Јас не сум против религиските објекти секој има право на молитва , но 200.000 ватските појачала секако не се единствениот начин за повик на молитва, и ако некој те изреспектирал ти дозволил да имаш своја џамија, изреспектирај го и ти неговиот мир...Токму поради немањето на обзир и респектирањето на другиот мислам дека се повеќе христијанскиот свет се спротиставува на Исламските објекти , еве денес читам и Французите полека се дигат против минарињата...
Голем број од Французите, околу 41 насто, се против изградбата на џамии во нивната земја.
Според анкетата на дневниот весник Фигаро дури 46 насто не се согласуваат со градењето минариња.
Изградбата џамии ја поддржале само 19 насто од анкетираните, а на 36 проценти им било се едно.
Во 2001 година изградбата на џамии ја поддржувале 31 насто од анкетираните.
Фигаро ја спроведе оваа анкета по референдумот во Швајцарија на кој 57 насто од граѓаните се изјаснија за забрана на изградба на минариња.
Францускиот претседател Никола Саркози пред парламентот претстави закон за забрана жените да носат бурки, муслимански облеки кои им го покриваат целото лице и тело.
Портпаролот на партијата на Саркози изјави дека „не е сигурен“ дека во Франција треба да се градат минариња.
Големите републикански партии, пак, го осудија швајцарскиот референдум истакнувајќи дека со него се стигматизира една заедница. Тие оценија дека ова прашање не е актуелно во Франција.
А1
Интересен е и фактот дека никој од муслиманите не се прашува , што со Христијаните во муслиманските земји (исклучувајки ја Турција), дали знаете како е да си христијанин во Иран или Ирак?
Имам сретнато такви луѓе, кои веројатно од што им било многу убаво ги напуштиле татковините ЗАСЕКОГАШ...