nema naucni dokazi , toa se samo navodni pretpostavki za vonzemjanite, a luge sto imale iskustvo so niv,nemoze da se sekavaat na niv akko bile grabnati , toa se samo spekulacii,
па пореално е .
ете затоа .( тука ги исклучувам прикаските за грабнувања од вонземјани и слични филмски сценарија )
еве :
Откриена планета слична на земјата
Макфакс
25.04.2007 00:00
Астрономите открија планета со услови за живот слични како на земјата, но надвор од сончевиот систем.
На новата планета означена како 581 С температурата е слична како онаа на земјата. Не е исклучено дека има и вода во течна состојба и атмосфера околу планетата. Силата на гравитација е за 1,6 пати поголема од онаа на земјата.
Сонцето околу кое се врти планетата, е една од ѕвездите познати во науката како „црвено џуџе“, кои се постари од нашето Сонце. Од пред неколку години научната претпоставка е дека на планетите околу „црвените џуџиња“ може да има живот.
Новата планетата 581 С, е во состав на соѕвездието Везни и од земјата е оддалечена околу 20,5 светлосни години. Засега, ова растојание не може да се мине во еден човечки живот.
Планетата е откриена со помош на телескопот во Јужноевропската опсерваторија во Чиле. Научните сознанија се објавени во списанието „Астрономија и физика“.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=78044
.
..
.
збориме за логичност , реалност , проверливост .
..
.
.
..
.
Телескопот „Кеплер“ во потрага по планета за живот
07.03.2009 12:44
Американската вселенска агенција (НАСА) од базата Кејп Канаверал, Флорида синоќа ја лансира беспилотната ракета „Делта 2“, која го носи телескопот „Кеплер“, чија задача е да утврди дали само Земјата е населена во нашата галаксија.
„Оваа мисија се обидува да даде одговор на прашањето кое е старо како и самото време - дали во вселената постои планета како што е нашата? Оваа не е само научна туку и историска мисија“, изјави Ед Вилер, еден од одговорните за мисијата.
Телескопот „Кеплер“ во наредните 3,5 години од исто место ќе набљудува приближно 100.000 ѕвезди околу соѕвездието Лира и Лебед на Млечниот пат.
„Кеплер“, кој чини 600 милиони долари има задача да ги набљудува релативно малите планети на кои има основни услови за живот, односно тие што не се премногу жешки или премногу студени и на нив да има вода во течна состојба.
Телескопот е опремен со најголема камера што некогаш е испратена во вселената, со резолуција од 95 мегапиксели, и може да го регистрира и најмалото периодично треперење на ѕвездите што настанува при пронаоѓањето на планетите.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=105405