BoomTV vs MaxTV

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување

Која опција е подобра и зошто?

  • Вкупно гласачи
    291

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Возраст
39
Локација
@home
Се двоумам меѓу овие два како да ги наречам "кабловски оператори".

Прашањата се следни:

Кој дава подобра слика?
Дали имаат проблеми со сликата?
Дали касни звукот на некои канали?
Дали има HD канали?

Знам само дека едните идат преку мрежен кабел (IPTV) а другите безжично (дали им смета времето, дожд, снег?!)
 
Со сликате се исто мислам и немаат ни едната ни другата ХД канал. Боом тв незнам и дали може да пренесува full hd слика. Како и да е сликата е чиста и има баш убав квалитет. Знае некогаш така малце да засецка дека сигналот се намалува но тоа би требало да се среди до 1-ви март. Звукот не касни на ниеден канал, само на почетокот ме нервираше што треба да причекаш 1 или 2 секунди за да смениш канал, тромаво е некако но се навикнуваш на тоа и не ти смета.
 
- МАКС Тв има можност за емитување на HD канали (иако сеуште немаат во понуда ) , додека Бум ТВ со овие ресивери не може да емитува канали со висока резолуција .HD канали најавуваат многу наскоро дека ќе се пуштат , мада не ми е јасно како ќе функицонираат преку бакарот , а за оптиката ќе нема проблем ...

- Звукот не сум приметил да касни .
- На макс тв имаш повеќе опции : снимање на програма (хард диск со 160 часа непрекинато снимање) , паузирање на програма ,премотување наназад/напред , една претплата за два ТВ (што не е случај кај БУМ Тв) , радио станици (и БУМ ТВ има радио ) , Игри , преку 80 канали ( горе доле ко на кабелска што се каналите , иако сега се најавуваат ХБО и ХБО Комеди) .

Сликата на Макс ТВ е добра , нема снег , одлична е на обичен телевизор , мада на ЛЦД знае на некои канали да се гледаат коцки .

И тоа би било у глобала ...:helou:
 
Со сликате се исто мислам и немаат ни едната ни другата ХД канал. Боом тв незнам и дали може да пренесува full hd слика. Како и да е сликата е чиста и има баш убав квалитет. Знае некогаш така малце да засецка дека сигналот се намалува но тоа би требало да се среди до 1-ви март. Звукот не касни на ниеден канал, само на почетокот ме нервираше што треба да причекаш 1 или 2 секунди за да смениш канал, тромаво е некако но се навикнуваш на тоа и не ти смета.

Преку Боом тв мислам може HD ready да пренесува а и немам сретнато нигде телевизија каде што може со full HD да пренесе.Дури и најдобрите телевизии се најчесто со 720p или 1080i.

И од Боом тв имаш можност на една претплата да земеш два ресивера и тоа многу поефтино одколку max tv.
 
Романски телевизии го имаат пренесувано Светското Првенство во Атлетика во 1080p.

И јас мислев дека нема, али ете имало и можело. Исто така и HRT пренесуваше го пренесуваше Светското во фудбал (Германија 2006) преку сателити во FullHD, али имаше многу лаг во звукот, како и прекини и сецкања во сликата. Кај нас не се надевајте на FullHD, а ретко и на HD со овие програми што ги нудат.

Освен BBC и Eurosport, не знам кои други канали во Европа нудат HD телевизија, бидејќи овде сеуште не е стандард, за разлика од Америка.
 
Доколку си корисник на нивниот интернет, нивната телефонија и BOOM TV, те следува уште еден ресивер.

Кој рече дека неможе да се снима на BOOM напред на ресиверот имате USB каде ќе можете да си ставите екстерен хард диск ако сакате и од 1 тера.

И BOOM и пауза, има радио има буквално се што има MAX TV. Наскоро ќе има и видеотека па ќе си спушташ што сакаш колку сакаш
 
Нема неке велике разлике. Слика је чиста код оба оператора, пошто је дигитална платформа. HD иде на оба две платформе, али нити једна досада нема ту могуќност. Ја лично дајем благу предност MaxTV.
 
Преку Боом тв мислам може HD ready да пренесува а и немам сретнато нигде телевизија каде што може со full HD да пренесе.Дури и најдобрите телевизии се најчесто со 720p или 1080i.

И од Боом тв имаш можност на една претплата да земеш два ресивера и тоа многу поефтино одколку max tv.

Неможе,барем тие така ми кажаја.А кога ке поставеле Хд канали ке требело дополнителна опрема да се купи...
 
Неможе,барем тие така ми кажаја.А кога ке поставеле Хд канали ке требело дополнителна опрема да се купи...

Да ама мислев преку таа технологија може да се пуштат HD канали.На DVB-T преку една фрекфенција мислам можеше до 4 HD канали а преку DVB-T2 може до 8 HD канали да се пуштат.А за Боомтв да не може на овој ресивер што го даваат да се гледаат канали.Би требало да даваат друг и по можност со HDD зошто не секој има усб или надворешен хард диск.Но и новите телевизори имаат дигитален ресивер па нема да биде потребно толку од ресивери.
 
Боом тв како се понаша на лошо време? Смета во сигналот?
Пошто гледав кај Јанко во емисија кога ја презентираат Боом тв сецкаше сликата на моменти
 
Боом тв како се понаша на лошо време? Смета во сигналот?
Пошто гледав кај Јанко во емисија кога ја презентираат Боом тв сецкаше сликата на моменти

Ќе сецка до 1-ви Март, затоа и ја даваат по 1 денар. Од 1 ви Март натака би требало да е супер. Оди во која било Германос продавница само со лична карта и земиси пробен период од 25 дена даваат.
 
Ќе сецка до 1-ви Март, затоа и ја даваат по 1 денар. Од 1 ви Март натака би требало да е супер. Оди во која било Германос продавница само со лична карта и земиси пробен период од 25 дена даваат.
Кој гарантира дека нема да сецка после 1 март?
Да не испадне како со WADSL-от
 
Кој гарантира дека нема да сецка после 1 март?
Да не испадне како со WADSL-от

Тоа не го користиме највероватно само ние. Го има и по светов некаде значи добро е :smee:.
Се што треба он нет е да постават антени за покриеност и средена работа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom