Што трезен мисли, пијан кажува... Вистина или не?

Член од
26 ноември 2009
Мислења
72
Поени од реакции
12
Ми се случи пред некое време... гадно се напив и се искарав асално со најдобриот другар.. После коа го викнав да праиме муабет да се смириме ми го кажа тоа - што трезен мисли, пијан кажува.. А ја гадно го исповреѓав коа бев пијан и после секако му се извинив и му кажав дека не е вистина тоа што му реков и се смиривме не е битно сеа тоа.... Ме интересира шо мислите дали стварно е така или само бабини глупости..:smir:
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
А ти тоа стварно го мислеше за другарот или не ја ако тоа го мислам за некој не би се дружел воопшто. Да се вратам на темата мислам кога си пијан полесно го кажуваш она што го криеш не размислуваш дали некого ке го боли или не јас многу пати сум кажувал некој работи што ги повредувало другите и секогаш сум се вадел со тоа дека алхохолот зборел а не ја што не е вистина.
 
Член од
26 ноември 2009
Мислења
72
Поени од реакции
12
абе добро дел од работите мислев :kesa: али не беше до толку сериозно како што ја си го напраив у моментот :wink: абе добро е мене веќе ме научија дека коа сум пијан се карам со кој стигнам па сеа не ми се ни лутат веќе...а порано стално после пијанство некој мене ми беше лут, а мене не ни ми текнуваше зашто :uvo:
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Ми се случи пред некое време... гадно се напив и се искарав асално со најдобриот другар.. После коа го викнав да праиме муабет да се смириме ми го кажа тоа - што трезен мисли, пијан кажува.. А ја гадно го исповреѓав коа бев пијан и после секако му се извинив и му кажав дека не е вистина тоа што му реков и се смиривме не е битно сеа тоа.... Ме интересира шо мислите дали стварно е така или само бабини глупости..:smir:
100% е така, сум го осетил на своја кожа... мислам јас бев вреѓаниот од мојот најдобар другар... после таа случка го „откачив“... после тоа тој престана да пие...после тоа повторно се зближивме... сега е добро. Така што, твое е да расчистиш или опивај се или почитувај го искрено твојот другар.
 
Член од
26 ноември 2009
Мислења
72
Поени од реакции
12
100% е така, сум го осетил на своја кожа... мислам јас бев вреѓаниот од мојот најдобар другар... после таа случка го „откачив“... после тоа тој престана да пие...после тоа повторно се зближивме... сега е добро. Така што, твое е да расчистиш или опивај се или почитувај го искрено твојот другар.
ааа па добро е сеа...мило ми е шо си расчистивме, си се договоривме...коа пиеме, пиеме али ни он ме рчка мене ниту јас него...а и ако се рчнеме се договоривме да не се важи и другиот ден као ништо да не се десило (освен ако не е нешто многу сериозно)...така да..ете има решение и да пиеш и да си добар со сите :pipi:
и мислам дека и ти и другар ти треба некој ваков договор да склучите :wink:
 
S

StereoLove

Гостин
Цццц ке си кажам една моја случка...бев на матурска и се напив само една чашка вино на екс,незнам што ми се случи.се опив само од една чашка :uvo: и после почнав да си пеам како славејче колку го сакам него(веке бившиот)си ја кажав целата вистина дека не можам да го заборавам,па дури и го искарав дечкото на другарка ми:kesa:Другиот ден и моето друштво кое беше пијано не се секаваше што се случи претходната нок па дури и мене ме прашуваа.
 
уфф..и тоа ми се има десено...на се шо е женско околу мене му изјавувам љубов...дали бивши, дали сегашни, грди, убави, ма шо и да е женско да е :kesa:... Гадно е...:tapp:
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
ааа па добро е сеа...мило ми е шо си расчистивме, си се договоривме...коа пиеме, пиеме али ни он ме рчка мене ниту јас него...а и ако се рчнеме се договоривме да не се важи и другиот ден као ништо да не се десило (освен ако не е нешто многу сериозно)...така да..ете има решение и да пиеш и да си добар со сите :pipi:
и мислам дека и ти и другар ти треба некој ваков договор да склучите :wink:
Знаејќи му го пиењето и пијанството, не благодарам...сепак останувам на моето. За вас незнам, само мислам дека тоа не е баш добар договор, со оглед на она што ти накратко го кажа за тебе, како си во конфликт со сите кога си пијан. Мислам дека ти недостасува храброст, која што ја наоѓаш во алкохолот... јас алкохолот го консумирав за расположение и никогаш не ми паднало на памет да влезам во конфликт со некого, а уште помалку пак да навредувам. Сепак дај Боже! договорот да ви е онаков каков што сте го замислиле... само внимавај, ако сте го правеле на трезно, на пијано можеби нема да го признавате :) или пак обратно, ако сте го правеле на пијано, како што рече погоре ќе треба да се извините оти не сте го мислеле озбилно тоа што сте го рекле :toe: :smir:
 
абе да те сфаќам, у право си али ја не сум до толку агресивен и нападен па да праам намерно кавги, обично сум супер расположен али доволно ми е мала закачка и да почнам да се расправам со некој...а иначе за храброст не, ја и вака на трезно ако западнам у кавга (мада ретко запаѓам на трезно) знам како да се одбранам и да докажам дека сум у право (ако воопшто сум)...а за договорот до сега добро иде вака па се надевам дека така и ќе остане, иако у последно време воопшто не сме ни биле у никаков конфликт, ни за некоја ситница :) :salut:
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Зависи... Може човек да се осеќа поопуштено кога е под дејство на алкохол па да си каже се што осеќа и мисли, може и да се стегне уште повеќе. Алкохолот влијае различно кај сите луѓе, макар што сепак мислам дека има вистина во тоа дека што трезниот мисли, пијаниот го кажува. Што би се рекло во виното е вистината или во алкохолот е вистината. :) Сепак, како што реков, зависи. Можеби и потсвеста си работи, па си излага на површина во тие моменти.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Се мислам дека е до самоконтрола.Ми се случувало коа сум бил пијан да зборам и да си речам "Пази пијан си"
Мислам дека сигурно си зависи до човек.
Најлошо оправдание е "Извини пијан бев"
Да,е па :drk:се.Ондак не пиј.
 
S

smart ass

Гостин
Јас сум фино воспитан,едуциран од појќе сфери,со почит кон сите и без лоши намери(освен кога работата ми налага)....е сега кога ќе се опијам се претварам во едно суштество спрема кое ѓаволот е ЛЕБАРКА...тоа толку само закачка да се најде...тешка психа.....е сега затоа не пијам,односно над две чаши НИКАКО.

Б

Бат Елохим

Гостин
. Ме интересира шо мислите дали стварно е така или само бабини глупости..:smir:
50:50.
Има вистина, остатокот (претерувањето) е алкохол. Да не го мислиш, а да фантазираш од алкохол не ми се верува, од проста причина што не е ЛСД или печурка некоја па да трипуваш :)))))
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
па различно е пијанството кај сите... и многу влијае од што ќе се начукаш имај го тоа во предвид :wink: и се разбира колку количина на алк. има у тебе
мене на пример најтешко пијанство ми било кога мешав водка и коњак, пред 3-4 год. одтогаш ни едното ни другото ги пијам...
строго само виски,пиво и понекад вино :wink:
се неам начукано од летоска, а нема ни да се пијанчам веќе... најдобро е малце да бидеш фатен, колку да не ти биде тапа вечерта, све што е повеќе(пијан) или помалце(трезен скрос) значи дека си имал тапа вечер :tv:

хахах убаво спомна апсинт, минатиот први мај јадев бедови од ова :pos2::pos2::pos2:

штета во Мк што го нема
 
Kajgana Shop

На врв Bottom