Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.

Nuneee

Nune
Член од
27 декември 2009
Мислења
449
Поени од реакции
29
Фала ти другар, да си жив и здрав :smir: :)

Има некоја шпекулација дека Бриаторе би го заменил Блан на местото претседател и дека би работел заедно со Андреа Ањели
линк

Исто така Скај јавува дека Тиаго е веќе во Мадрид на медициски прегледи, пред официјално да премине во Атлетико.
Флавио Бриаторе?Екс-шефот на Ф1 Рено тимот?Шо мајка бара во фудбал тој.Знам дека има некој тим во Англиско,но дека ќе вмешува прсти во Фераровиот Јуве,нешо ми нема логика .... :nesvest:

Ќе ги гледаш цела утакмица како му висат на грб Амброзини и Гатузо :wink:
:)
Гатузо ќе трча,Амброзини ќе се мести за фаули ...
 
Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
Бријаторе?! е дури тогаш ќе се одкажам од Јувентус!
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.686
Поени од реакции
3.644
Желби и честитки во 3 саат на радио. . .
Јувентус не е локална бурекџилница, на која претседатели ке се менуваат како на селска дроља.
Претседател треба да биде човек кој што разбира фудбал, кој што ја разбира тежината што се чувствува во тоа столче. Треба човек кој го носи Јувентус во крвта и човек кој би ја ставил раката во оган за овој клуб.

Бријаторе е бизнисмен па не верувам дека ова ке го прави од љубов. Згора на тоа беше принуден да си даде отставка од Рено заради вмешаноста во местењето трки. Така да уште едно веке видено сценарио не би сакал го снајде клубот.
Трета работа е дека човекот има некој удел и во КПР.
 
Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Гледам овие Биланезите ептен се издигнаа во воздх .. треба некој да ги спушти на земја,а мислам(не мислам туку сигурен сум) дека во недела ќе се случи тоа ... иако сме без Сисоко,Трезеге,Јакинта,Каморанези,Касерес ќе биде тешко но ако се остави срце на терен може да се совлада "силниот" Билан :smir:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
кај нас ке фалат исто каморанези трезеге касерес :smir: ке го гледаме пак балетанон (зденката) сепак очекувам победа на јуве или нерешено:juve:

иначе сите имате поздрав од energiono.1 до сите јувенташи и дека во дербито се знае кој е главен јувентус нормално :smir:
Мислам дека Салихамиџич би требало да стартува како десен бек, но со оглед на тоа дека и во средината на теренот Јуве има недостаток од играчи тогаш веќе сигурно е дека десен бек против Милан ќе биде Григера. Григера секогаш играл добро против Милан, така да се надевам дека тоа ќе биде случај и овој пат.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.223
Поени од реакции
8.091

Не само против Милан, Григера играл добро на сите поважни мечеви кои сме ги имале. Можеби е играч кој повеќето од нас не го посакуваат во дресот на Јуве ама рака на срце кога било потребно, одиграл на ниво и тоа не може да го негираме.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.909
Поени од реакции
1.551

Озбилен си?
 
Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.337
Поени од реакции
2.224
Не само против Милан, Григера играл добро на сите поважни мечеви кои сме ги имале. Можеби е играч кој повеќето од нас не го посакуваат во дресот на Јуве ама рака на срце кога било потребно, одиграл на ниво и тоа не може да го негираме.
Игра на ниво едно полувреме, нема да се знае кога, можеби ке блесне на првото полувреме, можеби на второто никој не знае. Сепак не сум видел каде Григера играл цели 90ти минути СУПЕР, сега може има некој мечеви ама за поважните натпревари само едно полувреме:)

Па не се баш среќни и тие, нив им фалат Замброта, Сидорф и Пато.
Замброта подобро да игра, против Јуве лани и двата натпревара беше ТАПА, дури и црвен доби. Слабо игра ПРОТИВ Јувентус, а и онака не е веке играч.

Дел Пиеро ке биде стартер во нападот со Амаури да се надевам на добар напаѓачки тандем и некоја реализација барем. Инаку Брацо ако игра десен бек, можи Џовинко да биде стартер во средината и по добро ке биде вака мислам.
Ама сепак Григера ке игра ова го предчуствувам во КИРЦАТА! (ферара)
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Дел Пиеро ке биде стартер во нападот со Амаури да се надевам на добар напаѓачки тандем и некоја реализација барем. Инаку Брацо ако игра десен бек, можи Џовинко да биде стартер во средината и по добро ке биде вака мислам.
Ама сепак Григера ке игра ова го предчуствувам во КИРЦАТА! (ферара)
Да нема место за Диего на дербиво?! -naaaah... :)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
Да нема место за Диего на дербиво?! -naaaah... :)
јас мислам дека требит дедо перо на клупа џовинко на терен ;):smir: знам дека звучи глупо али тоа е тоа :vozbud::vozbud: себо е мислам во подобра форма од дел пиеро :smir:

во деншниот број на тутоспорт вика можна транпа јакина малуда :nesvest: лол
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Инаку Брацо ако игра десен бек, можи Џовинко да биде стартер во средината и по добро ке биде вака мислам.
Ама сепак Григера ке игра ова го предчуствувам во КИРЦАТА! (ферара)
Мислам дека ако Салихамиџич игра како десен бек, тогаш пред него не треба да биде Џовинко, бидејќи во тој случај по таа десна страна Јуве можеби ќе има креативен напад, но ќе има многу слаба одбрана. Бидејќи Џовинко е доста слаб во дефанзива, а и Брацо нема дефанзивни карактеристики што треба да има еден класичен десен бек.

во деншниот број на тутоспорт вика можна транпа јакина малуда :nesvest: лол
Со оглед на состојбата на нападот на Јуве, не ни смее да се помисли на продажба на Јакинта. Трезеге е склон на повреди, исто така и Дел Пиеро отсуствуваше доста долго време, остануваат уште Амаури и Јакинта.

Од друга страна Малуда е одличен играч, и би било одлично засилување за Јуве. Ако може да се ангажира без вметнување на Јакинта во трансферот тогаш Јувентус многу би добил. Плус е и Французин, а Французите имаат одлична традиција во Јувентус.
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.223
Поени од реакции
8.091
Озбилен си?
Не дека нешто го величам Григера, киксерче си е човекот, ама да бидеме реални дека последниве три години во важните мечеви имаме само два порази, тој од Челзи лани и годинава од Баерн. Григера одигра голем дел од нив и беше на ниво какво што се очекува од еден десен бек. Тука не ги земам предвид неговите киксови со условно речено помалите екипи. Значи зборам само за "големите" натпревари, Интер, Милан, Челзи, Реал Барен... кои сме ги одиграле последниве години.

Токму заради ова треба Џовинко да биде во составот, ќе има поголем простор за игра, но кого да му текне ова.

П.С. Среќен Празник на сите што го славите!
Фала брат:smir:
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.654
Поени од реакции
5.338
Во можните формации и во Tuttosport и во Gazzeta Dello Sport формацијата на Јуве против Милан ќе биде:

Manninger

Grygera--Cannavaro--Chiellini--Grosso

Salihamidzic--Melo--Poulsen--Marchisio

Diego

Amauri​
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom