Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
9 јуни 2008
Мислења
91
Поени од реакции
1
Абе Џовинко лево, Маркисио место Пулсен, а Пулсен в канта, или на плоштад во Торино да го запалет.....
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Шалке изјави дека ќе се откаже од Рафиња само за 14 милиони. линк

14 милиони се многу за Рафиња, а кога ќе се надодаде фактот дека од лето е слободен играч тогаш барањата на Шалке се посмешни и од оние кога Претседателот на Удинезе Поцо, бараше 25 милиони за Д`Агостино.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.258
Поени од реакции
2.253


Дали да ја бапнам на сингл за Јувнетус??!?!? :uvo:
 

Pinturicio

Forza Juventus !!!
Член од
22 септември 2007
Мислења
1.705
Поени од реакции
109
Во можните формации и во Tuttosport и во Gazzeta Dello Sport формацијата на Јуве против Милан ќе биде:

Manninger

Grygera--Cannavaro--Chiellini--Grosso

Salihamidzic--Melo--Poulsen--Marchisio

Diego

Amauri​
Лоша формација. Повторно ќе се браниме . Али ова не е Парма , Милан е ... па лесно можеме да завршиме ко со Баерн. Нема кој да игра , нема кој да организира акции , нема кој да повлече , Диего е премногу напред ... не сум баш оптимиста со ваква формација.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.223
Поени од реакции
8.091


Дали да ја бапнам на сингл за Јувнетус??!?!? :uvo:
Епа сега прашање е дали играчите сакаат да го задржат Чиро или сакаат да биде сменет. Од нив зависи. Сепак сум на мислење дека ако одиграат како со Парма, секако ќе биде сменет без оглед на резултатот. Не е препорачлив мечов за сингл на било кој.
 

Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
Грешка, заборавив дека ке играме со 4-4-1-1 :) .
Ланзафаме ќе го враќеме изгледа назад.Не знам како,шо игра.Но ако е добар,зошто да не му се даде шанса.Иако ретко кој млад играч успева добро да игра под притисок во голем клуб,но можеби тој е еден од ретките ...

Шалке изјави дека ќе се откаже од Рафиња само за 14 милиони. линк

14 милиони се многу за Рафиња, а кога ќе се надодаде фактот дека од лето е слободен играч тогаш барањата на Шалке се посмешни и од оние кога Претседателот на Удинезе Поцо, бараше 25 милиони за Д`Агостино.
Ама не ова лето,следното (2011 год.) ...
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.909
Поени од реакции
1.551
Грешката на Јуве е што се форсира цело време Диего, нормално за да ги оправда парите шо ги дадоа за него. У формација 4-4-2, значи не дијамант тука класична со две крила и двајца деструктивци, Диего неможе да игра. Значи лош потег направија кога во една сезона ги земаа Мело и Диего пошто двајцата неможе да се снајдат у иста формација. Ако сакаме да играме со двајца деструктивци мора истата формација како онаа кога игравме со Емерсон и Виеира. Требаше да се земе само Диего и со парите од Мело да земее некој класа шпиц и да си игравме дијамант. Сисоко како деструктивец, Диего плејмејкер и Каморанези и Маркисио крила. Значи зборот ми беше затоа сеа место да играме со Милан 4-4-2, ние играме 4-4-1-1 т.е. подефанзивно и може лесно да го примиме, али дај боже да грешам.
 
Член од
3 август 2009
Мислења
417
Поени од реакции
56
јас мислам дека требит дедо перо на клупа џовинко на терен ;):smir: знам дека звучи глупо али тоа е тоа :vozbud::vozbud: себо е мислам во подобра форма од дел пиеро :smir:

во деншниот број на тутоспорт вика можна транпа јакина малуда :nesvest: лол
Доколку се донесе Малуда, иако знам дека 90% е шпекулација, се отвара можност за најприлагодната формација за Јуве според мене 4-1-2-1-2 (популарно дијамант). Редно време е барем да се проба со крила во формацијата за да се раздвижи играта по страничните позиции и повеќе нафрлања во шеснаесетникот, така што би биле поопасни со оглед на фактот дека имаме тројца високи и корпулентни играчи кои би знаеле да се снајдат во таква ситуација ( Трез, Амаури и Јакинта). Во тој случај на секоја позиција би имало конкуренција на барем двајца: на местото ДМФ би ги имале Сисоко, Мело и Поулсен, на ЛМФ( лево крило) Малуда, Џовинко, Де Чеље, десно на позиција РМФ Каморанези, Салихамиџич и Маркисио и на АМФ Диего позади двајцата напаѓачи кои и да биле. Со ваква поставеност потребна е поподвижна одбрана, каде што евентуално во Јануарски преоден рок би се мењала левата бековкса( Гросо) и централната бековска (Кана) со побрзи и поспремни дефанзивци.

