- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 4.021
- Поени од реакции
- 2.513
По 50 евра за секој ден во Грција
Македонските државјани од 19-ти декември ќе можат да влегуваат во Грција без визи, но само ако имаат биометриски пасош.
Влезните и излезните печати од грчките погранични служби наместо во пасошите ќе бидат ставани на посебен лист хартија што ќе може да се добие на границата или во дипломатско-конзуларните претставништва на Грција во Македонија.
Во соопштението на грчката канцеларија за врски во Скопје исто така се вели дека секој патник е обврзан да го чува листот за време на престојот во Грција, но и во другите шенген земји.
Освен пасошите и листот, можно е од македонските државјани да биде побарано да покажат документи со кои ќе ја оправдаат целта на нивната посета и условите под кои ќе престојуваат во Грција.
Со себе треба да имаат и здравствено осигурување, како и документи со кои ќе докажат дека се вработени, студираат или се пензионери.
Дополнително ќе треба да поседуваат и по 50 евра за секој планиран ден престој во грција, информира грчката канцеларија за врски.
Oва испадна бетер него виза, кој е сега будала нека оди во грција...