
-
Rossi i Marrone ги имам гледано и се надежни а останатите само знам дека беа звезди во младинците. Засега сите на печалба по Сиена Емполи па да видиме шо мажи се.


___
Уфф се уморив наскоро ќе пробам и по позиции да напишам уште нешто
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom