Каде за Нова Година?

Статус
Затворена за нови мислења.
Какви муабети?
Демек морало да се иде така:)

Па така некако :toe:
Зашто после ќе треба на сите да им објаснуваш, после милион прашања и критики зашто за "најлудата ноќ" дома.
Вака ќе отидам во кафич, ќе си дадам добра сума на пари за некои си 5-7 часа поминати во кафичот и после мах. до 5 пијачки испиено. Ќе купам облека што кој знае потоа колку ќе ја облечам, зашто набрзина ќе ја одберам и кога ќе ме прашуваат како за н.г. - кратко и јасно ќе кажам СУПЕР, спасувајќи се од оговарање од другите и разни безмислени муабети измислени и проширени за мене, немајќи си некој друга попаметна работа.:uvo:

п.с. такви ми се околностите и самата околина :tapp:
 
не ја гледам смислата да плукнам мин 2000 ден за нова година.....подобро неколку дена пред нова година ќе излезам како ЦАР или со екипа би отишол во Маврово,Кожув,Крушево со истите пари........
сепак мене ми се допаѓаат деновите пред нова година т.е. целата еуфорија,атмосфера и амбиент што преовладува пред последната ноќ во годината
 
домашна атмосфера во дружба со ТВ-то или куманово на плоштад лол
првово поверојатно ама да не ви е мисла топ ќе си поминам хахаа:vozbud:
 
Наааааајверојатно одам на плоштад да си ги слушам Прљаво КАзалиште и Мањифико!:bounce::bounce::bounce: Пред 12 ќе дремам во некој маалски кафич. NY eve шкртнато од листа!
 
Пак јас :kesa: ви реков дека е пишам за некој ден кога официјално ке знам и ете ме пак.. значи ја реши со девојката и со друштво се тупнуем у олимпија у радишани... 1550 ден мислам е скромна цена.. понудата горе доле знаете како иде неограничено пиење имаш јадење... атмосвера до кај 4 5 саат... али највеќе од се ми праи мерак музиката.. енерџи бенд.. Тоооо идемеее! :smir:
 
Дома , на топло ... Традициа веке ми е . Шише коњак и легачење цела вечер ... Али се мислев да сменам од коњак на бурбон за годинава ...
А да и по традициа гледам ноќта Star Wars првата трилогиа ( 4 - 5 - 6 ) .
 
Немам поим. Немам идеја. Никој ништо не зборува, не предлага. Ако предложам јас, не знам што ќе предложам. Не ми се ни оди некаде особено.
:uvo:

Можеби во 5 до 12, буквално, ќе се најдам некаде на соодветното место.
И онака во моментов се ми е колатерално, па ај нека биде за 31 барем весело.
Барем.
:pipi:
 
Сеуште без план. Незнам ни каде ни со кого. Само чувствувам дека ќе биде добро каде и да е, со кого и да е.
 
Некако чудно но вистинито, годинава каде ќе славам Нова Година ми е испланирано три недели уназад:)
Не знам навистина како се случи, ама минатиот викенд се договоривме дека ќе славиме во Еклипс во Бисер:)
Фино местенце во кое се надевам дека уште пофино ќе си поминеме:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom