Кумановец освои два милиони ден. а сепак е невработен

  • Креатор на темата Креатор на темата проф.
  • Време на започнување Време на започнување

проф.

Величието е едноставно..
Член од
12 април 2009
Мислења
387
Поени од реакции
9
Милионерот од Куманово - Драган Николовски

milioner.gif




** Дипломираниот инжинер по применета физика 32-годишниот неоженет кумановец, Драган Николовски е еден од 13-те жители на Балканот кои успеале да го освојат 15-то прашање.
Иако по првото учество стигна само до 11 прашање овој пат со искуството, смиреноста и знаењето комбинирано со традиционалното кумановско суеверие, ја освои најголемата добивка на квиз во Македонија - два милиони денари.
Иако се уште нема возачка, една од неговите две големи желби е да ја посети Јужна Африка и да вози нов автомобил.
Сега овој невработен милионер ќе има доволно пари за нови патики за 10 км пеш кои секојдневно ги поминува.
И што да се каже повеќе....
Низ квизот продефилираа многу магистри, многу учени шефови и раководители, многу надежни студенти, многу убави и мили тато-мамини дечиња и многу, ама навистина многу - многу државни административци (кои патем не успеваа да направат разлика од ментален до металец)...
Човекот дојде тивко, онака ненеметливо.... повеќе скромно.... и зеде двамилиони денари, не се посрамоти, а посрамоти многумина (можеби и оние кои му го земаа работното место)...
Македонија има , и тоа како има таленти и експерти и ..... само жално е што тие седат дома , никој не ги слуша, не ги дослушува не ги исслушува.....
Ова нека ни е поука ?????
 
Образованието нема врска со прашањата на Милионер. Некој може да биде совршен стручњак во областа во која работи, но не мора да знае дисперзирани прашања од милион општи области.
За момаков, можам само да му честитам и да заклучам дека се работи за капацитет и подвижна енциклопедија. Покрај тоа што е школуван, кажа дека се самообразува, што мислам дека е клучот на успехот. Со среќа да си ги кине патиките!
 
... е од каде информацијава дека е невработен бе?! На ексклузив беа во ординацијата кај шо работи
 
Македонија има , и тоа како има таленти и експерти и ..... само жално е што тие седат дома , никој не ги слуша, не ги дослушува не ги исслушува.....

И ќе остане вака уште долги години...непотизам ти е примарна ствар во ваква квази држава...но, затоа постои странство.
 
Секоја чест за човекот:cuc:дај боже да имаме можност да гледаме и други такви натпреварувачи кои го отвараат 15 прашање а зашто да не ја освојат и главната премија,здодевно стана да се стигнува до 10-12 прашање и подоцна да се откажуваат:toe:
 
За разлика од Кумановци кои не станале од стол читајќи енциклопедија, Велешанец на професионален покер турнир освои 330 000 евра :)
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=3132532&postcount=1796

Да додадам дека е жалосно што таков квалитетен кадар седи дома,а неспособните водат држава.Затоа удрете на комар :helou:
 
... е од каде информацијава дека е невработен бе?! На ексклузив беа во ординацијата кај шо работи

сто отсто е невработен - е добро де волонтира човекот
 
Нека му се честито
 
Образованието нема врска со прашањата на Милионер. Некој може да биде совршен стручњак во областа во која работи, но не мора да знае дисперзирани прашања од милион општи области.
За момаков, можам само да му честитам и да заклучам дека се работи за капацитет и подвижна енциклопедија. Покрај тоа што е школуван, кажа дека се самообразува, што мислам дека е клучот на успехот. Со среќа да си ги кине патиките!

Едно е да си стручњак од некоја област па притоа и да утнеш некое прашање од типот втор братучед на вера циривири трена е тоа е во ред,
ама да работиш некоја важна работа а да мешаш Орхан Памук со Орхан Басма??????
 
За разлика од Кумановци кои не станале од стол читајќи енциклопедија, Велешанец на професионален покер турнир освои 330 000 евра :)
http://forum.kajgana.com/showpost.php?p=3132532&postcount=1796

Да додадам дека е жалосно што таков квалитетен кадар седи дома,а неспособните водат држава.Затоа удрете на комар :helou:

Велешанец освои 330.00 евра а има само осмо оделение :helou:
 
Блп човек треба да каже на тв дека е невработен и дека има нешто у главата и почнеме одма леле како бе..цццц...срамота.... а шо е со другите илјадници магистри ,професори,и слично шо седат по дома или треба и тие на милионер да се пријават...ајт ке му најдат сеа некоја работа плус дур му најдат има шо троше .....У секој случај алал нека му е на човеко за 2-та милиона а тоа со работата ни е прв ни е последен има ногу за жал.....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom