Свирење хармоника

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzish
  • Време на започнување Време на започнување

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Возраст
38
Локација
најчесто дома, освен ко ќе сум излезен...
Има некој на форумов што (знае да) свири на хармоника?

Ај да си кажам за мене... од мал нон стоп се занимавам вака или онака со музика, почнав со малечок синтисајзер, па потоа се запишав музичко на труба (свирам и на неа, ама ретко, сака константно дување) бидејќи хармоника/синтисајзер нема во Битола, а клавир беше резервирано за тогашните настапувачи на Си-До. Хармониката ја имам дома од татко ми (и тој е свирач), па во последно тепам време и свирам на неа. Десната рака прилично добро ми оди, но малку со левата ми е заебано бидејќи неможам да ја гледам.

Па свирачи, ајде да ве видам, да споделиме искуства, совети, можеби и некое клипче :helou:

п.с. најмногу ми одат македонски народни песни, па затоа и ги барам по нет-ов :) мада тешко се наоѓаат некои стари.
 
Имам хармоника дома, немам многу свирено, башка и само на десна страна свирев. Другата само за воздух земање ми беше. :)

Баш би сакал некоја македонска народна да научам, па стварно, дајте ако имате споделете.
 
Свириме со браткото Marijan-Miki 24/7 .
И на свадби и на погреби.
Јебига мора пари да се зберат, се ближи нова година. :toe:
 
Иам свирено онака само со десна,билокоја песна мислам дека знам да ја отсфирам онака аматерски :) А левата се знае,стискај на тоа копчето за воздух :))))))
 
Иам свирено онака само со десна,билокоја песна мислам дека знам да ја отсфирам онака аматерски :) А левата се знае,стискај на тоа копчето за воздух :))))))
Абе секој свирач гледа помалце да тегни, а ти го стискаш копчето за воздух :) тоа таму е ставено за да можеш да ја затвориш армониката без да свириш.

Инаку, кој го интересира, можам да се потрудам да направам/најдам краток туторијал за некоја македонска народна песна.
 
Абе секој свирач гледа помалце да тегни, а ти го стискаш копчето за воздух :) тоа таму е ставено за да можеш да ја затвориш армониката без да свириш.

Инаку, кој го интересира, можам да се потрудам да направам/најдам краток туторијал за некоја македонска народна песна
.
Може.Али со прелази со синкопи со све коНплет :))))))
 
Може.Али со прелази со синкопи со све коНплет :))))))
aj да видам шо има по нетов, ако не ќе снимам едно видео, па ќе постирам тука :)

само немојте бууу коментари (ако снимам видео), оти и јас сум аматер.
 
aj да видам шо има по нетов, ако не ќе снимам едно видео, па ќе постирам тука :)

само немојте бууу коментари (ако снимам видео), оти и јас сум аматер.
Е добро де не реков бумбаров лет да го направиш by: Сашко Велков :))

епа ај и ја да си кажам.. :/
свирев 4 години нижо музичко хармоника..пред тоа татко ми дома ме подучуваше...ама баталив и неам чепнато да свирам година ипол и више можда... зуица ми беше проф...знаев и народно нешо а-у..али не се заангажирав и никад сериозно не се посветив...а ке ме бидеше мамата.. :):) па може да кажам дека сум од поискусните хармоникаши тука...бев и на натпревар..свирев интересни дела али... тоа е :)
 
Еднаш у живот сум свирел хармоника, ми се виде прилично тешко. Ај со десната не е нешто комплицирано ама да ги сихронизираш двете раце... Ќе си останем на гитара :)
 
Хармониката а и општо сите музички инструменти се интересни се додека не почне да ти станува курето и да мислиш на друго. Е после ќе баталиш и хармоника и све,има со што да си играш :)))))))

Еднаш у живот сум свирел хармоника, ми се виде прилично тешко. Ај со десната не е нешто комплицирано ама да ги сихронизираш двете раце... Ќе си останем на гитара :)
А ти свириш гитара со една рака? :vozbud:
 
А ти свириш гитара со една рака? :vozbud:

Чекај, различно е ти да свириш хармоника со 2 раце т.е со едната да држиш ритам, со другата соло (тоа е многу тешко) а друго е ти само да трцаш по жици и да фаќаш акорди. Клавијатурата е потежок инструмент од жичаните инструменти.
 
додај на тоа и различни ритмови и срања премостувања у тактови и ке видш дека да се синхронизираш дур свириш класика барем е тешко.. народното ке си го поткачиш и дрн дрн ке си го научиш...а др е на јавнии часови коа треба све да ти е седено :S
 
Не можам да најдам оригинален драјвер за камерата што ја имам (од дедо Адам е а цд-то го зафрлив некаде) па снима само видео без звук. Ако сакате да ви пуштам видео од Битола, мој роден крај за глуви :pos2:

Се зезам, ако најдам драјвер или поасална камера ќе имате видео. До тогаш... можам да помагам со совети, ноти и тн (колку што знам).

п.с. прилично лесно е да држиш ритам (т.е. басирањето) на армоника, само сепак треба да знаеш кое копче што функција има (има 120 такви), и да му го земиш редот :)
 
Усна хармоника ми е интересна работа, блузерска, ваква обична шознам, свадбарска ствар xD
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom