Доколку во наредниот меч против Далас Њу Џерси не успее да победи ќе влезе во историјата како првиот клуб кој успеал да забележи 18 порази по ред на стартот на сезоната .
Против Лејкерси го забележаа 17-тиот пораз , а ни смената на тренерот Лоренс Френк не успеа да ја раздрма екипата .
Ја предвидувам дека до 25 порази по ред ќе стигнат... Очај!
Да те прашам што ти текна дека ке идат баш до 25 порази по ред??
Дај објасни ми ке те молам

))
Пошто 25 утакмица ке им биде со Кливленд,26 со Јута,27 во Торонто,28 со Лејкерс..
Така да баш ме интересираше од кај го извади тој број од 25??
Tи кажав еднаш и ке ти кажам пак,далеку се од очај.. имаат најголема перспектива.. ама кој ја глеа ја глеа,кој не не..
Тежок резил. Катастрофален. Не знам дали имат спас за Њу Џерси сезонава, очеквам од 82 утакмици околу 10 победи да имет на крај. Ужас.
Не е ништо страшно да се има таков резултат..Ако бидат екипа со најлош скор ке имаат најголеми шанси да го земат првиот пик.. и тоа е нешто нели
Кога тогаш ќе тепаат, не можат вечно да губат

Ај можеби во наредниве натпревари некој ќе им се смилува и ќе ги остави да се порадуваат.
Не знам како успеаја тим што стигна до финалето неколку пати да го донесат на ова ниво да немаат асален играч и да не можат да победат.
Треба да знаеш што сакаш ,и да пробаш да го напраиш тоа.
Во овој случај единствена цел на Нетси е летото 2010 година..
После неколку успешни сезони,дојдоа неколку со минимален успех.. и време беше за промена за целосна реконструкција.
Затоа почнаа да се ослободуваат од јаките договори и да си праат простор за следното лето кога дел од НБА звездите стануваат слободни играчи Џејмс,Вејд,Бош,Бузер и останати..