Секако дека добро би ни дошол Малуда затоа што поседува брзина, дриблинг и башка левак е, но негативното е тоа што се спомнува Јакинта како трампа за него, кога би можеле да се договорат некако поинаку би било супер. Поздрав ЈУВЕНТИНИ:wink:
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
91
Поени од реакции
1
Точно дека ова е малку подефанзивна формација, ама мислам дека е најдобра во моментов за Јуве. Со оглед на то дека за Диего да проработи него му треба добар шпиц напред односно експлозивен шпиц, а не од типот на нашиве тромави шо се типични чекачи на кои најмногу им одговарат игра со офанзивни крила и бекови, шо нон-стоп ќе нафрлаат и со надеж дека некоја топка ќе ги мавнит по гла. За разлика од та формација Чиро се трудит да разиграт игра и по средина на терен, не само по крила, зато го купи Диего, ама напрај голем превид со нашиве ценети напаѓачи. Да имавме некој од типот на Пандев, Торес, Руни, Анри, Ето итн. Диего ќе имаше најмалку 15 асистенции до сега и сигурно ќе беше кандидиран за играч на годината. Иначе со Милан наша е 100%
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.337
Поени од реакции
2.224
Грешката на Јуве е што се форсира цело време Диего, нормално за да ги оправда парите шо ги дадоа за него. У формација 4-4-2, значи не дијамант тука класична со две крила и двајца деструктивци, Диего неможе да игра. Значи лош потег направија кога во една сезона ги земаа Мело и Диего пошто двајцата неможе да се снајдат у иста формација. Ако сакаме да играме со двајца деструктивци мора истата формација како онаа кога игравме со Емерсон и Виеира. Требаше да се земе само Диего и со парите од Мело да земее некој класа шпиц и да си игравме дијамант. Сисоко како деструктивец, Диего плејмејкер и Каморанези и Маркисио крила. Значи зборот ми беше затоа сеа место да играме со Милан 4-4-2, ние играме 4-4-1-1 т.е. подефанзивно и може лесно да го примиме, али дај боже да грешам.
Маркизо никако неможе да игра крило не ме заебавај се докажа и со Парма, може во дефанзивна задача супер игра по оваа страна но за напад ни треба играч кој ке може да прави продори брз и снаодлив за во напад од типот на Малуда,Каморанези,Џо Кол и слични. Неможе ти Маркизо да ми го ставиш таму и што ке направиме за во напад се по десната страна и со Каморанези (во случајов е повреден) ке играме ? Нема шанси секако ке не затворат за тава треба двајца играчи по десната и левата страна што ке можат многу подобро да играт од колку што викаш Маркизо по левата страна.

Го имаме Џовинко, тој е измислен за вакви ситуации ама посеизгледа дека е слаб во дефанзива затоа не го пушта Ферара, нека размислио малку Мело и Поулсен двајцата ДМФ барем ке можат да го сопрат кој и да е, така да мислам дека Џовинко супер би било да стартува како лево крило од колку Маркизо.
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68


Дали да ја бапнам на сингл за Јувнетус??!?!? :uvo:
Ова веројатно ќе биде првиот случај кога јас ќе навивам против Јуве, не можам да ја поднесам оваа наша игра што ја имаме под водство на Ферара катастрофа е.
Ама мислам дека ќе тепаме за несреќа!

П.С. Тиаго и официјално во Атлетико М. Линк!
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.620
Поени од реакции
43.467
Ова веројатно ќе биде првиот случај кога јас ќе навивам против Јуве, не можам да ја поднесам оваа наша игра што ја имаме под водство на Ферара катастрофа е.
Ама мислам дека ќе тепаме за несреќа!
Џабе збориш вака, а започне натпреварот влагаш у таа еуфорија и забораваш на Се, само Јуве ти се у глава, колку и да велиш дека ке '' навиваш '' против Јуве, по првиот свиреж на судијата ке се остаиш за екипата за која и навиваш. :)

A за Чиро, стварно незнам кој му е филмот, 100 формации смени, па први 5 кола имаа скор 4 1 0, и тоа тој нерешен го имаа на гости против незгодната Џенова каде изиграа топ меч, претходно и Рома и Лацио паднаа на гостински терен, незнам што го тераше тој стартен систем да го менува кога имаа и резултати и игра. :toe:
 

aLbanesoo

Juventus le migliori
Член од
4 јануари 2010
Мислења
22
Поени од реакции
1
Ovoj e mojot sostav :
Maninger.

Salihamidzic. Canavaro. Chielini. Grosso.

Marchisio. Melo. Poulsen. Giovinco.

Diego.

Amauri.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom